Лукс

Лукс (симб: lx или лк) — изведена SI-единица за осветленост и светлосна излезност која ја изразува светлосната моќ по единица површина. Се користи во фотометријата за изразување на јачината на светлината светлината врз или низ некоја површина, како што му изгледа на човечкото око. Ова е аналогно на радиометриската единица „вати на квадратен метар“, но моќта на секоја бранова должина се пондерира согласно функцијата на светлосна делотворност, која е стандарден модел на восприемање на светлосната јачина од страна на човечкото око.

Луксометар за мерење на осветленоста на работното место.

Објаснување

Осветленоста изразува во која мера светлосниот тек е праспространет врз дадена површина. Светлосниот тек (се изразува во лумени) го изразува вкупното „количество“ на присутна видлива светлина, додека осветленоста ја изразува јачината на осветлувањето на дадена површина. Извесно количесто светлина осветлува послабо ако светлината е распределена на поголема површина, па затоа осветленоста е обратнопропорционална на површината.

Според една од дефинициите, луксот е „осветление на површина на која од далечина од 1 м паѓа вертикална светлина со јачина од 1 Хефнерова свеќа“.[1]

Еден лукс е еднаков на еден лумен на квадратен метар:

1 lx = 1 lm/m2 = 1 cd·sr·m–2.

Тек од 1000 лумени насочен врз површина од еден квадратен метар ја осветлува таа површина со 1000 лукса. Меѓутоа, ако истите 1000 врз десет квадратни метри даваат само 100 лукса.

Како и другите единици од тој систем, луксот користи SI-претставки како на пример килолукс (klx) = 1000 лукса.

ОсветленостПример
10−4 луксаВупна ѕвездена светлина, облачно небо[2]
0,002 луксаЧисто вечерно небо без месечина, со атмосферско тлеење[2]
0,01 луксаЧетврт месечина
0,27 луксаПолна месечина на ведра ноќ[2]
1 луксПолна месечина (нормално на површината) во тропскиот појас
3,4 луксаНајсилен дел од самрак под ведро небо
50 луксаДневна соба
80 луксаХодник/тоалет
100 луксаМногу темно облачно небо[2]
320–500 луксаКанцелариско осветлување[3]
400 луксаИзгрев или залез на ведар ден.
1 000 луксаОблачен ден;[2] типично осветлување на ТВ студио
10 000–25 000 луксаПолна дневна светлина (вон сонце)[2]
32 000–130 000 луксаНепосредна сончева светлина

Фотометриски SI-единици

Фотометриски единици на SI
ВеличинаСимбол[б 1]SI-единицаСимболДимензијаБелешки
Светлосна енергијаQv [б 2]лумен-секундаlm⋅sT⋅Jединицата е наречена и „талбот“
Светлосен текΦv [б 2]лумен (= cd⋅sr)lmJнаречен и „светлосна моќ“
Светлосна јачинаIvкандела (= lm/sr)cd[б 3]основна SI-единица, светлосен тек по единица просторен агол
БлескавостLvкандела на квадратен метарcd/m2L−2⋅Jединиците се наречени и „нити“
ОсветленостEvлукс (= lm/m2)lxL−2⋅Jза светлина врз површина
Светлосна излезностMvлукс (= lm/m2)lxL−2⋅Jза светлина израчена од дадена површина
Светлосна изложеностHvлукс-секундаlx⋅sL−2⋅T⋅J
Густина на светлосна енергијаωvлумен-секунда на кубен метарlm⋅sm−3L−3⋅T⋅J
Светлосна делотворностη [б 2]лумен по ватlm/WM−1⋅L−2⋅T3⋅Jсооднос на светлосниот тек со зрачниот тек
Поврзано: SI · Фотометрија · Радиометрија

Наводи

Надворешни врски


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица