Ракови

Ракови
Период: камбриум - денес
Примери за разни ракови
Научна класификација
Царство:Животни
Колено:Членконоги
Потколено:Ракови
Brünnich, 1772
Класи

Thylacocephala? †
Branchiopoda
Remipedia
Cephalocarida
Maxillopoda
Ostracoda
Malacostraca

Раковите (науч. Crustacea) — потколено на претежно водни членконоги животни. Повеќето од 44.000 ракови се морски видови, но постојат и многу слатководни облици. Неколкуте групи кои го населуваат копното не се особено успешни во еволутивна смисла; на повеќето им треба многу влажна околина за да преживеат.

Типови на ракови

Според големината, раковите можат да се поделат во две основни групи. Поголемата група, која е поделена на класите жаброноги (Branchiopoda), веслоноги (Copepoda), черупкари (Ostracoda) и прилепци (Cirripedia), ги вклучува познатиот џуџест рак, јастогот, лобстерот и крабата. Помалата група вклучува видови кои се или микроскопски или достигаат до 5 cm во должина. Повеќето од помалите морски форми можат да се најдат во планктонот и затоа тие имаат важна позиција во морскиот синџир на исхрана. Други копеподи се храна за малите риби, а други постојат како паразити на кожата и жабрите на рибите. Најдобро познати од малите слатководни ракови се членовите на родот водни болви (Daphnia), потоа вилиниот џуџест рак (претставник од Phyllopoda кој плива превртен) и киклопот (веслоног). Редот мокрици (Isopoda) ја вклучува единствената голема група на вистински копнени ракови. Познати и како дрвни вошки, овие мали животни можат да се најдат под кората на дрвјата, под камења и карпи и во други влажни места. Кога се вознемирени, тие се свиваат армадиловидно, повлекувајќи се во егзоскелетот.

Анатомија на раковите

Сите ракови имаат билатерално симетрични тела прекриени со хитински егзоскелет, кој може да биде тенок и варовников (како кај јастозите) или деликатни и транспарентни (како кај водните болви). Бидејќи егзоскелетот не расте, тој мора периодично да се менува кога животното подлежи на метаморфоза (обично од слободно пливачка ларва до адулт) или едноставно ја надминува големината на егзоскелетот. Одликите на слободно пливачката ларва на раковите, наречена науплиус, има несегментирано тело, средно око и три пара на додатоци.

Како другите членконоги, возрасните ракови имаат сегментирани тела и зглобести нозе; сегментите се обично групирани во забележлива глава, торакс и абдомен. Кај повеќето поголеми ракови, главата и тораксот се споени во цефалоторакс, кој е заштитен со голема штитовидна област на егзоскелетот наречена карапакс. Главата носи два пара на антени, обично едно средно око и две странични очи, како и три пара на гризачки делови - мандибули и два пара на магзили. Телесните додатоци на раковите подлегле на екстензивни адаптации за различни задачи како пливање, сетилна рецепција и одење. Кај многу видови, првиот пар на торакални додатоци е изменет во клешти. Жабрите обично се прикачени на основите на торакалните додатоци, а биењето на додатоците создава струење на водата низ жабрите со што се овозможува дишењето. Размножувањето е полово и повеќето видови се разделнополови. Во многу случаи јајце-клетките лежат под абдоменалните сегменти на женката. Џиновскиот кокосов рак е најголемиот рак , а и вооедно најголемиот членконог во светот . Е застапен во тропските шуми во островот на Палау . Достигнува должина од 1 метро и тежина од околу 5 килограми . Е наречен кокосов рак поради тоа што се исхранува со кокос , но ако не најде кокос во шумата за да се исхрани се качува по нискостеблестите гранки на дрвјата и бари плен за да го улови . Има многу остри заби , па така што може да откине човечки прст и да предизвика сериозни проблеми .

Ракот како тема во уметноста и во популарната култура

Галерија

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица