Инерција

Инерција (тромавост) — една од основните особини на сите тела во вселената што поседуваат маса, односно масата е мерка за инертноста на физичките тела. Се опишува како отпор на секое физичко тело да ја смени состојбата од мирување во движење , или обратно , од движење во мирување. Ова својство се манифестира како спротивставување на телата на промената на состојбата на нивното движење, што е опишано со Првиот Њутнов закон (закон за инерција).

Тег на конец (Опит на Тисанди), со кој се покажува инерцијата на едно тело. Доколку конецот го повлечеме наеднаш, паѓа само долниот конец, а тегот останува да виси поради неговата инертност. Но доколку го повлечеме истиот конец побавно, тогаш паѓа целиот склоп.
Опитот е изведен од проф. Оливер Зајков. Институт за физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Во основа, за на телото да му се промени интензитетот, правецот или насоката на неговата брзина, на тоа тело мора да дејствува сила. Треба да се забележи дека за промена на насоката на движењето не е потребна и промена на интензитетот (модулот) на брзината.

Инерцијални сили

Спротивставувањето на промената на состојбата на движење се манифестира со појавата на инерцијална сила која дејствува во неинерцијален појдовен систем цврсто врзан за самото тело (во системот во кој телото мирува). Бидејќи во овој систем забрзувањето (промената на брзината) не се запазува, ова спротивставување се појавува како сила која дејствува без видлива причина или извор, па затоа се нарекува и фиктивна или инерцијална сила. Наједноставен и најпознат пример за ова е возењето во автомобил кој ја менува својата брзина (забрзува, успорува или ја менува насоката на брзината). Како што ни е добро познато од искуството, за време на забрзувањето при возењето, седиштето го притиска нашиот грб, како нешто да не влече назад, додека при успорувањето продолжуваме со движење кон ветробранското стакло, како нешто да не влече кон напред. Ефектот е уште поизразен доколку е поголема масата на телото и/или промената на брзината во единица време, односно при забрзување.

Векторот на инерцијалните сили секогаш е насочен во спротивна насока од векторот на забрзување на неинерцијалниот систем во кој ги забележуваме, а интензитетот се определува по формулата . По својата природа, инерцијалните сили се масени (зафатнински) сили (за разлика од контактните). Таквите сили го опфаќаат телото со целата негова маса (волумен), бидејќи дејствуваат на секоја негова честица; во суштина, начинот на дејствување на инерцијалните сили по ништо не се разликува од гравитациските сили, освен по тоа што имаат различни причинители. Оваа нивна особина, Алберт Ајнштајн ја искористил за формулирање на својот принцип на еквивалентност на инерцијалните и гравитациските сили, кој претставува една од основите на неговата општа теорија на релативност. Некои инерцијални сили се од посебно значење во анализата на движењето, па затоа имаат и посебно име, на пример, центрифугална сила, Кориолисова сила итн.

Извор на инерција

До сега нема ниедна прифатена теорија која го објаснува изворот на инерцијата. Обидите на физичарите како Ернст Мах , Алберт Ајнштајн , Денис Шиама и Бернард Хаиш добија лоша критика од теоретичарите.

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица