Германски јазици

Не е исто со германски јазик.

Германски јазици — јазична група, дел од семејството на индоевропски јазици. Германските јазици се зборуваат од над 500 милиони луѓе. Германските јазици се зборуваат во Западна, Северна и Централна Европа, како и во Америка и Океанија.

Германски јазици
Народност:Германски народи
Географска
распространетост:
првично северна, западна и централна Европа, денес и Америка и Океанија.
Класификација:индоевропски
  • германски јазици
Прајазик:прагермански
Гранки:
ISO 639-5:gem

     Држави каде германски јазик е првјазик     Држави каде германски јазик е службен, но не е прв јазик

Во групата на западногермански јазици спаѓаат трите најзборувани германски јазици: англиски со околу 360–400 милиони говорници;[1][nb 1] германски, со над 100 милиони говорници;[2] и холандски, со 24 милиони говорници. Други западногермански јазици се африканс, настанат од холандскиот кој го зборуваат Африканерите во Јужна Африка, со над 7.1 милиони говорници;[3] долногерманскиот, кој се смета за засебна група на нестандардизирани дијалекти, со околу 4.35–7.15 милиони говорници и околу 6.7–10 милиони луѓе кои можат да го разберат[4][5][6] (околу 2.2 милиони во Германија (2016)[5] и 2.15 милиони во Холандија (2003));[7][4] јидиш, зборуван од околу 13 милиони Евреи пред Втората светска војна во Европа,[8] а денес со околу 1.5 милиони говорници; шкотски, со 1.5 милиони говорници; лимбуршки со приближно 1.3 милиони говорници долж холандскобелгискогерманската граница; и фризискиот со околу 500,000 говорници во Холандија и Германија.

Најголеми северногермански јазици се шведскиот, данскиот и норвешкиот, кои се делумно меѓусебно разбирливи и заедно имаат околу 20 милиони говорници во нордиските земји и дополнително уште пет милиони говорници како втор јазик; во Средниот век овие јазици биле под силно влијание на среднодолногерманскиот јазик, кој спаѓа во групата на западногермански јазици, и според различни проценки околу 30–60% од нивниот вокабулар има долногерманско потекло. Други јазици во оваа група се фарскиот, исландскиот и елфдалскиот, кои се поконзервативни и без значајно влијание од долногерманскиот, имаат посложена граматика и ограничена меѓусебна разбирливост со другите северногермански јазици.[9]

Во групата на источногермански јазици спаѓаат готскиот, бургундскиот и вандалскиот јазик, од кои сите се изумрени. Последен изумрел кримско-готскиот јазик, кој бил зборуван до крајот на 18ти век во некои изолирани подрачја на Крим.[10]

Германски јазици

Симбол:

† - мртви јазици, вештачки зачувани во црквата или познати на науката по текстови.

Класификација

предримско железно доба
500 – 100 BC
рано
римско железно доба
100 BC – 100 AD
доцно
римско железно доба
100 – 300
миграциски период
300 – 600
ран среден век
600 – 1100
среден век
1100 – 1350
доцен среден век2
1350 – 1500
ран современ период
1500 – 1700
современ период
1700 - денес
прагермански јазикзападногерамснки јазицихерминонски јазик
(елбско-герамански)
примитивен
горногермaнски
старогорногермански јазик,
лангобардски јазик1
среден горногермански јазикран нов
горногермански
горногермански јазици
германски јазик
истевонски јазик
(весерско-рајнски)
примитивен франкскистарофранкски јазикстар централен
германски
среден горногермански јазикран нов
горногермански
горногермански јазици
стар нискофранконски јазик
(старохоландски јазик)
ран лимбуршки
среднохоландски јазик
доцен лимбуршки
среднохоландски јазик
ран лимбуршки јазиклимбуршки јазик
ран
среднохоландски јазик
доцен
среднохоландски јазик
ран
современ холандски
холандски јазик
африканс
ингвионски јазици
(северноморски германски)
примитивен саксонски
(југоисточен ингвионски)
старосаксонски јазиксреден
долногермански
долногермански јазици
англо-фризиски јазици
(северозападни
ингвионски)
примитивен фризискистарофризиски јазиксреднофризиски јазикфризиски јазици
примитивен англискистароанглиски јазик
(англосаксонски)
ран средноанглиски јазикдоцен
средноанглиски јазик
ран современ англиски јазиканглиски јазик
ран шкотски германски јазик3среден шкотски германски јазикшкотски германски јазик
северногермански јазиципранордиски јазикрунски
старозападнонордиски јазик
староисландски јазикдоцен
староисландски јазик
исландски јазик
старонорвешки јазик6старофарски јазикфарски јазик
старонорнски јазикнорнски јазикисчезнат4
рунски
староисточнонордиски јазик
среднонорвешки јазикнорвешки јазик
ран
стародански јазик
доцен
стародански јазик
дански јазик
ран
старошведски јазик
доцен
старошведски јазик
шведски јазик
далекриски дијалекти
рунски
старогутниски јазик
ран
старогутниски јазик
доцен
старогутниски јазик
гутниски јазикисчезнат5
источногермански јазициготски јазик(недокументирани
готски дијалекти)
кримско-готски јазикисчезнат
вандалски јазикисчезнат
бургундски германски јазикисчезнат

Статус

Англискиот е службен јазик во Белиз, Канада, Фолклендски Острови, Нов Зеланд, Јужна Африка, Филипини, Порторико, Гуам и поранешните колонии на Британија во Азија, Африка и Океанија. Де факто јазикот е службен во САД, Велика Британија и Австралија.

Германскиот е службен во Германија, Австрија, Швајцарија и Лихтенштајн. Иако Германија имала колонии, јазикот не станал доминантен во тие области, како што е примерот во Намибија. Германскиот има одреден степен на официјализирање во Луксембург, Белгија, Италија, Полска и Данска.

Третиот најголем германски јазик е холандскиот. Тој е службен во Холандија, Аруба, Белгија, Курасао, Свети Мартин и Суринам. Шведскиот е службен во Шведска и Финска. Останатите германски јазици се официјални само во своите матични држави.

Наводи

  • ^1 There are conflicting opinions on the classification of Lombardic. It has also been classified as close to Old Saxon.
  • ^2 Late Middle Ages refers to the post-Black Death period. Especially for the language situation in Norway this event was important.
  • ^3 From Early Northern Middle English.[11] McClure gives Northumbrian Old English.[12] In the Oxford Companion to the English Language (p. 894) the 'sources' of Scots are described as "the Old English of the Kingdom of Bernicia" and "the Scandinavian-influenced English of immigrants from Northern and Midland England in the 12-13c [...]." The historical stages 'Early—Middle—Modern Scots' are used, for example, in the "Concise Scots Dictionary"[13] and "A Dictionary of the Older Scottish Tongue".[14]
  • ^4 The speakers of Norn were assimilated to speak the Modern Scots varieties.
  • ^5 The Gutnish language today is practically a dialect of Swedish.
  • ^6 Mainland Old Norwegian existed along a dialect continuum between West and East Old Norse.



Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „nb“, но нема соодветна ознака <references group="nb"/>.

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица