Женева (кантон)
Кантон Женева (скратеница GE, француски: République et Canton de Genève) – кантон на крајниот југозапад на Швајцарија. Главен град на кантонот е Женева.
Република и кантон Женева | ||
---|---|---|
Кантон | ||
Местоположба во Швајцарија | ||
Административен центар | Женева | |
Поделба | 45 општини | |
Управа | ||
• Извршна власт | Државен совет (7) | |
• Законодавна власт | Голем совет на Женева (100) | |
Површина[1] | ||
• Вкупна | 282,49 км2 (109,07 ми2) | |
Население (март 2013)[2] | ||
• Вкупно | 472.530 | |
• Густина | 1,700/км2 (4,300/ми2) | |
ISO 3166 | CH-FR | |
Највисока точка | 516 m: Ле Зарал | |
Најниска точка | 332 m: Рона и Шанси | |
Пристапено | 1815 | |
јазици | француски | |
Мреж. место | fr.ch |
Природни одлики
Кантонот Женева се наоѓа на западниот брег на Женевското Езеро, на местото каде од него истекува Рона. Го опфаќа градот Женева и нејзината близина. Од готово сите страни е опкружен со територија на Франција. Од швајцарските кантони, има само кратка граница со кантонот Во. Највисокиот врв е на надморска висина од 516 метри. Површината на кантонот е 282 км2.
Историја
Кантонот Женева е еден од кантоните кои најдоцна ѝ се придружиле на Швајцарија. Тоа се случило во 1815 година, после Виенскиот конгрес. Како и некои други кантони, и кантонот Женева себеси се смета за засебна република.
Население религија и населени места
Кантон Женева во 2018 година има 499.480 жители.
Во кантонот Женева се зборува француски јазик. Кантон е како колепка на калвинизмот и официјално е протестантски, иако денес во него живеат повеќе римокатолици. Женева е космополитски град и седиште на многу меѓународни установи. Странците сочинуваат 37,42% од населението.
Единствен „прав“ град е Женева, додека сите останати населби се нејзини предградија. Од нив најголеми населби се Верние, Ланси и Мерен.
Стопанство
Стопанството се заснова на трговија и финансиски услуги.
Галерија слика
- Сателитска снимка на кантонот
- Градот Женева
- Јавен превоз во кантонот