Горногермански јазици

Горногермански јазици или горногермански наречја[1] (германски: hochdeutsche Mundarten) — група наречја на германскиот јазик кои се говорат јужно од Бенратската и Ирдингенската изоглоса во средна и јужна Германија, Австрија, Лихтенштајн, Швајцарија, Луксембург и источна Белгија, како и соседните делови од Франција (Елзас и северна Лотарингија), Италија (Јужен Тирол), Чешка (Бохемија) и Полска (Горна Шлеска). Застапени се и во дијаспората во Романија, Русија, САД, Бразил, Аргентина, Мексико, Чиле и Намибија.

Горногермански јазици
Географска
распространетост:
германојазична Европа
Класификација:индоевропски
Гранки:
средногермански
горнофранконски
горногермански

Групата ја одликува горногерманското поместување на согласките, што ја дели од долногерманската (долносаксонска) и долнофранконската (вклучувајќи го холандскиот) во склоп на континенталниот западногермански дијалектен континуум.

Класификација

Денешната распределеност на континенталните горногермански јазици:
  Средногермански дијалекти
  Горногермански дијалекти

Како стручен поим, „горно-“ потекнува од наречјата во попланинските делови на Германија, од кои произлегле литературниот (стандарден) германски, јидиш и луксембуршкиот. Се однесува на Германското Средногорје и алпските подрачја на средна и јужна Германија; тука влегуваат и Луксембург, Австрија, Лихтенштајн и најголемиот дел од Швајцарија. Наспроти ова имаме долногермански говори, кои се зборуваат во низинските краишта и долж рамните крајбрежја на Северногерманската Низина.

Горногерманските јазици во оваа поширока смисла можат да се поделат на горногермански дијалекти (Oberdeutsch, каде спаѓаат австриските и швајцарските дијалекти), средногерманските (каде влегува луксембуршкиот, кој самиот денес е литературен) и горнофранконскиот, кој е преоден.[2]

Се разликуваат од другите западногермански јазици по тоа што има го имаат претрпено горногерманското поместување на согласките oколу 500 г. Еве споредба:[3]

МакедонскиДолнгоерманскиГорногерманскиПоместување
таваPannPfanneод [p] во [p͡f]
дваtweezweiод [t] во [t͡s]
правиmakenmachenод [k] во [x]

Кај најјужните горноалемански дијалекти се случило уште поголемо поместување; Sack се изговара [z̥ak͡x] (од [k] во [k͡x]).

Историја

Старогорногерманскиот настанал околу 500 г. Околу 1200 г. швапските и источнофранконските дијалекти на средногорногерманскиот се наметнале како дворски и поетски јазици под власта на дијастијата Хоенштауфен.

Поимот „горногермански“ во средна и јужна Германија (Горна Саксонија, Франконија, Швабија, Баварија) и Австрија првпат е засведочен во XV век. Постепено истиснувајќи ги долногерманските наречја почнувајќи од раниот нов век, раноновогорногермански наречја, особено источносредногерманските на Лутеровата Библија ги удриле темелите за создавањето на литературниот германски.[4]

Семејство

Поделбата на потсемејства и групи на германските говори не е јасно определена, бидејќи највеќето се прелеваат еден во друг, при што соседните се меѓусебно разбирливи, а одделените не се. Покрај ова, никогаш не постоел „прагорногермански јазик“. Од овие и други причини, замислата да се претстават западногерманските јазични облици во дрво е доста спорна меѓу јазичарите. Следнава класификација треба да ја има предвид таа поставеност на нештата.

  • средногермански дијалекти
    • источносредногермански, вкл. литературниот германски[5]
      • тириншки
      • горносаксонски, вкл. рудноплаински
      • јужномарковски
      • лужички
      • шлески (денес застапен меѓу германското малцинство во Горна Шлеска, Полска)
      • горнопруски (речиси изумрен)
    • западносредногермански дијалекти
      • среднофранконски
        • рипуарски
        • мозелофранконски дијалекти, вкл. лумсекбуршкиот
          • риограндски хунсрички (од хунсричкиот дијалект)
      • рајнскофранконски
        • фалечки, вкл. лотариншкофранконски (Франција)
          • пенсилвански (во САД и КАнада)
        • хесенски
  • горнофранконски, во преодното подрачје помеѓу средногерманскиот и горногерманскиот
    • источнофранконски
    • јужнофранконски
  • горногермански дијалекти (Oberdeutsch)
    • алемански во поширока смисла или западногорногермански, вклучувајќи ги швајцарските дијалекти
      • швапски
      • долноалемански, including алзашкиот/елзаски и базелскиот
      • горноалемански
      • највисокоалемански
    • баварски or источногорногермански (Ostoberdeutsch), вкл. австриските дијалекти
      • севернобаварски
      • среднобаварски, вкл. виенски
      • јужнобаварски, вкл. мокенски во Трентино, Италија
      • цимбриски (речиси изумрен)
      • хутерски (во Канада и САД)
  • јидиш — се развил од средногорногерманскиот
  • лангобардски — изумрен, спорна категоризација

Поврзано

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица