Стерадијан

Стерадијан (симб. ср, sr) — изведена SI-единица за просторен агол. Го изразува дводимензионалниот аголен зафат во тридимензионален простор, исто како што радијанот ги изразува аглите што лежат на рамнина. Името е кованка од грчкиот збор στερεός = „цврст“ и латинскиот збор radius = „зрак“.

Графички приказ на еден 1 стерадијан. Топката има полупречник r, а во овој случај парчето на површината има плоштина од A = r2. Просторниот агол е θ = A/r2, па така во овој случај θ = 1. Целата топка има просторен агол од 4π sr ≈ 12,56637 sr.

Дефиниција

Пресек на конус (1) и калота (2) во топка

Стерадијанот може да се дефинира како просторниот агол што завршува во средиштето на единична топка со единична плоштина на површината. За општа топка со полупречник r, секој дел од нејзината површина со плоштина A = r2 опфаќа еден стерадијан.[1]

Бидејќи A = r2, тоа значи дека соодветствува со плоштината на калота (A = 2πrh) (каде h е „висина“ на калотата), а и важи односот h/r = 1/(2π). Затоа еден стерадијан соодветствува на плоснатиот (радијански) агол на пресекот на прост конус што опфаќа агол на рамнината од , со θ и е се добива:

Овој агол соодветствува на аголот на отвор во рамнина од 2θ ≈ 1,144 rad или 65,54°.

Бидејќи површината на топката е 4πr2, дефиницијата подразбира дека топката има 4π ≈ 12,56637 стерадијани. Од истата причина, максималниот просторен агол што заршува во некоја точка изнесува 4π sr. Стерадијанот може да се нарече и квадратен радијан („радијан на квадрат“).

Еден радијан е еднаков и на сферната површина на многуаголник со аголен одвишок од 1 радијан, на 1/(4π) за целосна топка или на (180/π)2 ≈ 3282,80635 квадратни степени.

Просторниот агол (во стерадијани) што го опфаќа гореспоменатиот конус (чиј напречен пресек го опфаќа радијанскиот агол 2θ) се добива вака:

Во радијани

Во две димензии, аголот во радијани е поврзан со должината на лакот што ја отсекува:

каде
l е должината на лакот, а
r е полупречник на кружницата.

Во три димензии, просторниот агол во стерадијани е поврзан со плоштината што ја отсекува:

каде
S е плоштината, а
r е полупречник на топката.

Содржатели во SI

Стерадијанот има максимална вредност од 4π ≈ 12,56637, па затоа оваа единица не користи поголеми содржатели. Меѓутоа овие содржатели напати се среќаваат при изразување на величини што ги покрива просторниот агол, како на пример:

СодржателИмеСимболПовршина приближна на...
101декастерадијанdasrНешто повеќе од сите водни површини на Земјата заедно во однос на неа
100стерадијанsrАзија во однос на Земјата
10−1децистерадијанdsrАргентина + Перу во однос на Земјата
10−2центистерадијанcsrПарагвај во однос на Земјата
10−3милистерадијанmsrШвајцарија во однос на Земјата
10−6микростерадијанµsrОпштина Карпош во однос на Земјата
10−9наностерадијанnsrСтарата скопска чаршија во однос на Земјата
10−12пикостерадијанpsrмал стан во однос на Земјата
10−15фемтостерадијанfsrЛист хартија во A5 формат во однос на Земјата
10−18атостерадијанasrОбично копче на тастатура во однос на Земјата
10−21зептостерадијанzsrПресек на жица во однос на Земјата
10−24јоктостерадијанysrЕдно црвено крвно зрнце во однос на Земјата

Наводи


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица