Протести во Белорусија (2020-2021)

Протести во Белорусија (2020) — низа тековни политички демонстрации против белоруската влада и нејзиниот претседател Александар Лукашенко.[45] Демонстрациите кои започнаа пред и по изборите одржани на 9 август, на кои Лукашенко го освои шестиот мандат по ред, претставуваат и најголемите антивладини протестите во историјата на земјата. Како одговор на демонстрациите пак, се одржаа и голем број на релативно мали провладини митинзи.[46]

Протести во Белорусија (2020-2021)
Дел од белоруското демократско движење и
случувањата по изборите во 2020 година
Протест на 16 август во Минск
Датум24 мај 2020[1] – во тек
()
МестоБелорусија
Повод
  • Авторитаризам и политичка репресија
  • Апсење на опозиционите претседателски кандидати Виктор Бабарико и Сергеј Тихановски
  • Постојани изборни измами во земјата[2]
  • Александар Лукашенко кој бара шести претседателски мандат на изборите во 2020 година
  • Економски и социјални политики на владата[3]
  • Лошо управување со Ковид-19 кризата[4]
  • Пренасочување на летот 4978 на „Рајанер“ со цел да се уапси опозиционерот Роман Проташевич
  • Забрана за известување во живо од протестите по пренасочувањето на летот 4978
Цели
  • Оставка на Александар Лукашенко
  • Оставка на белоруската влада
  • Нови слободни и фер претседателски избори
  • Ослободување на политичките затвореници
  • Крај на полициската бруталност
  • Пребројување на претседателските избори[5]
Начини
  • Протести
  • Протестни маршови
  • Онлајн активизам
  • Блокада на патитша
  • Граѓанска непослушност
  • Генерален штрајк
  • Немири
Страни во судирот

Опозицијата:[6][7][8]

  • Christian Democrats
  • Зелена партија
  • Left Party
  • Партија на слободата и прогресот
  • Популарен фронт
  • Social Democratic Assembly
  • Social Democratic Party
  • United Civic Party
  • Женска партија
  • Младински фронт (Белорусија)
  • Minsk City Police Department (parts)

Координативен совет (од 14 август)


Анархисти[9]


Предлошка:Clist

Влада:

  • AMAP/OMON[10]
  • KGB
  • Министерство за внатрешни работи
    • Internal Troops
    • Алмаз
    • Милиција
      • Градска полиција на Минск (делови)
  • 38th Guards Air Assault Brigade[11][12]
  • Presidential Security Service (parts)

Политички партии:

  • Аграрна партија
  • Комунистичка партија[13]
  • ЛДПБ
  • Патриотска партија
  • РПТС
  • ЦПРФ[14]
  • Светска работничка партија[15]

Public associations:

  • Belaya Rus
  • Federation of Trade Unions of Belarus
  • Republican Youth Union

Предлошка:Clist
Предводници
  • Светлана Тихановскаја
  • Сергеј Тихановски
  • Виктор Бабарико
  • Валери Цепкало[16]
  • Вероника Цепкало
  • Марија Колесникова[17][18]
  • Павал Сиевиарниец
  • Владимир Новосјад
  • Сергеј Черачен
  • Витал Римашеуски
  • Змицер Дашкевич
  • Наста Палажанка
  • Тадеуз Кондрусиевиц[19][20]
  • Александар Лукашенко
  • Роман Головченко
  • Лидија Јермошина[21][22]
  • Јури Карајеу[23][24]
  • Иван Кубраков
  • Андреј Равков
  • Валери Вакулчик
  • Виктор Кренин
  • Александер Волфович
  • Виктор Лукашенко
  • Владимир Макеј
  • Сергеј Гаидукевич
  • Генади Давидко
Број
16 август:
23 август:
  • Минск:[б 2] ~250,000[30]Предлошка:Self-published source[31]Предлошка:Verify credibility
  • низ земјата: ~500,000[32]Предлошка:Self-published source
[dubious ]
16 август:
  • Минск: ~5,000–65,000[33]
Вкупно:
  • ~100,000 полицајци и војници[34]
Настрадани
1,373 повредени, вклучително и деца[35]
4+ мртви[36]
32,000+ уапсени[37][38][39]
50 исчезнати[40][41]
103 повредени[42][43]
најмалку неколкумина повредени новинари[44]

Позадина

Александар Лукашенко е на чело на државата од 1994 година и немаше сериозен противкандидат на претходните пет избори, што резултираше во тоа на моменти од страна на медиумите да биде нарекуван „последниот диктатор во Европа“[47]. Под неговот авторитарно владеење,[48] владата често ја потиснуваше опозицијата.[47][48]

Лукашенко се соочи со поголемо спротивставување на јавноста поради неговото справување со пандемијата на коронавирусот, кој Лукашенко го негираше како сериозна закана.[49][50] Од петте негови победи, само првите, одржани во 1994 година се сметаа за слободни и фер од меѓународните набљудувачи.[51]

Денот на изборите

Протести на изборната ноќ

На 9 август, рано наутро, сите патишта и влезни точки во Минск беа блокирани од полицијата и армијата[52][53].

На пладне, интернетот во Белорусија беше делумно блокиран. Владини претставници тврдеа дека причината е DoS напад кој потекнува надвор од границите на земјата. Сепак, независни ИТ специјалисти тврдеа дека државниот интернет монопол „Белтелеком“ и придружните државни агенции намерно користеле ДПИ технологија или технологија за обликување на интернет сообраќајот, и дека можеби причината за проблемот со интернетот е во употребната опрема за филтрирање[54]. Телеграм беше единствената апликација која работеше[55][56].

Вечерта, на денот на изборите, непосредно по затворањето на избирачките места, телевизија која е поддржана од белоруската влада објави резултати за изборите, покажувајќи дека Лукашенко наводно освоил 80.23% од гласовите, додека Тихановскаја освоила 9.9%[52]. Разликата била толку голема што дури и граѓаните кои ја поддржуваат владата утврдија дека тоа веројатно не е вистина[57]. Ова предизвика и непосредна реакција од приврзаниците на Тихановскаја да се упатат на улиците во сите поголеми градови во земјата, како Брест, Минск, Гродно, Мазир, Пинск, Гомељ и Бабрујск. Демонстрантите го изразуваа своето незадоволство и повикуваа на фер пребројување на гласовите.

Протестите започнаа мирно во средината на вечерта, но во Минск ситуацијата прерасна во насилство меѓу демонстрантите и безбедносните сили. Демонстрантите започнаа да градат барикади за да го блокираат сообраќајот на улиците[58]. Бројот на демонстранти во Минск пак, не можеше да се утврди, бидејќи тие беа концентрирани на повеќе места.[59]

Подоцна во ноќта, откако поголемите толпи беа разбиени, полициските службеници неколку часа бркаа помали групи демонстранти низ центарот на Минск. Борбата против безбедносните сили и полицијата продолжи во поголемите градови на Белорусија. Безбедносните сили користеа палки, гумени куршуми, водени топови, солзавец и шок-бомби, за да ги потиснат протестите, бидејќи цела ноќ ги разбиваа групите демонстранти во предградијата[60][61]. Во Брест, демонстрантите постепено се разотидоа, создавајќи толпа од 200-300 луѓе од околу 5.000, според претходните проценки[59] That night in Minsk, security forces dropped grenades near people, and leaving some with critical injuries.[59].

Координативен совет и Народна анти-кризна управа

Првата прес-конференција на советот одржана на 18 август, 2020 година

На 14 август во видео обраќање на Тихановскаја каде што таа тврдеше дека освоила 60-70% од гласовите на изборите, најави формирање на Координативен совет за трансфер на власта.[5]

Таа изјави дека советот треба да биде составено од „граѓански активисти, почитувани Белоруси и професионалци“ за да се справи со трансферот на власта од Лукашенко.[5][62] Апликациите за членство во преодниот совет беа отворени за секој белоруски државјанин кој ги признава изборите како фалсификувани и кој бил во позиција на општествена доверба, како лекари, наставници, бизнис лидери, автори или спортисти.[63]

На 17 август, Тихановскаја објави видео во кое изјави дека е подготвена да ја предводи преодната влада[64] и да организира нови, слободни и фер претседателски избори. Истиот ден проциркулира и список на членови во кој беше вклучена и Светлана Алексиевич, добитничка на Нобелова награда.[65][66] Првиот состанок на советот се одржа на 18 август, а неговото раководство беше избрано следниот ден.[67]

Лукашенко го осуди создавањето на советот како „обид за преземање на власта“ и најави „соодветни мерки“.[68] На 20 август, главниот обвинител покрена кривична постапка против координативниот совет, нарекувајќи го неуставен.[69]

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео ја повика белоруската влада активно да го вклучи белоруската општество, вклучително и преку новоформираниот совет, „на начин што го рефлектира она што белорускиот народ го бара, заради иднината на Белорусија и за успешна Белорусија“.[70]

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков го поздрави фактот дека советот не сака да го намали нивните врски со Русија и посочи дека се надева дека ќе продолжат добрите билатерални односи меѓу двете земји.[71]

На 17 септември, Европскиот парламент го призна координативниот совет како „привремен претставник на луѓето“ во Белорусија.[72]

Кон крајот на октомври, советот создаде влада во сенка наречена Народна анти-кризна управа (НАМ), за организирање на детални административни задачи за мирен трансфер на власта на фер и слободно избран претседател.[73][74] НАМ е предводена од Павел Латушко кој наведе дека ќе ги изгуби своите овластувања кога ќе биде инаугириран нов претседател.[75] Во ноември, НАМ објави внатрешни извештаи од белоруското Министерство за внатрешни работи во кои беа покажани 4.000 претставки за тортура и други незаконски дејствија од безбедносните сили поднесени во периодот од 9 август до 9 ноември, кои министерството ги игнорирало.[76]

Повреда на човековите права

Според бројни публикации, сузбивањето на протестите било придружено со екстремно полициско насилство и системско кршење на човековите права во однос на притворањето на демонстрантите.[77][78][79][80][81][82][83][84]

На 14 август, Светската организација против тортура (ОМКТ) објави соопштение во кое се осудуваат произволното притворање и тортура врз демонстрантите ширум Белорусија по изборите. Според изјавата, ваквите постапки сугерираат на злосторства против човештвото. Истовремено во него се повикува и на непристрасна светска истрага за „системското и крајно насилно угнетување“ на мирните протести во Белорусија.[85]

На 19 август, класификацијата на овие настани како злосторства против човештвото, во согласност со Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд, преку соопштение беше поддржана и од Фондацијата за човекови права (ХРФ). Според нивното соопштение, тие идентификувале 15 лица од белорускиот државен апарат кои биле одговорни за произволно притворање, тепање и тортура врз илјадници мирни демонстранти.

Меѓународни реакции

Меѓународни реакции за реизборот на Лукашенко на претседателските избори од 2020 година
  Белорусија
  Му честитале на Лукашенко
  Не го признале резултатот
  Искажале критика поради ескалацијата на конфликтот
  Без реакција

Бројни земји и организации ги изразија нивните мислења со тоа што некои го прифатија, а други го отфрлија изборниот резултат од претседателските избори во земјата. Многу од нив се фокусираа и на протестите осудувајќи го насилството.

Економски санкции

  • На 14 август, високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел соопшти дека ЕУ ќе воведе санкции против белоруските службеници одговорни за „насилство и фалсификат“. Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет, на 19 август пак, посочи дека ЕУ наскоро ќе воведе санкции против „значителен број“ поединци одговорни за насилство, репресија и изборна измама. Европската комисија објави дека ќе пренасочи 53 милиони евра наменети за белоруската влада кон граѓанското општество, жртвите на репресијата од потиснувањето на протестите и борбата на земјата против пандемијата со коронавирусот.
  • На 18 август, литванскиот парламент се согласи да воведе економски санкции против Белорусија.

Симболи

Црвено-белото знаме, односно официјалното знаме на независна Белорусија од 1991 до 1995 година, беше усвоено од про-демократската опозиција и стана симбол на нивното движење. Де-факто забрането од властите, знамето кое често полицијата го конфискува[6] и демонстрантите стана симбол за сите кои активно се противат на претседателот Лукашенко.[8] Други симболи што ги користат приврзаниците на опозицијата се и поранешниот грб на Белорусија, познат како Пахонија, односно историски грб на Големото војводство на Литванија[86] и песната „Вајацки марш“[87] која беше државна химна на Белоруската народна република, како и песната Пахонија.[88][89][90]

Вообичаен слоган кој го користат демонстрантите е фразата „Да живее Белорусија (белоруски:Жыве Беларусь!).[91][92] Демонстрантите против Лукашенко исто така го користеа и сегашното државно знаме на Белорусија, но во ретки прилики.[93] Во неколку изолирани случаи, тие го користеа и знамето на Европа.[94]

Сегашното државно знаме на Белорусија универзално се користеше на собири за поддршка на Александар Лукашенко.[95][96] Во неколку изолирани случаи, поддржувачите на Лукашенко го користеа знамето на Русија и знамето на Советскиот Сојуз.[96][97][98]

Галерија

Наводи


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица