Северен Кавказ

Северен Кавказ (руски: Северный Кавказ) или Преткавказје (Предкавказье) — северен дел од регионот Кавказ во европска Русија, на подрачјето помеѓу Азовското и Црното Море на запад и Каспиското Море на исток. Територијата лежи северно од венецот Голем Кавказ) и опфаќа повеќе републики и краеви во рамките на Севернокавкаскиот и Јужниот федерален округ, и тоа Краснодарскиот и Ставрополскиот крај, како и републиките (од запад кон исток) Адигеја, Карачаево-Черкесија, Кабардино-Балкарија, Северна Осетија-Аланија, Ингушетија, Чеченија и Дагестан.[1]

Физичка карта на Кавказот.

Географски, поимот Северен Кавказ може да се однесува и на северната падина и западниот завршеток на венецот Голем Кавказ, како и дел од јужната падина кон запад (сè до реката Псоу во Абхазија). Поимот Преткавказје честопати ја опфаќа и Понтиско-касписката Степа (Преткавкаска Степа), чија северна граница е реката Манич.

Историја

Кавказот историски е покриен со степата, претежно на плодна варовна црница, која денес речиси целосно обработена. Подрачјето се граничи со Азовското Море на запад и Каспиското на исток. Преткавказјето лежи на европската страна на кавкаското подрачје кое го дели европскиот од азискиот дел на Евроазија.[2]

Севернокавкаскиот крај во советско време ја имал истата надворешна граница како денешниот Севернокавкаски економски регион, каде влегува една област (Ростовската), два краја (Краснодарскиот и Ставрополскиот) и седум републики. Поранешниот Севернокавкаски воен округ ги опфаќал и Астрахањската, Волгоградската област, како и републиката Калмикија. Сè до 10 јануари 1934 г. негово управно седиште било во Ростов на Дон, потоа преместено во Пјатигорск, за во јануари 1936 г. да биде повторно преместен во Орџонкиѕе (денешен Владикавказ). На 15 декември 1936 г. е конечно преместено во Ворошиловск (денешен Ставропол).

Во 2011 г. руската влада направила план за создавање на севернокавкаски пандан на Силициумската Долина со цена на чинење од 32 милијарди рубљи (1,1 милијарди долари) како дел од стопанскиот развој на регионот.[3]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица