Мали сипаници

заразна болест на дишниот систем
    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).

Мали сипаници или морбили (латински: morbilli) — високозаразна болест на дишниот систем предизвикана од вирус од групата миксовируси (paramyxovirus), од родот Morbillivirus.[3][9] Болеста најчесто се јавува кај малите деца, при што не се исклучени и бебињата (иако тие во првите шест месеци од животот се заштитени преку имунитетот од мајката). Симптомите вообичаено започнуваат да се јавуваат 10–12 дена после изложувањето и траат 7–10 дена.[6][7] Првичните симптоми вклучуваат треска, често со температура поголема од 40 °C (104.0 °F), кашлица, течење на носот, и воспалени очи.[3][4] Мали бели точки познати како Копликови петна може да се формираат од внатрешната страна на устата два до три дена после почетокот на симптомите.[4] Црвен исип вообичаено се јавува на лицето, а потоа се проширува на остатокот од телото три до пет дена после почетокот на симптомите.[4] Чести компликации вклучуваат појава на дијареа (во 8% од случаите), воспаление на средното уво (7%) и пневмонија (6%).[5] Поретко се јавуваат напади, слепило, или воспаление на мозокот.[5][6] Малите сипаници се познати и под други имиња како морбили, рубеола.[1][2] Рубела и розеола се различни заболувања и чии причинители се други несродни вируси.[10]

Мали сипаници
СинонимиМорбили, рубеола[1][2]
Дете со осип на мали сипаници
СпецијалностИнфектологија
СимптомиТреска, кашлица, течење на носот, воспалени очи, осип[3][4]
Компликациипневмонија, напади, енцефалитис, субакутен склерозирачки паненцефалитис[5]
Вообичаена појава10–12 дена после изложување[6][7]
Времетраење7–10 дена[6][7]
ПричинителиВирус на морбили[3]
ПревенцијаВакцина против морбили[6]
ТретманСупортивна нега[6]
Честота20 милиони годишно[3]
Смртни случаи73,400 (2015)[8]

Малите сипаници лесно се пренесуваат по воздушен пат преку кашлица и кивање од инфицирани луѓе.[6] Исто така може да се пренесат преку контакт со плунка или назален секрет.[6] Девет од десет луѓе кои не се имуни и се во контакт и делат простор со инфицирано лице ќе бидат заразени.[5] Луѓето можат да бидат преносители на вирусот почнувајќи од четири дена пред до четири дена после појавата на осипот.[5] Стекнатиот имунитет е траен, и повеќето луѓе не заболуваат по вторпат.[6] Тестирањето за вирусот на мали сипаници кај суспектни случаи е значајно во напорите во јавното здравје за контрола на болеста.[5]

Вакцината против морбили е ефикасна во превенција на болеста, и вообичаено се администрира во комбинација со други вакцини.[6] Вакцинацијата резултирала со намалување на смртните случаи од морбили за 75% во периодот помеѓу 2000 и 2013, при што околу 85% од децата во светот моментално се вакцинирани.[6] Не постои специфичен третман доколку едно лице се зарази,[6] меѓутоа супортивната нега може да го подобри исходот.[6] Таа вклучува давање на орален раствор за рехидратација, здрава исхрана, и лекови за контрола на треската.[6][7] Антибиотици може да се дадат доколку се развие секундарна бактериска инфекција, како на пример бактериска пневмонија.[6] Суплементација со витамин A исто така се препорачува во земјите во развој.[6]

Годишно од морбили се заразуваат околу 20 милиони луѓе,[3] воглавно во регионите во развој во Африка и Азија.[6] Ниту една друга болест која може да биде превенирана со вакцинација не предизвикува толку голем број на смртни случаи.[11] Во 1980, 2,6 милиони луѓе починале од морбили,[6] а во 1990, починале 545,000; до 2014, глобалните програми за вакцинација го намалиле бројот на смртни случаи од морбили на 73,000.[8][12] Стапките на заболување и смртност, сепак, биле зголемени во 2017 поради намалување на опфатот на имунизација.[13] Ризикот за смртност помеѓу инфицираните вообичаено е околу 0.2%,[5] но може да биде и до 10% кај луѓе со малнутриција.[6] Повеќето од смртните случаи се јавуваат кај деца помали од пет години.[6] Се смета дека морбилите не се јавуваат кај други животни.[6] Пред имунизацијата во САД, годишно се јавувале помеѓу три и четири милиони случаи.[5] Како резултат на широкораспространетата вакцинација, болеста била прогласена за елиминирана во Америка во 2016.[14] Сепак, во 2017 и 2018 повотрно се појавиле нови случаи во овој регион.[15]

Симптоми

Симптомите на болеста се поделени во три различни стадиуми, во зависност од периодот на развој на заболувањето:

  • Инфективен стадиум, при што се јавува зголемена телесна температура од 38 до 40 степени. Децата се жалат на главоболка, малаксаност, вознемиреност и жед.
  • Катарален стадиум, при што лицето не може да поднесе светлина, има зуење во ушите, солзење на очите, му тече носот и секрецијата е зголемена.
  • Трет стадиум, во кој во устата се појавуваат бели наслаги што се задржуваат два до три дена, а по еден до два дена се јавува осип на кожата со телесна температура од 38 до 40 степени. Првиот осип (макули) се јавува навечер, во пределот на косата. По еден до два дена, тој осип се шири по целото тело, при што кожата станува видливо црвена, со ситни макулозни промени. Осипниот стадиум трае 3 до 6 дена и потоа осипот почнува да бледее, а по една недела се губи.
Бели наслаги во устата, т.н. копликови флеки

Пренесување

Малите сипаници се пренесуваат преку дишењето (во контакт со течностите од носот и устата на заразеното лице) и се многу заразни - 90% од луѓето без имунитет кои го споделуваат животниот простор со заболеното лице ќе се заразат.

Инфекцијата има просечен период на инкубација од 14 дена (од 6-19 дена) и инфективноста трае од 2-4 дена пред, и од 2-5 дена по почетокот на осипувањето (односно, вкупно од 4-9 дена).

Заштита

Во развиените земји се врши вакцинирање на децата со две дози, од кои првата на 18- месечна возраст, а втората меѓу четвртата и петтата година од животот.

Лицата кои прележале мали сипаници се здобиваат со траен имунитет што ги штити во текот на целиот живот, односно веќе не заболуваат од мали сипаници.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори



🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица