Најроби

Најроби е главен град на Кенија. Тој претставува економски и административен центар на државата и воедно е еден од најголемите градови во Африка. Од индустријата во градот преовладуваат прехранбената, текстилната, индустрија за репроматеријали, за комуникациски системи и превозни средства. Како образовен центар на државата, Најроби располага со Универзитет (основан во 1956 година), Политехнички центар на Кенија (основан во 1961 година) и повеќе истражни институти.

Најроби
Град
Знаме на НајробиГрб на Најроби
Најроби is located in Кенија
Најроби
Најроби
Местоположба на Најроби
Координати: 1°17′S 36°49′E / 1.283° ЈГШ; 36.817° ИГД / -1.283; 36.817
Држава Кенија
Основан во1899
Површина
 • Град696 км2 (269 ми2)
Надм. вис.&100000000000016610000001.661 м
Население (2009)[1]
 • Град3,138,369
 • Густина4.850/км2 (12,600/ми2)
 • Метро6,547,547
ДемонимНајробиец
Часовен појасEAT (UTC+3)
Повик. бр.020
Мреж. местоnairobi.go.ke

Знаменитости

Слончиња во паркот „Дејвид Шелдрик“, каде се одгледуваат сирачиња слонови и носорози
Леопард во кафез, Национален парк Најроби

Најроби е еден од ретките градови во светот кои во рамки на своите граници има национален парк, поради што станува туристичко одредиште. Националниот парк Најроби, огромен резерват на диви животни кој се наоѓа непосредно пред градот, претставува омилено одредиште за туристите. Во паркот живеат разни животни, вклучувајќи лавови, жирафи и црн носорог, како и повеќе од 400 видови на птици.

Во Најроби има неколку музеи и споменици. Доста посетени се и Националниот музеј на Кенија (каде што може да се најдат остатоци од африканската праисторија), зградата на Парламентот, судот, зградата на општината, народниот театар и националната библиотека.

Во Најроби се наоѓа најголемото лизгалиште во Африка, во рамки на хотелот Панари. Лизгалиштето било отворено во 2005 година, зафаќа простор од 15.000 метри квадратни, и може да прими 200 луѓе.[2]

Историја

Поглед на Најроби од воздух

Градот Најроби бил основан кон крајот на XIX век од страна на британските колонизатори. Тој првенствано служел како работнички логор за робовите кои ја граделе железничката линија Момбаса – Уганда. Од 1899 до 1905 Најроби бил главен град на една британска колонија. Во 1905 пак, бил прогласен за главен град на т.н. британски протекторат – „Источна Африка„ (од 1920 до 1963 познат како колонија Кенија). Дури во 1963, по осамостојувањето на Кенија, Најроби добива статус на главен град на оваа независна источноафриканска република. Најроби има околу 3,1 милиони жители.

Географија

Градот се наоѓа на 1°09′S 36°39′E / 1.150° ЈГШ; 36.650° ИГД / -1.150; 36.650 (Nairobi, Kenya) и 1°27′S 37°06′E / 1.450° ЈГШ; 37.100° ИГД / -1.450; 37.100 (Nairobi, Kenya) и зазема 696 квадратни километри површина.

Најроби се наоѓа меѓу градовите Кампала и Момбаса. Во овој реон има земјотреси. Ридовите Нгонг, кои се на запад од градот, се најзабележливата географска одлика во овој реон. Планината Кенија е северно од Најроби, а Килиманџаро е на југоисток.[3]

Реката Најроби и нејзините притоки поминува низ округот Најроби.

Западните предградија во Најроби се протегаат по должината на Националната болница Кенијата на југ, до седиштето на ОН во предградието Гигири на север, во должина од 20 километри.

Клима

Најроби има суптропска клима(Cfb[4]/Cwb). Се наоѓа на 1.795 метри надомрска височина, па затоа навечер може да биде студено, посебно во јуни и јули, кога температурите може да паднат и до 9 °C. Најсончев и најтопол период од годината е од декември до март, кога просечната температура е околу 24 °C.[5]

Има две дождовни сезони, а најоблачен период од годината е веднаш по првата дождовна сезона. Бидејќи Најроби е блиску до екваторот, разликата меѓу сезоните е минимална, и главно се поделени на влажна сезона и сува сезона. Времето на изгрејсонце и зајдисонце во текот на годината многу малку се разликува поради истите причини.[6]

Климатски податоци за Најроби (Дагорети) 1961–1990, екстремни 1955–1982 и 1984–денес
МесецЈанФевМарАпрМајЈунЈулАвгСепОктНоеДекГодишно
Највисока забележана °C (°F)29.8
(85.6)
30.5
(86.9)
30.9
(87.6)
29.0
(84.2)
26.8
(80.2)
28.1
(82.6)
32.7
(90.9)
32.5
(90.5)
30.0
(86)
29.0
(84.2)
27.9
(82.2)
27.6
(81.7)
32.7
(90.9)
Прос. висока °C (°F)25.5
(77.9)
26.7
(80.1)
26.8
(80.2)
25.0
(77)
23.5
(74.3)
22.5
(72.5)
22.0
(71.6)
22.7
(72.9)
25.0
(77)
25.7
(78.3)
24.0
(75.2)
24.5
(76.1)
24.5
(76.1)
Сред. дневна °C (°F)18.0
(64.4)
18.8
(65.8)
19.4
(66.9)
19.2
(66.6)
17.8
(64)
16.3
(61.3)
15.6
(60.1)
15.9
(60.6)
17.3
(63.1)
18.5
(65.3)
18.4
(65.1)
18.1
(64.6)
17.8
(64)
Прос. ниска °C (°F)10.5
(50.9)
10.9
(51.6)
12.1
(53.8)
13.4
(56.1)
12.1
(53.8)
10.0
(50)
9.2
(48.6)
9.1
(48.4)
9.7
(49.5)
11.3
(52.3)
12.7
(54.9)
11.7
(53.1)
11.1
(52)
Најниска забележана °C (°F)3.3
(37.9)
2.2
(36)
6.7
(44.1)
7.8
(46)
7.9
(46.2)
4.4
(39.9)
1.1
(34)
2.9
(37.2)
3.9
(39)
5.5
(41.9)
6.7
(44.1)
6.2
(43.2)
1.1
(34)
Прос. врнежи мм (ин)58.3
(2.295)
49.8
(1.961)
92.2
(3.63)
242.3
(9.539)
189.5
(7.461)
38.6
(1.52)
17.6
(0.693)
24.0
(0.945)
31.2
(1.228)
60.8
(2.394)
149.6
(5.89)
107.6
(4.236)
1.061,5
(41,791)
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 1.0 mm)44815135344714990
Прос. релативна влажност (%)60566271737373716463716667
Сред. бр. сончеви часови месечно288.3266.0266.6204.0189.1159.0130.2127.1180.0226.3198.0257.32.491,9
Сред. бр. сончеви часови дневно9.39.58.66.86.15.34.24.16.07.36.68.36.8
Извор бр. 1: NOAA[7]
Извор бр. 2: Deutscher Wetterdienst (extremes from 1955 to 1982 and humidity, 1961–1990),[8] Meteo Climat (extremes from 1984–present)[9]

Демографија

Жители во Најроби од 1906 до 2009 г.

Во Најроби бројот на жители драсично пораснал од неговото основање во 1899 година. Сега е втор град по големина во областа на Африканските Големи Езера, иако е еден од најновите градови во тој регион. Стапката на раст во Најроби изнесува 4,1% годишно.[11] Се смета дека бројот на жители ќе достигне 5 милиони до 2025 година.[12]

Поради брзиот пораст на бројот на жители, бројот на невработени се проценува на 40% во градот.[13]

Криминал и спроведување на законот

Во текот на 1990-ти години, во Најроби пораснал криминалот, поради што за градот се велело дека е опасен и добил прекар „Најробери“ (Nairobbery).[14] На 7 август 1998 година, била фрлена бомба на Американската амбасада,[15] при што загинале 224 лица, а повредени биле 4000. Во 2001 година, ОН го прогласила градот за еден од најнесигурните во светот, при што во извештајот се велело дека во 2001 година, речиси една третина од жителите на Најроби биле вклучени во грабежи низ градот.[16] Се смета дека криминалот пораснал заради непланскиот урбанизам, малиот број на полициски станици и безбедносна инфраструктура.

По нападот од октомври 2011 година од локален човек,[17] градот се соочил со зголемено безбедносно присуство.[18]

Имало серија на експлозии во Најроби почнувајќи од 10 март 2012 година, при што азиланти фрлиле гранати на полна автобуска станица и еден бар. Загинале деветмина, а биле повредени повеќе од 50. На 28 мај 2012 година, 28 лица биле повредени при експлозија во трговски центар во центарот на Најроби.[19] На 21 септември 2013 година, милитанти поврзани со групата Ал-Шабаб го нападнале трговскиот центар Вестгејт, при што 67 лица биле убиени, а трговскиот центар бил срамнет со земја.[20]

На 15 јануари 2019 година, петмина вооружени го нападнале хотелот ДаситД2 во близина на Вестлендс.[21] Нападот започнал со тоа што бомбаш самоубиец се разнесол во холот на хотелот, а потоа следувале пукање. Погинале 21 лице.

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица