Напоредни животописи

Напоредни животописи“ или „Споредени животописи“ (изв. „Животи на благородните Грци и Римјани“) — збирка биографии на славни личности од античкиот историчар Плутарх, наредени во парови за да се истакнат нивните заеднички доблести и пропусти. Зачуваните „напоредни животописи“ содржат 22 пара биографии, од кои секој пар има по еден Грк и еден Римјанин, како и четири неспарени, посебни животописи. Ова е дело од значителна важност, не само како извор на информации за секоја личност, туку и како увид во времето во кое тие живееле.

Едно од првите изданија на „Напоредните животописи“ на латински јазик. Рим, 1470. Печатар: Улрих Хан.

Бидејќи Плутарх бил Грк, Македонците во делото се водат како „Грци“. Имајќи предвид дека делото е напшано кон крајот на I век н.е., можеме да добиеме претстава колку рано замрела одбивноста кон македонските династии во Грција, при што историчарите веќе од овој период почнуваат да ги присвојуваат личностите што им се допаѓаат, и покрај тоа што нивните претходници пишувале за нив како како за странски окупатори од различна култура и јазик.[1]

Како што објаснува во првиот пасус во „Животот на Александар“, Плутарх нема за цел да пишува истории како такви, туку да го истражи влијанието на карактерот (добар или лош) врз животите и судбините на славните луѓе. Првиот пар животописи, Епаминонд-Скипион Африканец, повеќе не постои, а многу од постоечките животописи се скратени, содржат очигледни лакуни и/или биле менувани од подоцнежни писатели.

„Животот на Александар“ е еден од петте зачувани второстепени или третостепени извори за Александар III Македонски и содржи анегдоти и описи на случки кои ги нема во ниеден друг извор. Така, портретот на Нума Помпилиј, ран римски крал, исто така содржи важни информации за првобитниот римски календар.

Наводи

Други врски

Напоредни животописи
Алкивијад и Кориолан - Александар Македонски и Јулиј Цезар - Арат и Артаксеркс и Галба и Ото - Аристид и Катон Постариот
Крас и Никиј - Деметриј и Антониј - Демостен и Цицерон - Дион и Брут - Фабиј и Перикле - Лукул и Кимон
Лисандар и Сула - Нума и Ликург - Пелопида и Марцел - Филопојмен и Фламинин - Фокион и Катон Помладиот - Помпеј и Агесилај
Попликола и Солон - Пир и Гај Мариј - Ромул и Тезеј - Серториј и Евмен
Тибериј Грах и Гај Грах и Агис и Клеомен - Тимолеон и Емилиј Павле - Темистокле и Камил
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица