Прејди на содржината

Монте Карло Мастерс 2010

Од Википедија — слободната енциклопедија
Монте-Карло Мастерс 2010
Датум: 
Издание: 104то
Шампиони
Поединечно
Шпанија Рафаел Надал
Двојки
Канада Даниел Нестор / Србија Ненад Зимојнич
Монте-Карло Мастерс
 < 20092011 > 

2010 Монте-Карло Мастер, тениски турнир за професионални тенисери, се игра од 10 април до 18 април 2010, на земјена подолга на отворено. Ова е 104то издание на турнирот Монте-Карло Мастерс , кој е спонзориран од Ролекс по вторпат. Овој турнир се одржува во Монте-Карло Канти Клуб во Монте Карло, Монако.

Турнируреди извор

Синглуреди извор

Во сингл натпреварите имаше релативно мал број од најдобрите натпреварувачи, затоа што имапе 11 од топ 20 натпреварувачите, во споредба со лани 16, на тоа се додава фактот дека само 5 од топ 10 натпреварувачите зедоа учество, во споредба со минатогодишните 9. Во првата рунда топ 8те носители добија директен пласман, а Николас Алмагро, Филип Кохлшрајбер победија во три сета, откако губеа во првиот. Додека двократниот шампион и еден од двата поранешни победници, Хуан Карлос Фереро брзо го победи Марсел Грањолерс со 6-0 6-3. Него му се придружија Давид Ферер, Томаш Бедрух и Хуан Монако, кој ја оствари својата прва победа над Јарко Ниеминен. Исто така поминаа и Давид Налбандијан и Ришард Гаскет. Единствениот од носителите, кој не успеа да ја помине првата рунда е 16тиот носител Маркос Багдатис, кој изгуби од Алберт Монтањес во дваin straight sets [1][2][3]. Првите играчи, кои поминаа во третата рунда беа носителите Фернандо Гонсалес, Жо/Вилфред Цонга, и Томаш Бедрух, кој победија во два сета, додека 4тиот носител, Марин Чилич ја осигура победата после три сета над Игор Андреев[4][5]. Тие беа следени од 5 шпанци предводени од бранителот на титулата, Рафаел Надал, двократиот шампион Хуан Карлос Фереро, Давид Ферер и Томи Робредо, кои сите победија во два сета и Алберт Монтањес. Првиот носител Новак Џоковиќ исто така помина во два сета. Втората рунда донесе неколку големи изненадувања, главно вклучувајќи ги Германците, како специјалисти за земјена подлога. 14тиот носител Хуан Монако изгуби од Михаел Берер 6-4, 6-4, Светскиот рекет 4 Енди Мареј изгуби после 1 час игра од Филип Кохлшрајбер, 15тиот носител Јурген Мелцер изгуби од Филип Пецшнер. Во последниот меч од втората рунда, Давид Налбаниан го победи 7от носител Микаел Јужни 4-6, 6-3, 7-6(5), кога Јужни не успеа да победи на свој сервис на 5-4 во последниот сет.[6][7][8].

Во третата рунда Светскиот рекет бр. 2, Новак Џоковиќ победи со 6-4, 6-4 на 13тиот носител Станислас Вавринка во натпревар полн со грешки. Филип Кохлшрајбер ја продолжи својата успешна серија, во која го победи Мареј, со победата над сонародникот Филип Пецшнер. 5 Шпанци од 6 успеаа да отидат во следната рунда, предводени од бранителот на титулата, Рафаел Надал, кој ја оствари својата втора победа, со ист резултат од 6-0, 6-1. Него му се приклучија и 9тиот носител Хуан Карлос Фереро, кој преживеа маратонски меч против 5тиот носител Жо-Вилфред Цонга со 6-1, 3-6, 7-5, освојувајќи ја 3тата меч топка.[9]. Шпанците Алберт Монтањес и Давид Ферер ги победија повисоко рангираните Хрвати, Марин Чилич и Иван Љубичич соодветно. Фернандо Вердаско исто така ја помина оваа рунда после пресвртот над Томаш Бедрух, откако губеше со еден сет, со 5-7, 6-3, 6-2 [10]. Давид Налбандијан, кој влезе во главната жрепка со заштитен рангинг успеа да ја помине оваа рунда со победата над единствениот Шпанец, кој изгуби во оваа рунда, Томи Робредо со 6-3, 6-4 [11].

Во Четвртфиналето Давид Ферер го достигна своето прво Полуфинале во Монте Карло, откако ја прекина серијата на Филип Кохлшрајбер со победа од 7-5, 7-6(1). Тој сега ќе се соочи со бранителот на титулата, Рафаел Надал, кој победи над поранешниот шампион на овој турнир, двократниот шампион, Хуан Карлос Фереро со 6-4, 6-2[12]. Во другите полуфиналиња минатогодишниот финалист и прв носител, Новак Џоковиќ го победи Давид Налбндијан со 6-2, 6-3. Тој сега ќе се соочи со Фернандо Вердаско, кој го победи сонародникот, Алберт Монтањес со 6-3, 6-7(4), 6-0 за да влезе во полуфиналето.[13]. Во полуфиналињата двата натпревари се решија после два сета игра. Бранителот на титулата Рафаел Надал, кој го победи сонародникот, Давид Ферер со резултат од 6-2, 6-3[14]. Тој сега по третпат со ред ќе се натпреварува против Шпанец, во овој случај тоа е Фернандо Вердаско, кој го победи првиот носител Новак Џоковиќ со 6-2, 6-2, победа со која ја прекина серијата од 5 изгубени натпревари против Србинот[15]. Ова е првото Шпанско финале во АТП Мастерс 1000 турнирите од Монте Карло Мастерсот в 2002, кога Хуан Карлос Фереро го победи Карлос Моја.

Учеснициуреди извор

Носителиуреди извор

ТенисерНационалностРангинг*Носител
Новак ЏоковичСрбија Србија21
Рафаел НадалШпанија Шпанија32
Енди МарејОбединето Кралство Обединето Кралство43
Марин ЧиличХрватска Хрватска94
Жо-Вилфред ЦонгаФранција Франција105
Фернандо ВердаскоШпанија Шпанија126
Микаел ЈужниРусија Русија137
Иван ЉубичичХрватска Хрватска148
Хуан Карлос ФерероШпанија Шпанија159
Томаш БедрухЧешка Чешка1610
Давид ФерерШпанија Шпанија1711
Томи РобредоШпанија Шпанија2212
Станислас ВавринкаШвајцарија Швајцарија2313
Хуан МонакоАргентина Аргентина2414
Јурген МелцерАвстрија Австрија2815
Маркос БагдатисКипар Кипар3016
  • Ранкингзите се од 5 април 2010.

Други учеснициуреди извор

Следниве играчи добија Вајлд Карта во главната жрепка:

  • Италија Симоне Болели
  • Франција Ришард Гаскет
  • Обединето Кралство Енди Мареј
  • Австралија Бернард Томич

Следниве играчи добија учество преку квалификации:

  • Холандија Тиемо де Бакер
  • Украина Олексеј Долопогов Џр.
  • Шпанија Даниел Химено-Травер
  • Казахстан Андреј Голубев
  • Шпанија Марсел Грањолерс
  • Австралија Петер Лучак
  • Финска Јарко Ниеминен

Важни откажувањауреди извор

Следиве играчи се откажаја од турнирот поради различни причини:

Шампиониуреди извор

Синглуреди извор

Шпанија Рафаел Надал го победи Шпанија Фернандо Вердаско 6–0, 6–1.

Даблуреди извор

Канада Даниел Нестор / Србија Ненад Зимојниќ ги победија Индија Махеш Бупати / Белорусија Макс Мирнји 6–3, 3–0, пред.

Наводиуреди извор

Надворешни врскиуреди извор

🔥 Top keywords: Главна страницаСпецијална:БарајГоце ДелчевМакедонски парламентарни избори (2024)Свети Кирил и МетодијМакедонијаГордана Сиљановска-ДавковаКарлес ПуџдемонНова КаледонијаОче нашМарко ЦепенковПретседател на МакедонијаПреспански договорСкопјеСредоземно МореСловачкаВтора светска војнаПечалбариМакедонски претседателски избори (2024)Македонска револуционерна организацијаСписок на македонски народни поговоркиБојана АтанасовскаМочуриштеХристијан МицкоскиКорупцијаГригор ПрличевМакедонски парламентарни избори (2020)Чорбаџи ТеодосИталијаКочо РацинПеколот (Божествена комедија)Лудвиг ван БетовенСпецијална:СкорешниПромениИлинденско востаниеПанонски легендиДржавни празници во МакедонијаТурцијаКалеш АнѓаПоштенски броеви во Македонија