Сува сезона

Сува сезона — период во годината кој се одликува со мали количества на врнежи. Поимот особено се однесува на тропските краишта, чиј дождовен појас се поместува преку екваторот од северните во јужните тропски предели и назад во текот на годината. Појасот се наоѓа на јужната полутопка од октомври до март, и тогаш северните тропски предели се во сувата сезона, со доста намалени врнежи и сончево време преку целиот ден. Од април до септември, дождовниот појас се наоѓа на северната полутопка, и тогаш сувата сезона владее во јужните тропски краишта. Според Кепеновата класификација за тропските клими, за еден месец да биде во сувата сезона, истиот треба да има просечни врнежи под 60 мм.[1]

Реката Финис (Австралија) во сувата и дождовната сезона

Оваа сезона се одликува со ниска влажност, кога пресушуваат многу поила и помали реки. Овој недостаток на вода (а со тоа и на храна) ги принудува тревопасните животни како зебрите, слоновите и гнуата[2] да се селат во позелени краишта. Пожарите се честа појава во овој период, претежно поради исушените растенија и силното сонце.[3].

Согласно податоците од истражувањата, сувата сезона во Африка се совпаѓа со застапеноста на малите сипаници, што се должи на згуснатоста на населението предизвикана од привремената преселба село-град, кога земјоделците ги напуштаат нивите и полињата во отсуство на наводнување.[4]

Дождовниот појас се шири на север сè до Северниот, а на југ до Јужниот Повратник. Кај овие напоредници, годината има една дождовна и една сува сезона. Подрачјата околу екваторот имаат по две вакви сезони, бидејќи тука дождовниот појас минува двапати во годината, еднаш во јужен и еднаш во северен правец. Подрачјата помеѓу екваторот и повратниците може да имаат кратка сува и долга дождовна сезона, но и кратка сува и долга сува сезона. Разни места отстапуваат од овие начелни законитости поради месните географски влијанија.

Поврзано

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица