Песок

Песокот е природен зрнест материјал што се јавува како маса од ситни камчиња[1] од карпесто или минерално потекло.Составот на песокот во голема мера се разликува од место до место, зависно од релјефот и условите. Во нетропски брежни средени начест составен елемент е силициум диоксидот (SiO2), обично во облик на кварц.

Песочни дини во Мароко.

Втор облик на песок по застапеност е калциум карбонатот, као на пример арагонит, создаден во текот на изминатите половина милијарда години претежно од разни живи суштества како што се коралите и школките. Ова е главниот вид на песок во подрачја каде доминирале гребенски екосистеми со милиони години, како што се Карибите.

Состав

Портокалов песок од кварц со хематитна наслага, која му ја дава бојата.
Песок со разнообразен состав на плажа во Калифорнија. Составен е претежно од кварц, рожнец, магматски камчиња и парченца од школки.
Песокот

Според гранулометријата што ја користат геолозите, зрната песок можат да имаат пречник од 0,0625 мм (116 мм) до 2 мм. За „зрно песок“ се смета сето она што е покрупно од чакал (2-64 мм), а поситно од мил (0,062-0,004 мм).

Стандардот ISO 14688 го дели песокот на ситен, среден и крупен, во опсег од 0,063 мм - 0,2 мм - 0,63 мм - 2.0 мм. Оваа класификација ја следи Крумбајновата Φ-скала, каде Φ = -log2D; D е пречникот на зрното во милиметри. Според оваа скала, вредноста на Φ се движи од −1 до +4, со поткатегории помеѓу целите броеви.

Песок под електронски микроскоп

Составот на песокот е различен на различни места. Покрај силициум диоксидот во облик на кварц, тропските и суптропските брегови се одликуваат со светлобели песоци, кои се составени од сронет варовник и може да содржи парченца од корали и школки, покрај други органски или органски изведени материјали, што значи дека образувањето на песокот може да зависи од живите колку и од неживите материи.[2] Споменикот на природата „Бели Песоци“ во Ново Мексико (САД) е познат по својата силна белина, поради тоа што е составен од гипс. Аркозата е песок или песочен камен со значителни примеси на фелдспат, добиени со абење или ерозија на блиските гранитни карпести изданоци. Некои песоци содржат магнетит, хлорит, глауконит и гипс. Песоците кои се богати со магнетит имаат темна до црна боја, а истото важи и за песоците добиени од вулкански базалт и опсидијан. Со карактеристична зелена боја се одликуваат хлоритно-глауконосните песоци со базалтно потекло (од лава), кои се богати со оливин. Многу видови песоци, особено оние во јужна Европа имаат кварцните кристали со примеси од железо и силна темножолта боја. Песочните наноси во некои подрачја содржат отпорни материјали, вклучувајќи и извесни драги камења.

Песокливи средини

Песокот се носи со ветерот и водата и налегнува во облик на плажи, дини, спрудови, насипи и слични образби. Во проточните средини како ситнокаменестите корита на реките и ледничките морени, песокот е присутен заедно со разни други поедри зрнести материјали. Постојат и реки чиишто корита имаа само песок, кога реката нема други покрупе материјал за разнесување. Во пустините се обликуваат дини бидејќи единствено песокот е доволно ситен за да се движи со ветерот, натрупувајќи се врз другите неподвижни релјефни елементи. Песокот се среќава и како составен дел од почвата.

Употреба на песокот

Кула за двоење на песок во коп.
  • аквариуми: како дно наместо камчиња, и како неопходност кај оние со солена вода.
  • анимација во песок: изедбена ликовна уметност каде уметникот црта во песок.
  • бетон: песокот е главна состојка на оваа значајна градежна смеса.
  • вештачки гребени: песок ставен во вреќи од геоткаенини како основа за создавање на нов гребен.
  • експлоатација на земен гас: по еден од методите, земјиштето се расцепува со хидраулични направи и де потура округол песок за да ги држи процепите отворени
  • земјоделство: песокливите почви се најпогодни за растителни култури како лубеницата, праската и кикириките, како и за интензивно испаша.
  • леарство: на посебниот леарски песок му се додава вода или масло и од него се обликуваат калапи во кои се тура течен материјал за леење. Овој вид на песок е издржлив на висока температура и притисок, ги испушта гасовите, и има еднообразни мали зрнца и реагира на метали.
  • малтер: песокот се меша со цемент и, понекогаш вар.
  • молерисување и бојадисување: песокот се меша со бои за да се добие текстура на ѕидовите и таваните, како и за нелизгавост на подовите.
  • наполнети вреќи: песок во вреќи се користи како заштита од поплави и огнено оружје. Вреќите се носат празни онаму кајшто има потреба, и можат набрзина да се наполнат со локалниот песок.
  • одржување на плажите - кога водата и временските прилики го носат песокот и ги соголуваат бреговите.
  • патишта: песокот се фрла на патиштата за да се спречи лизгање на возилата кога ќе се јават голомразици.
  • пејзажно уредување: ритчиња и косини (на пр. кај терените за голф).
  • песочни замоци: обликувањето на замоци и други градби е популарна разонода на плажа.
  • пруги: железничарите ставаат песок на шините за да го подобрат фатот на тркалата.
  • стакло: песокот е главна состојка на стаклото.
  • филтрирање на водата: песокот се користи како филтер за пречистување и добивање на питка вода
  • цигли: се изработуваат со додавање на песок во глина и други материјали.
  • шмирлање и пескарење: зрна песок во разни големини се користат како абразив во чистењето, рамнењето и мазнењето на материјалите. Кај шмирглите, песокот има еднообразна големина и рамномерно се налепува на хартија.

Песокот како тема во уметноста и во популарната култура

Понекогаш, песокот се јавува како тема во дела од уметноста и популарната култура, како:

  • „Песокот и свети Петар“ (Пијесак и свети Петар) - српска народна приказна.[3]
  • Книга од песок“ - збирка раскази на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес од 1975 година.[4]
  • „Плажа песок сонце плажа“ - кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.[5]
  • „Зборови на песокот“ - песна на францускиот поет Виктор Иго.[6]
  • „Збирка од песок“ - книга на италијанскиот писател Итало Калвино од 1984 година.[7]
  • „Тажен цвет во песокот“ - американски документарен филм за Џон Фанте.[8]
  • „Загатката на песоците“ - книга на писателот Ерскин Чајлдерс.[9]
  • „Песокот и пената“ - песна на либанскиот поет Халил Џубран.[10]
  • „Предел со зрнце песок“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[11]
  • „At the End of the Sand“ - песна од истоимениот албум на македонската поп-рок група „Bei The Fish“ од 2012 година.[12]
  • „Песок“ (Sand) - песна на американското дуо Ненси Синатра (Nancy Sinatra) и Ли Хејзелвуд (Lee Hazlewood) од 1968 година.[13]
  • „Замоци направени од песок“ (Castles Made of Sand) - песна на рок-групата „Џими Хендрикс Експириенс“ (The Jimi Hendrix Experience).[14]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица