Морарци

село во Егејска Македонија

Морарци или Моравци, Моравца, Морафча (грчки: Αντιγόνεια, Антигонија, до 1927 Μοράφτσα, Морафца)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Морарци
Αντιγόνεια
Морарци is located in Грција
Морарци
Морарци
Местоположба во областа
Морарци во рамките на Кукуш (општина)
Морарци
Местоположба на Морарци во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°8′N 22°53′E / 41.133° СГШ; 22.883° ИГД / 41.133; 22.883
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000342000000342 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно122
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 11 километри северно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 342 метри.

Морарци опфаќа површина од 28 квадратни километри[3].

Историја

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Морарци се состоело од 140 семејства и 640 жители Македонци[4][5]

Во учебната 1881-1882 и 1882-1883 година, во селото бил испратен егзархиски учител[6]. Во 1901 година, учителот Никола Дупков од Кукуш бил заточен по Солунската афера во Бодрум кале[7].

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Морарци имало 1200 жители Македонци[4][8].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1600 Македонци и работело егзархиско училиште[4][9]. Во селото во тоа време како учител работел Димитар Поп Стаматов[10].

Во Морарци било развиено и унијатското движење, а како свештеници биле Иван Стојанов (1875 - 1910), Алекси Анагношев (1906 - 1919), Мико Наков (1904 - 1919), Атанас Иванов (1918 - 1921), Христо Иванов (1912 - 1916).

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски[11], додека самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Струмица и околните села[3]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 326 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 385 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во истиот период биле иселени скоро сите македонски жители на селото. Во Бугарија според Тодор Симовски во тој период заминале 312 семејства. Во 1926 година, селото било преименувано во Антигонија.[12]

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 366 жители бегалци.[13], додека во 1940 година селото броело 507 жители. Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем дел од населението било принудено да ги напушти своите домови. Поради тоа селото во пописот од 1951 година броело 340 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 363 жители, во 1971 година имало 238 жители, во 1981 година имало 120 жители, додека во 1991 година имало 122 жители[14]. Денеска, населението на селото е 122 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година194019511961197119811991200120112021
Население507340363238120122122
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

  • Султана Делчева, мајка на националниот херој Гоце Делчев.
  • Георги Попхристов (1889 - 1959)
  • Мито Морарцалиев[15]
  • Трајко Мечев
  • Гоце Ангелов[16]
  • Гоце Алишанов[17]
  • Димитар Алишанов[18]
  • Иван Ташев (1876 - 1924)
  • Илија Бакалов[19]
  • Мито Андонов[20]
  • Мито К. Ангов[21]
  • Туше Ан. Бабалов[22]
  • Христо Андонов[23]

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица