18 октомври

датум
<<октомври>>
НПВСЧПС
0102030405
06070809101112
13141516171819
20212223242526
2728293031
2024

18 октомври — 291-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(292-и во престапна година).Остануваат 74 денови до крајот на годината.

Настани:

1842 Свечено отворен споменикот „Валхала“ — сала на истакнатите дејци и владетели во историјата на германските народи сместен во околината на Регенсбург, Баварија.
1867 Владата на САД го купила од Русија, полуостровот Алјаска за 7,2 милиони тогашни долари.
1912 Во Лозана, Турција и Италија потпишале Лозанскиот договор, со што завршила Италијанско-турската војна (1911-1912).
1943 Во Москва почна конференцијата на министрите за надворешни работи на земјите сојузнички во борбата против силите на Оската.
1962 После неколку дневните поројни дождови, реката Вардар се излеала во градот Скопје. Бидејќи на било регулирано коритото на реката, поплавата го зафатила целиот град, сè до насипот во населбата Пролет. Поплавата траела три дена, но без човечки жртви. Предизвикана е голема материјална штета.
1967 Како прва во историјата на космонаутиката, советската атомска меѓупланетарна станица „Венера-4“, спуштила научна лабораторија на површината на планетата Венера. Со автоматските апарати успешно се испитани атмосферата и површината на планетата.
1972 Потпишана е спогодба со која СССР се обврзува на САД да им ги врати 722 милиони долари, добиени во Втората светска војна врз основа на договорот за заем и наемнина.
1994 Британската кралица Елизабета II за првпат во петвековната соработка допатува во тридневна посета на Русија. Рускиот претседател Борис Елцин изјави дека посетата е признание за руската демократија.

Родени:

1130 Џу Си — најзначајниот филозоф на конфуцијанството по Конфуциј.
1777 Хајнрих фон Клајст — германски писател.
1859 Анри Бергсон — француски филозоф.
1894 Тибор Дери — унгарски писател.
1898 Вера Циривири Трена — носител на „Партизанска споменица 1941“, прв претседател на АФЖ на Македонија.
1926 Клаус Кински — германски глумец.
1941 Били Кокс — американски рок-музичар.
1956 Мартина Навратилова — чешка и американска тенисерка.
1958 Предраг Пашиќ — југословенски фудбалер.
1961 Винтон Марсалис — американски џез-музичар.
1983 Данте — бразилски фудбалер.
1984 Фрида Пинто — индиска глумица.
1984 Линдзи Вон — американска скијачка.
1985 Тијаго Машадо — португалски велосипедист.
1989 Ли Хауард — австралиски велосипедист.
2003 Алехандро Балде — шпански фудбалер.

Починале:

1893 Шарл Гуно — француски композитор, кој заедно со Санс, е главен претставник на класичниот правец на француската музика во XIX век.
1901 Август Малмстрем — шведски историски сликар.
1931 Томас Алва Едисон — американски пронаоѓач од областа на електротехниката.
1990 Гога Џаџу — првоборец и носител на „Партизанска споменица 1941“.
2003 Мануел Васкес Монталбан — шпански писател
Празници
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица