Република Крим

република во Руската Федерација
(Пренасочено од Крим)

Република Крим (руски: Республика Крым; кримскотатарски: Къырым Джумхуриети, Qırım Cumhuriyeti; украински: Республіка Крим) — република и федерален субјект на Русија сместен на најголемиот дел од полуостровот Крим во Црното Море.

Република Крим
Република
Республика Крым
Друга транскр.
 • укр.Къырым Джумхуриети (кр. тат.)
Республіка Крим
Знаме на Република КримГрб на Република Крим
Химна:
„Нивы и горы твои волшебны, Родина“ (руски)
Твоите ниви и гори се волшебни, Татковино
Местоположбата на the  Република Крим  (red) во Русија  (light yellow)
Местоположбата на the  Република Крим  (red)

во Русија  (light yellow)

Местоположбата на  Република Крим  (light yellow) во Кримскиот Полуостров
Местоположбата на  Република Крим  (light yellow)

во Кримскиот Полуостров

ДржаваРусија
Федерален округКримски[1][2]
Економски регионКримски[3]
Главен градСимферопол
Управа
 • ОрганДржавниот совет
 • НачалникСергеј Аксјонов
Површина[4]
 • Вкупно26.100 км2 (10,100 ми2)
Население
 • проц. од (2018)[5]1.913.731
Часовен појасмосковско време Уреди википодатоци[6] (UTC+3)
Службени јазицируски;[7] украински, кримскотатарски
Мреж. местоhttp://crimea.gov.ru/

Создадена е во 2014 г. откако властите на поранешната Автономна Република Крим и градот Севастопол објавиле независност од Украина и добиле речиси апсолутна поддршка (96,77%) од населението на референдум да станат составен дел од Русија како два нејзини федерални субјекта.[8] Украинските власти и дел од украинскиот народ, Крим го сметаат за дел од Украина и не го признаваат неговиот статус како дел од Русија, и покрај изгласаниот референдум поради неговата незаконитост, забележани фалсификати и отсуство на набљудувачи од други земји за време на самиот референдум .[9]

Западните сили и нивните заеднички сојузи и организации се искажале дека го сметаат референдумот за незаконит и неважечки, бидејќи во него не учествувале сите граѓани на Украина во целина. Меѓутоа, уште во самиот проглас за независност се образложува правната полноважност на референдумот, повикувајќи се на примерот со Косово, кое исто така еднострано прогласило независност без да се праша целата тогашна Србија — потег кој истите тие сили го оправдувале и целосно поддржувале.

Историја

Територијата на Крим била освојувана и контролирана многупати во текот на неговата историја. Кимеријците, Старите Грци, Скитите, Готите, Хуните, Прабугарите, Хазарите, државата Киевска Русија, Византија, Кипчаците, Отоманското Царство, Златната Орда и Монголите го контролирале Крим некое време во текот на историјата. Во XIII век, делумно бил контролиран од Венецијанците и од Република Џенова; по што следеле Кримското ханство и Отоманското Царство во периодот XV-XVIII век, Руската Империја од XVIII до XX век, Германија во Втората светска војна и Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република, а подоцна и Украинската Советска Федеративна Социјалистичка Република, во рамките на Советскиот Сојуз во текот на XX век.

Припојување кон Украина

Во 1954 г. Крим е одземен од тогашната Руска СФСР и доделен на Украинската ССР по одлука на тогашниот државник Никита Хрушчов и без никакво консултирање на јавното мислење.[10] Како таков, Крим останува во Украина сè до неговото отцепување на референдум во 2014 г.

Криза и враќање во Русија

По немирите во Украина, во 2014 г. во Крим се јавува т.н. „Кримска криза“ поттикната од стравувања кај мнозинското руско население од загрозеност. Како последица од тоа Русија, извесни неофицијални единици и месното население издејствуваат смена на управата на републиката. Подоцна, парламентот на Крим носи одлука за припојување на Крим кон Русија под услов предлогот да помине на референдум во самиот Крим и Севастопол. Управата на Крим потоа распишува референдум за оцепување од Украина за 16 март истата година.[11] На референдумот, преку 96,77% од граѓаните искажале поддршка за присоединување кон Русија, при излезност од 83%.[12] Дел од Кримските Татари не излегле на гласање.

Украина сè уште не го признава Крим за дел од Русија, и покрај изгласаниот референдум и со тоа Феодосија ја смета за дел од Украина.

Управување и политика

Законодавниот дом на Крим е сточленото собрание наречено Врховен совет на Крим.[13]

Извршната власт Министерски совет, на чие чело стои претседател. Надлежностите на Врховниот и Министерскиот совет се пропишани со устав и други републички закони, како и со одлуките донесени во неговата редовна работа.[14]

Правосудната власт ја имаат судовите.[14]

Кримските Татари се претставени преку свој орган, наречен „Меџлис на кримскотатарскиот народ“ (Къырымтатар Миллий Меджлиси), кој доставува примедби и барања до Врховниот совет, началникот и извесни меѓународни тела.[15]

Административна поделба

Република Крим и понатаму се раководи според административната поставеност на АР Крим, делејќи ја територијата на 25 подрачја: 14 реони и 11 градски општини (офиц. територии во надлежност на градски совети).[16]

Реони
1. Бахчисарајски
2. Белогорски
3. Џанкојски
4. Кировски
5. Красногвардејски
6. Красноперекопски
7. Ленински
8. Нижнегорски
9. Првомајски
10. Раздолненски
11. Сачки
12. Симферополски
13. Советски
14. Црноморски
Градски општини
15. Алушта
16. Армјанск
17. Џанкој
18. Евпаторија
19. Керч
20. Красноперекопск
21. Саки
22. Симферопол
23. Судак
24. Феодосија
25. Јалта

Поважни градови

Најголем град е Симферопол, а други поважни градови се Керч, Џанкој, Јалта.

ИмеНаселениеПовршина
(км2)
Густина
(жит/км2)
Прибелешки
Симферопол362.366107,413.374главен град
Керч145.3191081.347град-херој, важен индустриски, сообраќаен и туристички центар
Евпаторија106.840651.644поважно пристаниште, железничка клучка и одморалиштен град
Јалта78.04017,374.493едно од најзначајните одморалишта во Крим
Феодосија69.78635,21.983пристаништен и одморалиштен град
Џанкој35.700261.373важна железничка клучка со индустриски подрачја
Красноперекопск29.700221.319индустриски град
Алушта28.418одморалиштен град
Бахчисарај26.482престолнина на некогашното Кримско ханство
Армјанск22.468индустриски град

Демографија

Удел на Русите во разните реони на Крим според пописот во 2014 г.

Според пописот од 2001 г. Крим имал 2.033.700 жители.[17] Меѓутоа, во 2013 г. населението се намалило на 1.967.119 жители.

Етничкиот состав е следниов:[18]

Стопанство

Најголема улога во стопанството на Крим играат туризмот и земјоделството, но има и индустриски капацитети, претежно на северот на републиката. Позначајни индустриски капацитети има во Џанкој, Красноперекопск и Армјанск.

Најзначајни стопански гранки се прехранбената, хемиската, машинската, металопреработувачката и енергетската индустрија.[14] Од нив, 60% отпаѓа на производството на прехранбени стоки. Постојат преку 290 покрупни производни претпријатија и над 1000 малостопанственици.[14]

Земјоделството е најзастапено со житарки, раноградинарски култури и винарството, особено во подрачјата на Јалта и Масандра. Поскромно развиени се говедарството, живинарството и овчарството.[14] На полуостровот се експлоатираат и минерали како сол, порфир, варовник и железна руда (околу Керч).[20]

Енергетика

Републиката исто така има неколку наоѓалишта на земен гас (копнени и подводни), спроведени со гасовод во мрежата на Украина.[21][22] Копнените се наоѓаат во Црноморскиот реон и општината Џанкој, а подводните се кај западниот брег на Црното Море и североисточниот брег на Азовското.[23]

Инфраструктура

Тролејбус во Симферопол
Жичницата во Јалта
Јавен превоз

Практично секое населено место на Крим е поврзано со другите со автобус. Полуостровот има и најдога (96 км) тролејбуска линија на светот („Кримски тролејбус“), која води од Симферопол до Јалта.[24]

Железничкиот сообраќај во Крим се одвива по следниве линии: Армјанск—Керч (со преод за Феодосија) и Мелитопол—Севастопол (со преод за Евпаторија), поврзувајќи го полуостровот со Украина.

Автопати
Морски превоз

Јалта, Феодосија, Керч, Севастопол, Черноморское и Евпаторија се меѓусебно поврзани со пловни линии.

Туризам

Туризмот во Крим почнал масовно да се развива во втората половина на XIX век, со развојот на железничкиот сообраќај. Во XX век се изградени бројни дворци, вили и дачи. На полуостровот има повеќе знајачни знаменитости кои привлекуваат многу туристи. Најпосетувани одморалишни места на јужниот брег се Јалта и Алушта, Евпаторија и Саки на западниот и Феодосија и Судак на југоисточниот.

Од особено значење е разновидноста на природните предели во Крим, каде се среќаваат планински венци, висорамнини, тревести предели и пештери. Во Саки има лековита кал, а Евпаторија има плажи со најчист кварцен песок.[25]

Според National Geographic, Крим се котирал меѓу 20-те најпожелни туристички одредишта во 2013 г.[26]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица