Падовски универзитет

Универзитетот во Падова ( италијански: Università degli Studi di Padova, UNIPD) е еден од најстарите универзитети во Европа и Италија, отворен во Падова во 1222 година од група студенти и наставници од Болоња.[1] Во периодот од XV до XVIII век бил главен образовен центар на Венецијанската Република. Во 2010 година, универзитетот имал приближно 65.000 студенти.[2] Во 2021 година институтот Цензис го рангирал на второ место во категоријата „најдобар универзитет“ меѓу италијанските високообразовни институции со преку 40.000 студенти,[3] а на Шангајската листа е меѓу најдобрите 200 универзитети во светот.[4]

Падовски универзитет
Università di Padova
Податотека:University of Padua seal.svg
латински: Universitas Studii Paduani
ГеслоUniversa Universis Patavina Libertas (Латински)
На македонски
Слободата на Падова е универзална за сите
ВидЈавен
Основан1222; пред 801 година (1222)
РекторДаниела Мапели
Студенти59,317
Додипломци38,495
Постдипломци20,822
МестоПадова, Италија
КампусУрбан (Универзитетски град)
Спортски тимови[1]
БоиПадовско црвено     
unipd.it/en

Историја

Универзитетот бил основан во 1222 година од наставници и студенти кои го напуштиле Болоњскиот универзитет во потрага по поголема академска слобода („Libertas scholastica“). Првите изучувани области биле правото и теологијата. Наставната програма брзо се проширила и во 1399 година институцијата била поделена на: Правен универзитет (Universitas Iuristarum) каде што се изучувале граѓанско и канонско право и Природонаучен универзитет (Universitas Artistarum) каде се предавало астрономија, дијалектика, филозофија, граматика, медицина и реторика. Имало и Теолошки универзитет (Universitas Theologorum), основан во 1373 година од Урбан V.

Универзитетот во Падова станал еден од центрите на науката (астрономија, медицина, право) за време на ренесансата, бил спонзориран од Венецијанската Република која му обезбедила независност од схоластичката догма и од влијанијата од Рим. Овде студирале или работеле познати личности од времето на ренесансата и на раниот нов век како Пико дела Мирандола, Никола Кузански, Коперник, еден од основачите на италијанскиот литературен јазик Пјетро Бембо, Торквато Тасо, Галилео, Везалиус, првиот белоруски печатар Франциск Скарина.

На 25 јуни 1678 година, Елена Лукреција Корнаро Пископија, венецијанска благородничка и математичар, станала прва жена во светот која се стекнала со звањето доктор по филозофија. Во меѓувреме, универзитетот го усвоил мотото: „Слободата на Падова е универзална за сите “ (Universa universis patavina libertas).

Сепак, универзитетот имал турбулентна историја и немало настава во 1237–61, 1509–17, 1848–50.

Ботаничката градина во Падова, основана од Универзитетот во 1545 година, е една од најстарите градини од ваков вид во светот. Постара од неа само онаа која Медичи ја создале во Пиза во 1544 година. Покрај градината, универзитетот има и девет музеи, меѓу кои и музејот за историја на физиката.

Во универзитетот се наоѓа најстариот преживеан постојан анатомски театар во Европа, изграден во 1595 година

Од 1595 година, познатиот анатомски театар во Падова привлекува уметници и научници кои го проучуваат човечкото тело за време на јавните сецирања. Тоа е најстари преживеан постојан анатомски театар во Европа.

Универзитетот станал еден од универзитетите на Кралството Италија во 1873 година, и оттогаш е еден од најпрестижните во земјата поради неговиот придонес во науката и научните истражувања.

Палацо Бо е седиште на Универзитетот во Падова од 1493 година
Диплома на Џироламо Мартиненго, 1582 година

Со неодамнешните промени во италијанското законодавство на италијанските универзитети им се дало поголема автономија, а во 1995 година Падовскиот универзитет усвоил нов статут со кој добива поголема независност.

Рангирање

Универзитетот е постојано рангиран меѓу најдобрите италијански универзитети. „Тајмс“ во 2020 година го рангирал универзитетот на четвртото место во Италија.[5]

На меѓународно ниво, за 2020 година Тајмс го рангирал универзитетот од 201 до 250 место.[5] Во 2019 на Шангајската листа универзитетот се наоѓа од 201 до 300 место во светот.[6]

Познати личности

Грбови на професори и студенти во Аула Магна, Палацо Бо . Фотографија од Паоло Монти, 1966 година
Сертификат за медицина на Универзитетот во Падова, доделен во 1642 година на Фламанецот Јан Даман.[7]

Алумни

Познати личности кои го посетувале Падовскиот универзитет се:[8]

Во природните науки
  • Никола Коперник (1473–1543) полски математичар и астроном
  • Џон Кајус (1510–1573) англиски лекар
  • Везалиус (1514–1564) познат како основач на модерната човечка анатомија
  • Габриеле Фалопио (1523–1562) анатом; анатомија на главата и внатрешното уво; репродуктивните органи
  • Френсис Волсингем (околу 1532-1590) шпион на кралицата Елизабета I
  • Вилијам Харви (1578–1657) анатом; ја опишал работата на срцето и кардиоваскулаторниот систем
  • Џорџ Ент (1604–1689) англиски анатом
  • Томас Браун (1605–1682) англиски писател и лекар
  • Натаниел Итон (1610-1674), прв декан на колеџот Харвард
  • Томазо Перели, италијански астроном
  • Федерико Фагин (1941-) дизајнер на првиот комерцијален микропроцесор
  • Марио Рицето (1945–) италијански виролог; работел со вирусот кој предизвикува хепатитис Д
  • Лујџи Дал'Игна (1966-) Генерален директор на Дукати Корс
Во политиката и владеењето
  • Јоанис Каподистријас (1776-1831), прв гувернер на Грција, министер за надворешни работи на Руското Царство
  • Лујџи Луцати (1841-1927), финансиер, политички економист, социјален филозоф и правник, 20-ти премиер на Италија
  • Александрос Маврокордатос (1791-1865), премиер на Грција
  • Сенешал Константин Кантакузино Столник (околу 1650–1716), романски благородник и хуманист кој имал високи функции во Кнежевството Влашка. Автор на „Историја на Влашка“ (незавршена), прв Романец кој дипломирал на овој престижен универзитет.[9]
Во уметноста, теологијата и литературата

Познати професори

  • Ермолао Барбаро (1454–1493), назначен за професор по филозофија во 1477 г.
  • Галилео Галилеј (1564–1642) предавал математика [10] од 1592 до 1610 година
  • Елена Корнаро Пископија (1646 – 1684), предавала математика и прва жена која докторирала [11]
  • Антонио Валиснери (1661-1730) имал катедра за практична и теоретска медицина, помеѓу 1700 и 1730 година.
  • Џовани Батиста Моргањи (1681-1771) имал катедра за теоретска медицина и анатомија, помеѓу 1711 и 1771 година.

Одделенија

Универзитетот во Падова нуди широк спектар на дипломи, организирани од одделенија:

Училишта

Одделенијата се здружени во ограничен број училишта:

Поврзано

  • Список на италијански универзитети
  • Список на средновековни универзитети
  • Падова

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица