Киншаса

Киншаса е главниот, а воедно и најголемиот град во Демократската Република Конго. Со население од 7,5 милиони жители, овој град заедно со Јоханесбург е најголемиот во подсахарска Африка, по Лагос. Во рамките на Африка, Киншаса е третиот најголем град, по Лагос и Каиро.

Булеварот "30 Јуни" во центарот на Киншаса
Булеварот "30 Јуни" во центарот на Киншаса

Киншаса, Демократска Република Конго Демократска Република Конго

Површина 9,965 км2
Население7.500.000
(приб.; според 2005)
Густина на насел.752,63/км2
Административна поделбаГрадска провинција Киншаса
Национален јазикЛингала
ГувернерКимбембе Мацунга
Број на општини24
Најголема општинаМалуку
Координати: 4°16′Ј, 15°17′И

Киншаса е град на остри контрасти, со елитни резиденцијални и комерцијални области, два универзитета и пространи сиромашни населби, сите коегзистирајќи заедно.

Градот се наоѓа на јужниот брег на реката Конго, наспроти градот Бразавил, главниот град на Република Конго.

Главните области на градот се Cité de l'OUA, дом на Владата на Демократската Република Конго, Зоната Матоњ, меѓународно позната по нејзиниот ноќен живот и резиденцијалната област Гомбе. Киншаса има главно речно пристаниште сместено на плажата Нгобила на кое постојано се одвива сообраќај до Бразавил и Банги, како и железница до Матади и аеродромот Н'Дџили.

Бележити обележја на градот се зградата СОЗАКОМ и облакодерите на хотелот Мемлинг, централниот маркет, Киншаскиот музеј и Академијата за уметност. Булеварот 30 Јуни ги поврзува областите на градот. Киншаса е дом на националниот стадион на државата - Стадионот на Мартирите.

Овој град бил основан како трговско место од Хенри Мортон Стенли во 1881 година и именуван како Леополдвил во чест на кралот Леополд II Белгиски, кој владеел со огромната територија на Демократска Република Конго. Трговското место се претворило во прво најважно пристаниште по Ливингстоновите Водопади: најпрво сите добра кои пристигнувале во Леополдвил од внатрешноста морале да се пренесат со транспортен брод до пристаништето во Матади. Доизградбата на железницата во 1898 овозможила побрз начин на транспорт и го условила брзиот развој на Леополдвил. Во 1920 година, градот бил издигнат во главен град на белгиски Конго, заменувајќи го приморскиот град Бома.

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица