Зебу

Зебу
припитомен
Научна класификација
Царство:Животни
Колено:Хордови
Класа:Цицачи
Ред:Парнокопитни
Семејство:Шуплороги
Потсемејство:Говеда
Род:Вистински говеда
Вид:Домашно говедо
Подвид:Зебу
Научен назив
Bos taurus indicus
Linnaeus, 1758
Синоними
Bos indicus и Bos primigenius indicus

Зебу (науч. Bos primigenius indicus), грбаво говедо, индиско говедо или браман — вид или подвид домашно говедо со потекло од јужна Азија. Главна одлика на ова животно е масната грпка на рамената, виснатите уши и големата висната гуша. Добро се прилагодени на високи температури и се одгледуваат ширум тропските земји во изворен облик или вкрстени со европско домашно говедо (другиот главен тип на домашно говедо). Се користат како влечни волови, како млекодајно и месодајно говедо, како и за кожата и изметот наменет за гориво и ѓубриво. Во 1999 година, едно животно било успешно клонирано во Тексашкиот земјоделско-механички универзитет.[1]

Примероци од ова животно можат да се видат во Зоолошката градина во Скопје.[2]

Таксономија

Првичното научно име на животното е Bos indicus, кога стручњаците мислеле дека се работи за посебен вид. Денес се смета за подвид на домашното говедо (Bos taurus) и затоа го носи називот Bos taurus indicus. Ваков случај е и и европското домашно говедо (Bos taurus taurus), чиј заеднички предок е изумрениот тур (Bos taurus primigenius).[3] Европското домашно говедо е потомок на евроазискиот тур, а зебуто потекнува од индискиот.

Потекло

Зебу во Зоо Скопје.

Се смета дека зебуто потекнува од азискиот тур, кој понекогаш се смета за подвид (Bos primigenius namadicus)[4] Дивите азиски турови исчезнале за време на Индската цивилизација од нивниот ареал во Долината на Инд и други краишта во јужна Азија, можеби поради мешањето со домашното зебу и расцепкувањето на ареалот поради губитокот на живеалиштата.[5]

Филогенетската анализа открила дека сите Y-хромозомски групи хаплотипови на зебуата се наоѓаат во три различни лози: Y3A, најдоминантната и космополитската лоза; Y3B, забележана само во Западна Африка; и Y3C, доминантни во Јужна и Североисточна Индија.[6]

Археолошките докази, вклучително и прикази на грнчарија и карпи, предложуаат дека видот бил присутен во Египет околу 2000 година п.н.е. За Bos indicus се верува дека првпат се појавил во Потсахарска Африка помеѓу 700 и 1500 година и бил доведен во Рогот на Африка околу 1000 година.[7]

Раси и хибриди

Шпекулативно живо возвраќање на енигматските индиски турови (B. p. namadicus).

Постојат 75 раси на зебу, од кои половината се африкански, а половина јужноазиски. Позначајни од нив се: гир, канкреџ, индобразилската раса, браман, нелоре, онголе, сахивал, црвен синди, бутана, кенана, боран, багара, тарпакар, кангејам, кинеска јужна жолта раса, филипинска домородна, кедах-келантан, и месната индиска млечна крава. Останатите раси се прилично месни, како харијана од сојузната држава Харајана и источен Пенџаб[8] or округот Алвар in eastern Раџастан.[9]

Африканските раси под збирното име санга се настанати со вкрстување на зебуто со домородното африканско безгрбо говедо. Тука се вбројуваат африканер, црвен фулани, анколе-ватуси и многу други раси од средна и јужна Африка. Сангата се разликува од чистокрвното зебу по тоа што грпката ѝ е помала и сместена поназад.

Пазар на зебуа во Мадагаскар.

Зебуто е доведено во Африка во текот на стотици години и постепено се измешало со домородното говедо. Според генетските анализи, говедата долж целиот источен брег на Африка имаат поголем удел на зебу. Особено чистокрвни се зебуата на островот Мадагаскар, што значи дека говедата биле пренесувани на бродови, или дека животното е доведено до источна Африка по крајбрежен пат (крајбрежјата на Пакистан, Иран, јужна Арабија) многу порано, и потоа преминало на Мадагаскар. Поголемата застапеност на ова говедо во Африка се должи и на неговата делумна отпорност на говедска чума.

На почетокот на XX век зњбуто е донесено и во Бразил и вкрстено со француската раса шароле. Добиената раса содржи 63% шароле и 37% зебу, и се нарекува каншим. Има поквалитетно месо од зебуто и поголема отпорност на топлина од азиското говедо.[10] За оваа цел користени се претежно индобразилски говеда, а во помала мера и нелоре и гузерат.

Многу раси се сложени мешавини од зебу и разни типови говеда, а некои имаат и гени од јак, гаур или бантенг. Иако зебуто е прилично застапено ширум Азија, говедата во Јапонија, Кореја и Монголија се од истиот евроазиски тип со потекло од турот (иако веројатно припитомени независно од другите говеда со потекло од Европа и Африка). Други видови припитомени говеда во Азија се јакот, гаурот, бантенгот и биволот.

Особености

Женка во Шри Ланка

Зебуто има грпка на рамената, голема висната гуша и виснати уши.[11] Во споредба со европски домашни говеда, зебуата се добро прилагодени на жешката и сува средина на тропските предели. Прилагодувањата вклучуваат отпорност на суша и толеранција на интензивна топлина и сончева светлина.[12]

Како што е очекувано за неафриканска раса, зебуто се чини дека нема никаква трипанотолеранција,[13][14] за што сведочи и моделот на интрогресија на зебуа во африкански говеда:[13] Има намалување до - и брз крај на - области зафатени од мувата цеце.[13]

Размножување

Зебу главнно се доволно зрели да започнат да се размножуваат кога се на возраст околу 44 месеци. Ова се заснова на развој на нивните тела за да го издржат оптоварувањето на носењето и лачењето млеко. Раното размножување може да предизвика премногу стрес врз телото и веројатно да ги скрати животниот век. Времето на носење на телето во просек е 285 дена, но варира во зависност од возраста и исхраната на мајката. Полот на телето исто така може да влијае на времето на носење, бидејќи машките телиња се носат подолг период отколку женките. Местото, расата, телесната тежина и сезоната влијаат врз целокупното здравје на животното, а за возврат може да влијаат и на периодот на носење.[15]

Корист за човекот

Зебу во запрега во Мумбај, Индија.

Ова животно се користи за влеча, за добивање млеко и месо, но и за други полупроизводи како кожа, измет за гориво и ѓубриво.

Месото на зебуто важи за неквалитетно и не е барано.[16][17][18]

Во Индија, зебуто е свето животно[19], бидејќи го претставува бикот на богот Шива наречен Нанди.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица