Олштин

град во Варминско-мазурското војводство, Полска

Олштин (полски: Olsztyn, германски: Allenstein, пруски: Alnāsteini или Alnestabs, литвански: Olštynas) - град во североисточна Полска, низ кој тече реката Лина. Олштин е главен град на Варминско-мазурското Војводство и има 173,070 жители.

Олштин
Поглед на Олштин
Знаме на Олштин
Држава Полска
Војводство Варминско-мазурско Војводство
Управа
 • ГрадоначалникПјотр Гжимович
Површина
 • Градска88,328 км2 (34,104 ми2)
Најг. вис.&10000000000000154000000154 м
Најм. вис.&1000000000000008800000088 м
Население (2017)
 • Градско173,070
 • Густина1.965,3/км2 (5,090/ми2)
 • Метро270.000
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски бројод 10-001 до 11–041
Повик. бр.+48 89
Мреж. местоhttp://www.olsztyn.eu

До 1466 година, градот бил под контрола и влијание на Тевтонскиот ред, а потоа бил инкорпориран во Круната на Полското Кралство. Со векови градот бил важен трговски, занаетчиски, научен и административен центар на Вармискиот регион и ја поврзувал Варшава со Кенигсберг. По првата поделба на Полска во 1772, Вармија била анексирана од страна на Прусија и престанала да биде во сопствеништво на свештенството. Во 19 век, угледот на градот целосно се сменил со тоа што станал најзначајниот економски центар во јужниот дел на Источна Прусија. Изградбата на железница и раната индустријализација многу помогнала за важноста на Олштин. По крајот на Втората светска војна, градот ѝ бил вратен на Полска со потпишувањето на Потсдамскиот договор.

Од 1999 година, Олштин е главен град на Варминско-мазурското Војводство. Од истата година постои и Варминско-мазурскиот универзитет, кој е создаден со спојување на три локални универзитети. Денес, замокот на Варминските бискупи е музеј и место на кое се одржуваат концерти, уметнички изложби, филмски проекции и други културни настани, кои го прават Олштин познато туристичко одредиште.

Едни од најважните знаменитости во Олштин се средновековниот стар дел на градот и градската катедрала, која датира пред повеќе од 600 години. Живописниот пазар е дел од Европскиот пат на тулната готика, а катедралата се смета за еден од најдобрите споменици на готската архитектура во Полска.

Олштин со години се наоѓа високо на листите според квалитетот на животот, приходите, вработеноста и безбедноста. Во моментот се смета за едно од најдобрите места во Полска за живеење и работа. Исто така, Олштин е и еден од најсреќните градови во државата.

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица