Дождовна сезона

Дел од серијата статии за природата
Време
 
Годишни времиња

Пролет · Лето
Есен · Зима

Сува сезона
Дождовна сезона

Бури

Тропска бура · Торнадо
Ураган · Тајфун
Песочна бура · Леден дожд

Врнежи

Магла · Роса · Дожд
Град · Снег · Слана · Лапавица ·
Иње · Поледица · Суградица

Поврзани тематики

Метеорологија
Временска прогноза
Клима · Загаденост на воздухот

Дождовна сезона (наречена и влажна или врнежлива сезона) — годишно време со несразмерно големо количество на врнежи од дожд во регионот. Трае барем еден месец.[1] Краиштата со ваква сезона се распоредени во разни делови на тропскиот и суптропскиот појас.[2]

Според Кепеновата класификација на климата, во тропските краишта, месецот во дождовна сезона се дефинира како оној каде врнежите надминуваат 60 мм.[3] За разлика од местата со савански и монсунски климатски режими, краиштата со средоземна клима имаат влажни зими и суви лета. На тропските сезонски шуми им се својствени суви и дождлици месеци; ова е спротивно на тропските дождовни шуми, кои немаат сува и влажна сезона бидејќи таму врнежите се јавуваат рамномерно низ целата година.[4] Некои подрачја со изразени дождовни сезони имаат прекин на врнежите во средината на сеоната, кога Меѓутропската конвергентна зона или монсунската бразда ќе се искачи на повисоки напоредници во топлото време од годината.[5]

Кога дождоцната сезона трае во топлите месеци, или пак во летото, врнежите се јавуваат главно во доцна попладне и рано навечер. Тогаш се забележува подобрување во квалитетот на воздухот и слатката вода, растенијата стануваат значително бујни и даваат големи приноси во подоцнежнот дел од сезоната. Реките се прелеваат од коритата, а некои животни се повлекуваат на повисоки места. Хранливите состојки во почвата се намалуваат, а се зголемува ерозијата. Во местата каде дождовната сезона се совпаѓа со повисоки температури се забележува особено засилување на маларијата, особен во тропските краишта.[6] Некои животни имаат приспособувања за опстанок во оваа сезона. Претходната сува сезона предизвикува оскудност на храна за време на дождовната, бидејќи хранливите растенија допрва растат.

Особини на дождовите

Wet season storm at night in Дарвин, Авсралија.

Во краиштата каде обилните врнежи се врзани со промена на ветриштата, дождовната сезона се нарекува монсун. Многу тропски и суптропски предели се одликуваат со монсунски врнежи.[7] Врнежите во дождовната сезона претежно се должат на затоплување преку денот, што води до невремиња во постоечките влажни воздушни маси, така што дождот паѓа главно подоцна во попладнињата и рано навечер во саванските монсунските краишта. Исто така, голем дел од количеството на дожд паѓа во првите минути на врнежите,[5] пред невремето да ја достигне фазата на облачна слоевитост.[8] Највеќето места имаат само една дождовна сезона, но тропските краишта може да имаат по две, бидејќи монсунската бразда или Меѓутропска конвергентна зона може да мине низ истите места двапати во годината. Меѓутоа, врнежите во дождовните шуми се рамномерно распределени во текот на годината, па затоа за нив не може да се рече дека имаат дождоцна сезона.[4]

Засегнати подрачја

Местата со саванска клима во Потсахарска Африка како Гана, Буркина Фасо,[9][10] Дарфур,[11] Еритреја,[12] Етиопија,[13] и Боцвана имаат изразена дождовна сезона.[14] Таков е случајот и со суптропските краишта како Флорида, јужен и југоисточен Тексас и јужна Луизијана.[15] Монсунските области се протегаат на Индискиот Потконтинент, во Југоисточна Азија (вклучувајќи ги Индонезија и Филипини)те,[16] северните делови на северна Австралија,[17] Полинезија,[18] Средна Америка,[19] западно и јужно Мексико,[20] пустинскиот југозапад на САД,[21] јужна Гвајана,[22] и делови од североисточен Бразил.[23]

Северна Гвајана има две дождовни сезони: една рано напролет и една во почетокот на зимата.[22] Во западна Африка има две дождовни сезони во јужните делови, но само една на северниот.[24] Кај средоземниот климатски режим, западното крајбрежје на САД и средоземниот брег на Италија, Грција,[25] и Турција имаат дождовни сезони во зимските месеци.[26] Слично на ова, влажната сезона во пустината Негев во Израел трае од октомври до мај.[27] На границата меѓу средоземната и монсунската клима лежи пустината Сонора, која има по две дождовни сезони, соодветно на двата климатски режима.[28]

Дождовната сезона е позната под многу разни имиња во светот. На пример, во Мексико се нарекува „бурна сезона“. Абориџинските племиња во северна Австралија имаат различни називи за разните кратки „сезони“: влажната таре од декември до март и се нарекува гуџевг. Точното значење не е спорно, но се знае дека се однесува на силни грмотевици, поплави и обилна растителност која никнува во овој период.[29]

Последици

Монсун во венецот Виндја, средна Индија.

Во тропските краишта, со пристигањето на монсунот, дневните температури опаѓаат со доаѓањето на ноќта, намалувајќи го колебањето на температурата во денските часови.[30] За време на дождовната сезона се подобрува квалитетот на воздухот, што се должи на обилните дождови и, на места како Хонгконг, на крајбрежниот ветер.[31] Во Бразил, со дождовната сезона доаѓа и слабеење на пасатите во океанот.[23] pH-вредноста на водата станува поврамнотежена поради полнењето на месните водоносници (издани) за врме на сезоната.[32] Водата исто така омекнува, поради помалото количество на растворен материјал во неа.[33] Erosion is also increased during rainy periods.[5] Суводолиците („аројо“), кои инаку се суви во другите месеци од годината сега се полноводни, и на некои места достигнуваат длабочина од 3 м.[34] Во овој период доаѓа до исцедување на почвите, намалувајќи го количеството на хранливи материи.[34] Засегнати се и морските површини, кои сега се пораслоени (т.е. водата е помалку измешана) заради силните површински струи предизвикани од обилното слевање на вода од поројните дождови на копното.[35]

Поплави

Обилните дождови неретко причинуваат масовни поплави,[36] кој пак предизвикуваат пролизгување на земјиштето и стихии од кал во планинските места.[37] Големото количество на вода ги пробива коритата на реките и ги поплавува домовите.[38] Реката Гагар-Хакар во Индија, која има вода само во дождовната сезона, ги поплавува местата во поречието и прави големи штети на посевите.[39] Дополнително влошување на состојбата се појавува на местата каде шумските пожари во претходната сезона, бидејќи на тие места пожарите ги прават песокливите и иловичните почви водоотпорни.[40] Државните и регионалните власти се трудат да му помогнат на населението во справувањето со поплавите, вклучувајќи и изработка на карти на плавни подрачја, за подобро планирање на спречителни мерки и постапки за справување со проблемите.[41] Напатствија за контрола на ерозијата се даваат по телефон и преку семрежјето.[42]

Приспособувања

Екваторска савана во Источниот Регион на Камерун.

Кај луѓето

Дождовната сезона е најбујната на местата со савански климатски режим.[43] Меѓутоа, оваа сезона воедно се одликува со оскудност на храна бидејќи растенијата се во тек на созревање.[44] Ова предизвикува сезонска промена во телесната тежина кај луѓето во земјите во развој, која се поправа со првите жетви.[45] Во овој период зема замав и маларијата, должејќи се на повисоките температури и пообилните врнежи.[46]

Кај животните

Кравите се отелуваат на почетокот од дождовната сезона.[47] Нејзиниот почеток во Мексико се препознава по тоа што пеперутката монарх ја напушта земјата, која тука презимува.[48] Тропските видови на пеперутки во дождовната сезона имаат поголеми дамки на крилцата како одбрана од грабливци и покажуваат поголема активност отколку во сувата сезона.[49] Во тропските и потоплите подрачја на суптропските, сезоната бележи намалување на соленоста во крајбрежните моклишта поради дождовите, како и поголем број на крокодилски гнезда.[50] Други видови, како што е суводолната жаба, се мресат во рок од два месеца по почнувањето на сезонските дождови.[51] Оклопниците и ѕвечарките се селат на повисоки места.[52]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица