Кристен Бел

Кристен Ен Бел (родена на 18 јули 1980[1]) — американска глумица. И покрај тоа што нејзината прва улога во “Полска Венчавка” не беше акредитирана, таа претходно се појави во театарската продукција. Во 2001 таа го направи своето прво деби на Бродвеј, играјќи ја улогата на Беки Тачер во филмот “Авантурите на Том Соер”. По преселувањето во Лос Анџелес, Кристен гостуваше во различки телевизии и играше некои мали улоги, пред да и биде доделена главната улога во филмот “Спартанец” во режија на Дејвид Мамет. Таа стекна слава и доби добра критика за нејзината улога во телевизиската серија “Вероника Марс” која се емитуваше во периодот од септември 2004 до мај 2007. За нејзината улога во оваа серија многу критичари и гледачи сметаа дека треба да биде номинирана за Еми награда.

Кристен Бел
Head and shoulders of young, blond woman with hair curling below her shoulders, smiling.
Роден(а)18 јули 1980(1980-07-18)(43 г.)
Хјунингтон Вудс, Мичиген, САД
Занимањеглумица
ПартнерДакс Шепард (2007-)

Бел ја играше улогата на Мери Лејн во мјузиклот “Мичман Лудило” која е реприза на улогата што ја имаше во Њујоршката театарска продукција, на којашто беше заснован филмот.Таа исто така ја толкуваше главната улога во “Пулс” римејк на филмот “Јапонски хорор”. Во 2007 таа се приклучи на глумечката екипа на американската научно-фантастичка телевизиска серија “Херои”, каде ја играше улогата на Ели Бишоп, и во американската драмска телевизиска серија “Озборувачка” таа беше почесен раскажувач. Во 2008 таа го игра насловниот лик во комедијата “Заборавањето на Сара Маршал”. Оттогаш се појавува во голем број на комедии како што се : “Навивачи”, “Одмор за двојки”, и “Кога сте во Рим”. Бел го позајми својот глас на ликот Кора во цртаниот филм “Астробој”, а исто така го позајми и нејзиниот лик на Луси Стилман во видео играта “Разбојници”. Бел освои “Награда Сателит”, награда “Сатурн”и неколкупати беше номинирана за награда од здружението на филмски критичари и за најдобра тин глумица.

Раните години и семејство

Бел е родена и порасната во Хунтингтон Вудс, Мичиген- предградие на Детроит. Таа е ќерка на Том Бел, директор на одделот за вести на телевизијата “WOAI-TV” во Сан Антонио и на Лорелеи Бел- медицинска сестра[2]. Бел има полско и шкотско потекло[3]. Нејзните родители се разведоа кога таа имаше 2 години, и има две полусестри, Сара и Џоди, од вториот брак на нејзиниот татко. Таа има 2 полу браќа и 2 полусестри од вториот брак на мајка и со Џон Рејмонд Аведијан : Лаура, Меган, Џон и Мет. Бел има "кривоглед" на нејзиното десно око, кој го има наследено од нејзината мајка која го корегирала тоа како дете. Бел вели дека ако не се наспие доволно, болеста се влошува. Нејзиното десно око таа го нарекува “Wonky”(криво).

Кога Бел имала 4 години таа не си го сакала името. Нејзината мајка ја убедила да го употребува нејзиното средно име Ана наместо Кристен. Таа го користела името Ана сè до средно училиште[4]. Завршила основно училиште во Хантингтон Вудс.

Непосредно пред нејзината прва година во средно училиште нејзините родители одлучиле да ја повлечат од јавниот школски систем. По што таа учеше во Католичката гимназија во близина на Ројал Оак, каде што членуваше во драмскиот и музичкиот клуб[5]. За време на нејзините средношколски години таа ја доби главната улога во “Волшебникот од Оз” (1997) играјќи ја улогата на Дороти Гејл, и исто така се појави во “Свирачот на покривот” (1995), мјузиклот” Девојко, биди добра”, и “Лил Абнер”. Во 1997 таа заврши средно училиште. Таа беше избрана за најубава девојка според гласањето на матурантите[6].

Кога таа имаше 17 години, нејзината најдобра другарка која таа ја запозна на возраст од 11 години, загина во сообраќајна несреќа. Во врска со тоа Бел изјави дека тоа било најдобрата и најлошата работа која и се случила {....} “откако ќе се научиме да не ги земаме луѓето здраво за готово ќе живееме многу посреќен живот “.

Набргу по завршувањето на нејзиното средно училиште, Бел се пресели во Њујорк за да се школува на Њујоршкиот колеџ за уметност- отсек музички театар[7] , кој е еден од 15 колеџи во рамките на Њујоршкиот Универзитет. Во 2001 за време на нејзината последна година од студирањето таа зеде учество во Бродвејската музичка комедија “Авантурите на Том Соер”.

Кариера

Почетоци

Во 1992 Бел ја имаше својата прва аудиција на која доби двојна улога како банана и дрво во претставата “Парталавите Ен и Енди “ во режија на театраската продукција на предградието Детроит. Нејзината мајка и најми менаџер пред таа да наполни 13 години, кој дозволи таа да се појави во реклами во весници за неколку компании во Детроит како и во телевизиски реклами. Исто така таа почна да посетува и приватни часови по глума. Во 1998 таа имаше неодобрено појавување во филмот “Полска Венчавка”.

Во 2001 Бел го напушти Њујоршкиот Универзитет за да ја игра улогата на Беки Тачер во краткотрајниот бродвејски мјузикал “Авантурите на Том Соер”. Истата година таа ја доби првата акредитирана улога во “Пути Танг”.Во 2002 таа се појави во обновениот “Лов на вештерки” заедно со Лијам Нисон, Ангела Бетис и Лаура Линеј. Бел се пресели во Лос Анџелес, Калифорнија во 2002 поради нејзиното пријателство со режисерите Кевин Марфи и Ден Стјудни, каде што се појави во многу телевизиски шоуа како специјален гостин. Во 2003 таа доби улога во филмот “Кралот и кралицата на месечевиот залив” кој се емитуваше на телевизијата “Халмарк”. Бел се појави и во шоуто “Панк”.

Пробив во филмската индустрија

Бел на снимањето на Вероника Марс

Во 2004 година Бел се појави во филмот “Изборот на Грејс” кој се емитуваше на телевизијата “Лајфтајм”(Lifetime), и се здоби со голема популарност. Таа го направи своето филмско деби во “Спартанец” во режија на Дејвид Мамет, каде глуми заедно со Вал Килмер, играјќи ја улогата на Лаура Њутон, ќерка на претседателот на САД која е киднапирана. Бел глумеше и во две епизоди во драмата “Дедвуд”, која се прикажува на “HBO” (“Булок се враќа во кампот” и “Страдањето на малите деца”).

На возраст од 24 години таа ја доби насловната улога во драмата “Вероника Марс”, која беше пуштена во етер есента 2004 година. Во режија на Роб Томас, Бел глумеше 17 годишна девојка Вероника заедно со глумците Енрико Колантони, кој го играше нејзиниот татко- Џејсон Доринг, Песи Дагс, и Рајан Хансен. Бел забележа голема сличност помеѓу ликот на Вероника и неа- нејзините родители се разведени и нејзината најдобра пријателка загина, исто како и на Вероника. Филмот доби позитивни оценки од телевизиските критичари, а исто така и глумата на Бел во филмот беше оценета како одлична. Некои критичари сметаа дека била незабележлива меѓутоа заслужува номинација за Еми награда.

Во 2005 Бел се појави во мјузикот “Мичман лудило”, каде ја репризира улогата која ја толкуваше во краткотрајниот мјузикл на не-бродвејскиот театар во 2001. Филмот беше сатира на истоимениот филм од 1936 година. Премиерата на филмот беше прикажана на телевизијата “Шоутајм” на 16 април 2005 година. На 18 септември 2005 Бел ја изведе главната музичка тема од серијата “Слава” на 57-то доделување на Еми наградите. Таа, заедно со глумечката екипа од Вероника Марс освоија номинации за 2 тин награди.

Во 2006 Бел ја освои наградата “Сатурн” за најдобра телевизиска глумица за нејзината глума во Вероника Марс, а серијата беше номинирана за најдобро телевизиско шоу. Покрај тоа што Бел беше ангажирана со улогата на Вероника Марс, во април таа ја толкуваше и Грејси во филмот “Педесет апчиња”, запис за филмскиот фестивал Трибека. Таа се појави во краткиот филм со наслов “Рецепт” и хоророт “Римјанин”, кој е во режија на Ангела Бетис, глумица со која ги глумеа главните улоги во “Лов на Вештерки”. Филмот “Пулс” беше пуштен на 11 август 2006 каде Бел ја играше улогата на Мети. Овој филм е римејк на јапонскиот хорор фим “Каиро” и заработи 27.9 милиони долари на светско ниво меѓутоа доби негативни оценки од критичарите. Франк Шек новинар во магазинот “Холивуд Репортер“ даде свој коментар за филмот во кој потенцираше дека на младата глумица подобро и лежи улогата на Вероника Марс отколку онаа што ја игра во овој филм.

Досегашни и идни улоги (2007- до денес)

“Вероника Марс” продолжи да се емитува на телевизијата “UPN” до третата сезона. Третата сезона таа беше обновена и започна со емитување на новосодадената телевизија “CW”. На 19 јануари 2007 директорот на телевизијата Дан Остроф објави дека серијата ќе биде ставена на пауза, а наместо неа ќе биде емитувана нова серија “Пусикет Долс”. На 17 мај 2007 беше најавено укинување на серијата. Дво-часовната финална серија се емитуваше во САД на 22 мај 2007 година, а на 11 јуни 2007 Томас официјално објави дека емитувањето на “Вероника Марс” е укинато од страна на “CW”. Меѓутоа беше дискутирано за продолжение на оваа серија и за кратко време беше предложена уште една соработка меѓу Бел и авторот Томас која не е поврзана со серијата “Вероника Марс“.

По откажувањето на “Вероника Марс”, Бел изрази интерес за учество во американската научно-фантастична серија “Херои”. Пред да биде дел од глумечката екипа, Бел била обожавател на серијата. На 29- ти јули 2007 кога Бел се враќала дома во Лос Анџелес, од Конвенцијата во Сан Диего, заедно со глумците од “Херои”- Захари Квинто и Маси Ока, од страна на режсерите таа доби понуда за улога во истоимениот филм, која таа ја прифати. И беше понудена и улога во “Изгубени”, но таа ја одби, па улогата ја доби Шерлот Стејплс Луис. Во август 2007 беше објавено дека Бел ќе ја игра улогата на Ели Бишоп “мистериозна млада жена” со “неверојатна моќ”. Таа немаше аудиција за оваа улога. За првпат се појави во оваа улога во епизода која беше емитувана во октомври 2007, и ќе биде дел од серијата и во следните 13 епизоди. Паралелно со снимањето на “Херои” таа се појавува и како насловен лик во серијата “Озборувачка”.

Кратко време по откажувањето на Вероника Марс, во почетокот на 2007 година Бел снимаше во Хаваи за нејзината главна улога, во комедијата на Џуд Апатоу “Заборавањето на Сара Маршал”. Таа истакна дека импровизаторската комедија во филмот е “прекрасно искуство”.Сценариото на филмот е напишано од Џејсон Сегел, кој исто така игра улога во филмот, и за првпат беше пуштен на 18 април 2008. Бел го позајми својот глас во видео играта “Разбојници” која беше пуштена во продажба на 13 ноември 2007 за Плејстејшн 3 (PlayStation 3) и Xbox 360, а на 8 април беше објавена и верзијата на играта за компјутер. Пролетта 2006 Бел го заврши снимањето на Војна на ѕвездите.Бел го позајмува својот глас на ликот Марибел во анимираниот филм “Sheepish”, кој е објавен во 2008. Таа играше и во комедијата “Месечина” заедно со Мег Рајан и во “Одмор за двојки”, каде се прикажани четири двојки кои се на одмор на тропски остров и присуствуваат на сесии за подобрување на нивниот заеднички живот. Џејсон Бејтман го игра нејзиниот сопруг. На 31 март таа започна со снимање на филмот “Кога сте во Рим” во режија на Марк Стивен Џонсон, снимен на локација Њујорк- Рим. Филмот беше пуштен во 2010 година. Во филмот "Американско патување" таа ја репризира улогата на Сара Маршал, продолжение на филмот “Заборавањето на Сара Маршал”, пуштен на 4 јуни 2010.

Бел изјави дека кога ќе заврши со нејзините телевизиски и филмски улоги, сака да се врати повторно во театарот. Таа, Кристина Агилера и Шер се појавуваат во главните улоги во филмот- мјузикал “Бурлески”,чија премиера беше пуштена на Денот на Благодарноста во 2010. Бел имаше кратко појавување во Врисок 4, кој беше пуштен во етер на 15 април 2011. Се појавува и во филмовите “Сите сакаат китови” и “Танцот на Мирлитонoви”.

Бел го прикажува ликот на Марија Магдалена во ”Вистина и живот”- извадок од Библијата”.

Во медиумите

Во 2005 Бел од страна на магазинот Џејн беше прогласена за “една од 11- те луѓе, кои се најмногу посакувани да бидат видени голи ” а во 2006 Бел беше избрана на “Најсексапилната вегетаријанка во светот ” од страна на оранизацијата за заштита на животните (PETA). Бел се најде на 68-то место на листата за најсекси личности направена од магазинот Максим во 2006, а во 2007 беше на 46-тото место. Исто така магазинот Максим во 2006 ја прогласи Бел за една од најсексипилните полициски инспекторки. Во 2008, таа се најде на 59-тото место на листата направен од порталот Ask men.com. Бел од страна на магазинот “Визард” беше изберена за една од 4-те најсекси жени на телевизија.

Таа за себе рече дека никогаш не се сметала за женствена, затоа што секогаш играла улоги на девојки кои се 10 години помлади од неа.Покрај нејзиниот селебрити статус, Бел изјавува дека не е загрижена бидејќи никој и онака не ја препознава. Таа e повремен гостин во ноќното шоу на Крег Фергусон. Во јануари 2011 беше објавено дека таа ќе биде новото лице на козметичката компанија “Неутрогена”.

Личен живот

Бел во Сан Франциско, 2005

На возраст од 11 години Бел стана вегетаријанка. Во интервју со организацијата за заштитa на животните (PETA) таа изјави: "Отсекогаш сум ги сакала животните.Тешко ми е кога сум одвоена од нив и кога не ги милувам моите миленичиња. Никогаш не ме привлекуваше вкусот на месото. Отсекогаш сум го сакала зеленчукот".

За време на нејзиниот престој во Мичиген, Бел посвои животни од центарот за заштита на животните во Мичиген, и таа ја поддржува кампањата на “организацијата за добробит на животните” во Сан Диего. Бел често учествува на собирањето на добротворни прилози за “Асоцијацијата за заштита на животните”(ASPCA) и други непрофитни организации кои се посветени на заштита на животните.Таа има повеќе кучиња од различни раси : Лола- мешавина од Велшки кардиган и Чау-Чау, Шејки- мешавина од Вешки кардиган и Чивава, и Седи од расата Лабрадор Ретривер, кој имаше 11 години кога беше спасен од ураганот “Катрина” и посвоен од страна на Бел во 2005.

Таа, заедно со тимот кој работеше на Вероника Марс, вклучувајќи го и нејзиниот пријател Рајан Хансен се дел од добротворна организација која е против насилното земање на децата во армијата во Африка. Целта на оваа организација е да ја крене свеста на Северна Уганда која е среде граѓанска војна помеѓу владата и армијата на Џосеф Кони. Бел даде свој придонес и во организацијата за подобрување на начинот на живот “Направете нешто”(Do something).

Бел ја даде својата поддршка на Барак Обама за време на претседатеските избори во 2008. Заедно со Рашида Џонс таа го посети Мисури каде дискутираше за кандидатите и ги охрабри граѓаните да гласаат. Бел ја искажа својата поддршка во штрајкот на “Здружението на писателите на Америка”, во врска со што таа изјави : “Писателите само бараат правда”.

Во 2007 таа ја прекина 5 годишната врска со нејзиниот вереник Кевин Мен,и започна да се гледа со глумецот Дакс Шепард, а во јануари 2010 се вери со него. За магазинот “Комплекс” таа изјави дека отсекогаш била моногамист. Бидејќи нејзиното потекло е од Детроит, таа е обожавател на хокеј тимот Detroit Red Wings.

Филмографија

Филм и телевизија
ГодинаНасловУлогаБелешки
1998Polish WeddingTeenage Girl (uncredited)
2001Pootie TangRecord Executive's Daughter
2002The Cat ReturnsHiromi (voice)English version
2002People Are DeadAngela's Friend #1
2003The ShieldJessica HintelEpisode: "The Quick Fix"
2003American DreamsAmy FieldingEpisode: "Act of Contrition"
2003The O'KeefesVirginia's OwnerEpisode: "Substitute Teacher"
Episode: "Jobs"
2003The King and Queen of Moonlight BayAlison DodgeTV movie
2003EverwoodStacey WilsonEpisode: "Extra Ordinary"
2004Gracie's ChoiceGracie ThompsonTV movie
2004SpartanLaura Newton
2004DeadwoodFlora AndersonEpisode: "Bullock Returns to the Camp"
Episode: "Suffer the Little Children"
2004 до 2007Veronica MarsVeronica Mars64 episodes
2005Last Days of AmericaFriend in New York #1Video
2005Reefer Madness: The Movie MusicalMary Lane
2005DeepwaterNurse Laurie
2005The ReceiptPretty GirlShort film
2006Fifty PillsGracie
2006PulseMattie
2006RomanThe Girl / Isis
2007Flatland: The MovieHex (voice)Short film
2007 до 2008HeroesElle Bishop12 episodes
2007 до presentGossip GirlGossip Girl (voice)87+ episodes
2008Forgetting Sarah MarshallSarah Marshall
2008FanboysZoe
2009Serious MoonlightSara
2009The Cleveland ShowMandy (voice)Episode: "Da Doggone Daddy-Daughter Dinner Dance"
2009Astro BoyCora (voice)
2009Couples RetreatCynthia
2009 до 2010Party DownUda BengtEpisode: "Stennheiser-Pong Wedding Reception"

Episode: "Party Down Company Picnic"

2010When in RomeBeth
2010Astro Boy vs. The Junkyard PiratesCora (voice)Video short
2010Get Him to the GreekSarah MarshallCameo
2010Lost Masterpieces of PornographyJune CrenshawVideo short
2010You AgainMarni Olivia Olsen
2010BurlesqueNikki
2010Movie 43SupergirlPost-production
2011Scream 4Chloe HaleCameo
2011Dance of the MirlitonsCorinnePost-production
2012Everybody Loves WhalesTBAFilming
Theatre
YearTitleRoleNotes
2001The Adventures of Tom SawyerBecky Thatcher
2002The CrucibleSusanna Walcott
2003Sneaux
2004A Little Night Music
Video games
YearTitleRoleNotes
2007Assassin's CreedLucy StillmanVoice & likeness
2009Assassin's Creed IILucy StillmanVoice & likeness
2009Astro Boy: The Video GameCora
2010Assassin's Creed: BrotherhoodLucy StillmanVoice & likeness

Награди

2006
Saturn Award, for Veronica Mars
Jury Prize at the Austin Fantastic Fest, for Roman
Family Film Award, for Veronica Mars (shared with Enrico Colantoni)
2005
Satellite Award, for Reefer Madness: The Movie Musical

Номинации

2009
Teen Choice Award, for Heroes
Saturn Award, for Heroes
MTV Movie Award, for Forgetting Sarah Marshall
2008
Teen Choice Award, for Forgetting Sarah Marshall
2007
Saturn Award, for Veronica Mars
2006
Satellite Award, for Veronica Mars
Teen Choice Award, for Veronica Mars
2005
Satellite Award, for Veronica Mars
Saturn Award, for Veronica Mars
Teen Choice Award, for Veronica Mars
TCA Award, for Veronica Mars

Наводи

Надворешни врски

Викицитат има збирка цитати поврзани со:
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица