Жад

Жад — поим кој се употребува за два различни полускапоцени камења, нефрит и жадеит. Бојата му е најчесто зелена, но може да биде и со синозелени нијанси и бела боја. Најценет е жадот со темнозелена нијанса, но во Кина е традиционално многу ценет и белиот жадеит. За Кинезите жадот е симбол за пет основни и најважни човечки особини: скромност, морална чистота, праведност, пристојност и храброст.

Необработен жад

Во минатото жадот бил и симбол на моќта, така што предмети од жад во тоа време можеле да имаат само припадниците на владеачката класа. Исто така се употребувал и за изработка на орудија и оружје.

Постои вариетет кој се нарекува серпентински жад или нов жад. Новиот жад се пронаоѓа во серпентинските карпи во вариетети од бои, од бела до црна со изразени зелени нијанси измеѓу.

Скапоцените камења и нивното влијание на човекот

Накит од жад

Скапоцените и полускапоцените камења можат да влијаат на состојбата на човечкиот ум и тело. Ако се носат на телото или во близина на телото моќта на камењата влијаат на лечење или ублажување на психичките и физичките проблеми. Жадот се смета како амблем на совршеност и е симбол на кралската власт. Некогаш го нарекувале и 'камен на боговите'. Кога се носи како огрлица ги лечи пореметувањата со стомакот и бубрезите, а се држи и на самото оболено место како камен за лечење.

Скапоцените камења и хороскопските знаци

Се смета дека за секој хороскопски знак постои скапоцен камен кој му одговара. Така жадот е камен кој се препорачува за следниве хороскопски знаци: девица, вага и водолија.

Жадот како мотив во уметноста и во популарната култура

  • „Јеменски жад“ (англиски: Yemeni Jade) — песна на американската рок-група Allah-Las од 2014 година.[1]

Надворешни врски

perlenoire.mk Архивирано на 27 декември 2018 г. (македонски)

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица