Општина Струмица

Општина Струмицаопштина која се простира во западниот и централниот дел на Струмичкото Поле, со површина од 321,89 км2. На исток се граничи со Општина Босилово, на запад со Општина Конче, на север со Општина Василево, на југоисток со Општина Ново Село, а на југозапад со Општина Валандово. Ја сочинуваат 25 населени места, со вкупно население од 54.676 жители.[2] Седиште на општината е Струмица.

Општина Струмица
Општина
Знаме на Општина СтрумицаГрб на Општина Струмица
Карта
ДржаваМакедонија
СедиштеСтрумица
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникКостадин Костадинов
Површина
 • Вкупна321,49 км2 (124,13 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно49.995
 • Густина160/км2 (400/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+034
Регистарски табличкиSR
Мреж. местоstrumica.gov.mk
Карта на општина Струмица со селските атари.
Демографска карта на општина Струмица со селските атари.

Географија

Зградата на општината

Струмичкиот регион се наоѓа во југоисточниот дел на Македонија на 41°22' СГШ и 23°45' ИГД и располага со површина од 963 км2. Регионот на југ граничи со Егејска Македонија во денешна Грција, а на исток со Пиринска Македонија, во денешна Бугарија. Разврстен е во јужносредоземниот подреон, под таканаречениот индустриски микро-реон. Во рамките на регионот се подразбира Струмичкото Поле, кое е дел од Струмичко-радовишката котлина. Површината на регионот денес е поделена меѓу четирите општини Босилово, Василево, Ново Село и Струмица, кои вкупно сочинуваат 72 населени места, со вкупно население од 92.625 жители. Според површината и бројот на населението, регионот има средна големина во земјата, но неговиот низински дел е најгусто населено подрачје во Македонија, на квадратен километар живеат над 100 жители. Просечната надморска височина на котлината изнесува 280 метри, а вкупната површина 290 км, што претставува околу 30% од вкупната површина на регионот. Овој дел од котлината е ограден со планините Огражден, Беласица и Еленица. Економски најбогат и најзначаен дел од регионот е Струмичката рамница, потоа доаѓа Подбеласичкиот микро реон или т.н. Подгорие, и на крај микро реонот на населените места распределени во подножјето на планината Огражден.

Самоуправа и политика

Градоначалник на општина Струмица е Коста Јаневски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Струмица е составен од 23 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

  СДСМ: 14 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 9 места

Стопанство

Земјоделство

Струмичкиот регион е најголем земјоделски производител во Македонија, особено на градинарски култури. Во 2017 година од вкупното производство во Македонија, во Општина Струмица биле произведени 58% од краставиците, 32% од доматите, 22% од пиперот и 17% од зелката.

Произведени жита, индустриски, градинарски, фуражни и овошни растенија во Општина Струмица во 2017 година[4]
КултураПроизведено

(тони)

Вкупно во

Македонија (тони)

Удел

(%)

Грав3984 8678,18
Грашок1061 8935,60
Зелка23 783132 82117,91
Домати52 545159 72132,90
Пиперки39 050175 10022,30
Краставици29 94851 53258,12
Бостан7 331121 1686,05
Луцерка4 73898 0834,83
Цреши3764 0619,26
Бадеми245334,50

Демографија

НародВкупноУдел (%)
Македонци41.87191,92
Албанци20,1
Турци2.8468,86
Роми1020,27
Власи30,01
Срби1530,34
Бошњаци20,01
останати1080,58
ВероисповедВкупно
православни47.515
муслимани4.193
католици1.447
протестанти101
останати2.420

!!width=50|Македонци!width=50|Турци!width=50|Срби!width=50|Роми!width=50|Бошњаци!width=50|Албанци!width=50|Власи!width=50| останати и непознато|-|апсолутно мнозинство

|

  

|

  

|

  

|

  

|

  

|

  

|

  

|

  

|-|релативно мнозинство

|

  

|

  

|

  

|

  

|

  

|

  

|

  

|

  

|}

општина СтрумицаВкупноМакедонциТурциСрбиРомиБошњациАлбанциВласиостанати
Вкупно54,676 (100,00 %)50,258 (91,91 %)3,754 (6,86 %)185 (0,33 %)147 (0,26 %)6 (0,01 %)3 (0,00 %)3 (0,00 %)320 (0,58 %)
Баница1,1371,1290201005
Банско1,9921,0649003170206
Белотино29290000000
Вељуса1,5521,5480400000
Водоча3183160200000
Габрово3993980000001
Градско Балдовци7557550000000
Дабиље1,9461,9410500000
Добрејци1,7641,7640000000
Дорломбос1170117000000
Злешево000000000
Костурино1,2801,2761200001
Куклиш2,5322,5290200001
Мемешли44044000000
Муртино2,2092,2030200004
Орманли34034000000
Попчево3433420000001
Просениково1,5501,5430500002
Раборци1051050000000
Рич3823810100000
Сачево5405400000000
Свидовица32530916000000
Струмица35,31132,0742,642157130513299
Три Води12120000000
Чепели000000000

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица