Илија Џувалековски

македонски глумец

Илија Џувалековски (20 декември 1915 во Прилеп - 18 октомври 2004 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, режисер и педагог.[1]

Илија Џувалековски
Роден20 декември 1915
Прилеп, Кралство Србија
Починал18 октомври 2004(2004-10-18) (возр. 88)
Скопје, Македонија Македонија
НационалностМакедонец
Познатпо улогата во:
Фросина
Мис Стон
Волчја ноќ
Кота 905
Денови на искушение
Црвениот коњ
Чорбаџи Теодос
Републиката во пламен
Занимањемузичар, глумец

Животопис

Пред Втората светска војна студирал Музичка академија во Белград каде што пеел македонски изворни песни за Радио Београд се до 1941 година. Во август 1944 година заминал на Вис каде под раководство на Вјекослав Африќ настапувал во Театарот на Народното ослободување. По кратко време заминал во Москва каде што станал член на уредувачкиот одбор на радио-станицата „Слободна Југославија“.

Во 1945 година се вратил во Македонија и се решил за глумечка кариера. Првите успеси ги постигнал во Македонскиот народен театар во Скопје.

Во 1964 година заминал во Загреб каде настапувал за Хрватскиот народен театар, а од 1967 ја водел катедрата за глума на македонски јазик при Академијата за театар, филм и телевизија.

Во Скопје се вратил во 1972 година и продолжил со својата педагошка работа на Факултетот за драмски уметности, а истовремено и со својата глумечка кариера, како на домашната, така и на меѓународната сцена.

Театарски улоги

Џувалековски има настапувано како:

  • Поцко („Чорбаџи Теодос“);
  • Виќа („Сомнително лице“);
  • Отело во истоименото дело;
  • Егор Буличов во истоименото дело;
  • Гоце во истоименото дело;
  • Тетерев („Малограѓани“);
  • Сатин („На дното“);
  • Игнациј Глембај („Господа Глембаеви“);
  • Лембах („Во агонија“);
  • Луков („Црнила“);
  • Лир („Крал Лир“);
  • Таткото („Црна дупка“);
  • и други.

Филмографија

ГодинаФилмУлога
1949Мајка Катина ТВ-филмДендрамис
1952Фросина ТВ-филмКрсте
1952Деца ТВ-филмПетар
1955Есалон доктор М ТВ-филмКуртес
1955Волча ноќ ТВ-филмБожин
1956Клисура ТВ-филмРамадан
1957Туѓа земја ТВ-филм
1957Мал човек ТВ-филмИследник
1957Ќе се вратам ТВ-филмАдвокат на Бранко
1958Мис Стон ТВ-филмЧетнопеев
1959Ил Вендикатор ТВ-филмИван Ивановиќ
1959Виза за злото ТВ-филмКалпак
1959Цампо мамула ТВ-филм
1960Кота 905 ТВ-филмМајор Момир
1961Мирно лето ТВ-филмКаралампие
1961Узаврели град ТВ-филмСиба
1962Крст ракоч ТВ-филм
1963Лице и лице ТВ-филмВојо
1964Службен полозај ТВ-филм
1964Сваниш ТВ-филмСтројовоѓа
1965Четвртта димензија ТВ-филм
1965Работна ноќ во музејот ТВ-филм
1965Денови на искушение ТВ-филмЛуков
1965Чиркус рех ТВ-филм
1966Морган ТВ-филм
1966Винето и Мелозот ТВ-филм
1966Каде по дождот ТВ-филмТаткото на Леа
1967Летови кои се памтат ТВ-филмПациент пушач
1967Македонска крвава свадба ТВ-филм
1967Протест ТВ-филмЈозо
1967Четвртта супотник ТВ-филмНико
1967Пављон број 6 ТВ-филмАндреј
1969Маљва ТВ-филмВасилие
1969Светски сибиче ТВ-филм
1969Републиката во пламен ТВ-филмТашку Ѓонда
1970Та добра душа ТВ-филм
1971Понасање Ивана Лучича ТВ-филм
1971Каде идат диви свињи ТВ-серијаПрофесор
1972Либерту ТВ-филмНунзио
1973Залрз над езерска земја ТВ-серија
1973ТВ ребус ТВ-серија
1975Јад ТВ-филм
1975Волшебното самарче ТВ-серијаТале
1975Светецот од Слатина ТВ-филм
1975-1976Патот кон иднината ТВ-серија
1976Сослушување на железничарот ТВ-филмМајстор Момир
1976Војвода Спиро црне ТВ-филм
1979Томе од бензинската пумпа ТВ-филм
1979Наши години ТВ-серијаБоро
1980Оловна бригада ТВ-филмЉубен
1981Црвениот коњ ТВ-филмНикофор
1982Непокорен град ТВ-филмдр. Иван Рибар
1982Јужна патека ТВ-филм
1982Илинден ТВ-серијаМудорот
1984Белото циганче ТВ-серијаБаба Мулон
1984Шта се згоди кад се љубав роди ТВ-филм
1985Јазол ТВ-филм
1987Трст виа Скопје ТВ-серијаАрабаба
1987Чорбаџи Теодос ТВ-филмПоцко
1988Завера и издаја ТВ-серијаЃорѓи Димитров
1990Позитивна нула ТВ-серија
1990-1991ДО РЕ МИ ТВ-серијаДедото
1993Бог да ги убие шпионите ТВ-филмПоличајскиот началник

Награди

Наводи

Надворешни врски


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица