Општина Дојран

За други значења на поимот Дојран, видете на појаснителната страница

Општина Дојранопштина во југоисточниот дел на Република Македонија. Центар на општината е селото Стар Дојран.

Општина Дојран
Општина
Знаме на Општина ДојранГрб на Општина Дојран
Карта
ДржаваМакедонија
СедиштеСтар Дојран
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникАнго Ангов
Површина
 • Вкупна129,16 км2 (49,87 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно3.084
 • Густина24/км2 (62/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+034
Регистарски табличкиGE
Мреж. местоdojran.gov.mk
Карта на Општина Дојран со селските атари.
Демографска карта на Општина Дојран со селските атари.

Географија

Градот и езерото Дојран се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, на околу 170 км од главниот град Скопје.Планината Беласица се протега на север од ова природно езеро.

Фактот дека оваа низина се отвора на југот ја определува неговата средоземна клима која се одликува со топли и суви лета и свежи, влажни зими.

Тој се наоѓа на тромеѓето помеѓу Вадарска, Пиринска и Егејска Македонија (денес поделено на Р Македонија, Бугарија и Грција).

Историја

Студиите покажуваат на фактот дека оваа локација била населена дури од пред нашата ера. Инскрипции кои датираат од 5 век п.н.е. го опишуваат животот на просторите на денешната територија на Дојран во предисториско време.

После Римскиот период, Дојран бил под Византиска јурисдикција и му било дадено името Полин (Polin) значејќи „град“, а словенското име станало Полјанин. Во 1371 год. Турците доаѓаат во градот Полјанин 1371 год. преку езерото кое било замрзнато и завеано со снег и големиот османлиски војсководец Евренос Бег во чест на тоа дека поминал врз замрзнатото езеро без да загуби ниту еден аскер (војник) прави голема гозба и ги најадува („дојурмак“, „дојуран“) сите жители кои живееле во тоа време покрај езерото и така настанува името на градот (Дојуран) Дојран сегашен Стар Дојран. Во XIX век Дојран-Дојуран станува прекрасен град сместен на падина од која се гледа езерото, мали дуќанчиња, меани, анови, ибарски колиби, дрварски работилници и др. Во Првата балканска војна Дојран-Дојуран е значајна стратегиска точка каде војувале бугарските и германските војници против англиските и француските сили каде има уште остатоци по кала тепе и околината. Населението било приморано повторно да се сели по бомбардирањето.

Стопанство

Демографија

Според пописот од 2002 година, во општина Дојран живееле 3.426 жители. Според последниот попис од 2021 година, во општината живееле 3.084 жители:

20022021
НАРОДброј%број%
ВКУПНО3.4261003.084100
Македонци2.64177.092.52881.97
Турци40211.732116.84
Срби2778.091524.93
останати1063.09732.37
лица без податоци//1203.89
ВероисповедВкупно
православни2.916
муслимани483
католици6
протестанти2
останати19
ЈазикВкупно
македонски2.771
албански16
турски399
ромски54
влашки2
српски159
бошњачки2
останати23
НационалностУдел[2]
Македонци77,09 %
Албанци0,50 %
Турци11,73 %
Роми1,72 %
Власи0,09 %
Срби8,08 %
Бошњаци0,06 %
останати0,73 %

Населени места

ВКУПНОМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациДругиЛица за кои податоците се преземени од административни извори
Општина Дојран3.0842.52815211303152124120
Дурутли4--1-----3
Ѓопчели116-1104---1-10
Куртамзали42--32-----10
Николиќ520498----11--11
Нов Дојран997935-10--10-339
Органџали----------
Севендекли----------
Сретеново34424610819-43-135
Стар Дојран41328845611318-330
Фурка459445----1-310
Црничани189116----69-22
Чаушли----------
Џумабос----------

Општествени установи

Самоуправа и политика

Градоначалник на општина Дојран е Анго Ангов од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Дојран е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

  СДСМ: 5 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 4 места

Културни и природни знаменитости

10 m длабокото езеро се наоѓа на 148 m надморска висина и е најмалечкото езеро во Република Македонија покривајќи површина од 42,7 км2. Дојранското Езеро е формирано во Неогенот и е од тектонско-вулканско потекло. Безрбетници, ’рбетници, 12 вида на ендемска фауна, 15 типови на риба и неколку видови на птици го населуваат ова езеро. Тоа е познато по специфичниот начин на риболов со помош на птиците кои ги бркаат рибите во јата директно во рибарските мрежи.

Во последната декада на 20-от век Дојран се соочи со еколошка криза и изгледаше навидум беспомошно. Тоа дојде на очаен водостој на помалку од 50% од оригиналниот, ендемските видови почнаа да изумираат, се случија мутации на дел од флората, дојде до работ на изумирање на поголем број на видови на риби, климата се смени, но сепак со проект финансиран од Владата на Република Македонија Дојранското Езеро се спаси од тотално уништување и неговиот водостој почна да се нормализира.

Денес проектот сѐ уште функционира и водостојот е речиси на истото ниво како и пред катастрофата, но сепак дел од флората никогаш нема да се врати. Напорот кој е вложен во овој бисер на природата сепак се исплати. Имено, голем број од младите луѓе кои својата перспектива ја бараа во некој од поголемите градови од републиката, сѐ почесто се одлучуваат да останат во ова гратче и да придонесат во доизградбата на неговата инфраструктура за хотелски и приватни сместувања. Поголем број од пропаднатите државни хотели веќе се успешно приватизирани и работат под полна пареа за да завршат со изградба до следната летна сезона. Државното претпријатие за стопански риболов на Дојранското Езеро, исто така е успешно приватизирано и сега засега работи успешно.Ноќниот живот во Дојран секоја година е сѐ подобар и подобар. Дојран станува вистинско одредиште за деновите како Илинден, 1-ви и 2 мај, Божиќ и слични државни празници. Летниот одмор во Дојран може да ви овозможи и пријатни одморни денови и врвулици по градскиот пазар. Можеби токму Дојран е местото кое ќе заврши како една среќна приказна за еден град.

borders/Dojran 1.jpg [1]

Редовни настани

Еден од позначајните настани во Дојран се т.н. Дојрански ракувања, кои се одржуваат секое лето во почетокот на месецот август во времетраење од неколку дена. Настанот е организиран од локалната самоуправа и на него настапуваат ансамбли од повеќе држави (играорци, драмски театри и сл.)

Личности

Култура и спорт

ФК Дојранско Езеро (Нов Дојран). Клубот има настапувано и во 2 МФЛ (Втора македонска фудбалска лига). Македонскиот репрезентативец Горан Мазнов ја има почнато својата кариера во ФК Дојранско Езеро.

Иселеништво

Партнерски градови

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица