Паметен телефон

мобилен телефон со напредни можности

Паметен телефон или смартфон (англиски: smartphone) – мобилен телефон со напреден мобилен оперативен систем кој ги комбинира особините на оперативниот систем на личен сметач со особини за мобилна употреба .[1][2][3] Паметните телефони, кои се со џебна големина, вообичаено ги комбинираат особините на мобилен телефон, како што се остварување на говорни врски (телефонски повици) и размена на текстуални пораки, со оние на други популарни дигитални мобилни уреди како личен дигитален помошник (англиски: personal digital assistant, PDA, календар на настани, медиумски плеер, видео игри, ГПС навигација, дигитален фотоапарат и дигитална видеокамера. Паметните телефони можат да пристапат на интернет и можат да користат разни софтверски компоненти од трети страни (мобилни апликации) од различни места. Типично имаат рамен екран со графички кориснички интерфејс кој зафаќа повеќе од 76% од предната површина. Скоро секогаш дисплејот е допирник.

Паметен телефон Самсунг Галакси Нот
Паметен телефон Самсунг Галакси Нот
Паметен телефон Нокија N8

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица