Кримски Татари

Кримски Татари (кримскотатарски: qırımtatarlar, qırımlar, украински: кримськi татари, кримці, руски: крымские татары) — туркиски народ кој претежно живее во Украина (264.000), Узбекистан (235.000), Романија (22.000), Таџикистан (9.200), Бугарија (5.800), Русија (3.900) итн. Говорат кримскотатарски јазик од групата на туркиските јазици. Во XIII век ја примиле исламската вера, за подоцна Крим да стане еден од најважните исламски центри во светот. Во време на Втората светска војна, Сталин ги раселил по светот.

Кримски Татари
qırımtatarlar
Знаме на Кримските Татари
Тугај-бег
И. Гаспрински
М. Џемилев
А. Несин
Вкупен број
500.000 - 6.500.000
Подрачја со значајно население
 Украина300.000[1]
 Узбекистан188.772[2]
 Турција150.000 - 6.000.000[3]
 Романија24.137[4]
 Русија2.449[5]
 Бугарија1.803[6]
 Казахстан1.532[7]
Јазици
кримскотатарски, руски, турски, украински
Вероисповед
ислам (сунити)

Прогон

Прогонот на Кримските Татари (sürgünlik) е организирана насилна депортација на Кримските Татари од страна на државата во 1944 г. Советските власти организирано ги раселувале Кримските Татари во Узбекистан и останатите делови на државата. Симбол на оваа депортација е парната машина.

Обиди да иселување на Кримските Татари од Крим се појавиле на неколку наврати, дури и пред Крим да биде припоен кон Русија во 1783 година, но сепак тие обиди не биле успешни.[8] Во 1944 г. советските власти одлучиле да ги иселат Кримските Татари од Крим по наредба на Сталин и Лаврентиј Берија, поради активното учество на Татарите во Втората светска војна како колаборационисти на нацистичка Германија. Имено, во јануари 1942 г. Татарите ја формираат Einsatzgruppen 11 која влегува во составот на СС бригадите и е одговорна за етничко чистење во руралните предели на Крим и јужна Украина.[9][10]

Во 2012 г. во Украина постоеле 500.000 муслимани, од кои 300.000 се Кримски Татари.[1]

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица