Мариехамн
Мариехамн (шведски: Mariehamn, фински: Maarianhamina) — главен град на автономната островска територија Оланд во состав на Финска. Градот е седиште на владата и парламентот на Оланд, и е дом на 40 % од населението територијата. Како и целиот Оланд, во Мариехамн е застапен само шведскиот јазик, кој е мајчин за 88 % од жителите.[1]
Мариехамн Mariehamn | ||
---|---|---|
град | ||
Куќи во Мариехамн | ||
| ||
Мариехамн во рамките на Оланд | ||
Држава | Финска | |
Регион | Оланд | |
Подрегион | Мариехамн | |
Повелба | 1861 | |
Управа | ||
• Градоначалник | Едгар Викстрем | |
Површина | ||
• Вкупна | 20,75 км2 (801 ми2) | |
Население (2019) | ||
• Вкупно | 11,775 | |
• Густина | 998,73/км2 (258,670/ми2) | |
Мреж. место | mariehamn.ax |
Историја
Градот е основан во 1861 г. околу селото Евернес, тогаш во општината Јомала и наречен по руската царица Марија Александровна (1824-1880). Со неговото проширување, постепено почнал да опфаќа сè поголем дел од територијата на Јомала. Иџграден е по строго рамномерен урбанистички план, кој е зачуван до денес. Една од најстарите улици е „Седрагатан, по која можат да се забележат бројни куќи од дрво изградени во XIX век.
По Првата светска војна, во Мариехамн се развил товарниот превоз на житарки со познатата Житна флота.[2]
Сообраќај
Пристаништа
Градот е сместе на полуостров и има две поголеми пристаништа, едното на западниот, а другото на источниот брег. Особено поволно е тоа што тие не замрзнуваат преку целата година, и немаат плима и осека.[3] Западното е важно меѓународно пристаниште со секодјевни пловила до Шведска, Естонија и континентална Финска. Балтичките патнички пловила често застануваат во Мариехамн бидејќи Оланд не членуа во царинскиот сојуз на ЕУ, па затоа на пловилото можат да се продаваат бесцарински стоки. Во ова пристаниште има и историски бродови како четиријарболниот музејски брод „Померн“ кои сведочат за историската важност на местото.
Во Источното пристаниште се наоѓа едно од најголемите сидришта (марини) во цела Скандинавија. Тука е закотвен познатиот холандски пароброд „Јан Нивен“ (денес наречен „Ф.П. фон Кноринг“, по оландскиот просветар и свештеник Франс Петер фон Кноринг).
Воздухопловство
Градот го опслужува Аеродромот Мариехамн од кој сообраќаат две авиолинии, меѓу кои државниот „Финер“.
Култура
Местото е средиште на културата и медиумите во Оланд. Тука се работат редакциите на двата весника (Оландстиднинген и Нија Оланд), неколку радиостаници и двете месни телевизии (ТВ Оланд и Оланд24). Островјаните уште одамна се познати како љубители на книгата, и имаат јавни библиотеки уште пред 1920 г. Во 1891 г. во градот е отворена печатница.[3] Градската библиотека, изградена во 1989 г., се смета за една од најинтересните градби во модерен стил.
Архитектура
Во Мариехамн има неколку градби проектирани од финскиот архитект Ларс Сонк, кој се преселил во Оланд уште како дете. Тие се црквата „Св. Ѓорѓи“ (1927), главното здание на Поморската академија (1927) и Градскиот дом (1939). Други градби се дело на Хилда Хонгел, иако денес се останати само неколку.
Географија
Клима
Градот има преодна умереноконтинентална клима со извесни одлики на приморската поради неговата положба како остров. Со ова, летата се посвежи од оние во копнена Шведска и Финска, а зимите се послични на оние во приморските делови на Шведска отколку во континентална Финска, каде времето е посурово.
Збратимени градови
Мариехамн е збратимен со следниве градови:[4]
- Коупавогир, Исланд
- Крагере, Норвешка
- Куресаре, Естонија
- Ломоносов, Русија
- Слагелсе, Данска
- Торсхавн, Фарски Острови
- Валкеакоски, Финска
- Висби, Шведска
- Оберузел, Германија
Поврзано
- Општини во Оланд
Наводи
Надворешни врски
- Матична страница (шведски)
- Туристички портал на Мариехамн
- Мариехамн — Википатување (англиски)
- Карта на Мариехамн Архивирано на 5 март 2016 г.