Републики во Русија

Руската Федерација се дели на 85 федерални субјекти (составни единици), 22 од нив се републики. Републиките се територии со неруско население. Локалните етнички групи се нарекуваат „титуларни националности“. Заради децении (во некои случаи векови) внатрешна имиграција во рамките н Русија, оваа националност обично не е мнозинството во таа република.

Уставен статус

Републиките се разликуваат од другите федерални субјекти по тоа што имаат право да постават свој службен јазик (Член 68 од рускиот Устав) и да имаат свој устав. Другите федерални субјекти, како краеви (територии) и области (провинции), го немаат ова право. Секоја република има свој претседател.

Нивото на фактичка автономија варира од единица до единица, но обично таа е прилично голема. Парламентарните собранија на републиките често имаат донесувано закони кои се косат со федералниот устав, и претседателите на републиките знаат да бидат многу моќни. Меѓутоа оваа автономија е прилично намалена под водството на Владимир Путин, Претседател на Руската Федерација од 2000, кој се залага за превласт на федералниот устав.

Воспоставувањето на седум големи краеви над регионите и управители назначени од претседателот ја има зајакнато власта на законот и следењето на уставот во републиките. Покрај тоа, Путин го има зајакнато законодавството во републиките, а ја има заслабнато извршната власт. Сега претседателите на републиките ги назначува самиот претседател на Русија, но ваквата номинација мора да биде прифатлива за парламентот на таа република.

ВО најголемиот дел од републиките има некаков вид на сепаратистичко движење, но овие не се многу силни. Меѓутоа меѓу Tатарите, Bашкирите, Јакутите и еченците има силна поддршка за отцепување. Но оваа замисла е прилично проблематична заради етничкиот состав на населението во тие републики (Татарстан, Башкортостан, Јакутија); (заради Чеченската војна, денес многу малку нечеченци живеат во Чеченија).

Список на републики во Русија

  1. Адигеја
  2. Алтај
  3. Башкортостан
  4. Бурјатија
  5. Дагестан
  6. Ингушетија
  7. Кабардино-Балкарија

8. Калмикија
9. Карачаево-Черкесија
10. Карелија
11. Коми
12. Мариј Ел
13. Мордовија
14. Јакутија

15. Северна Осетија-Аланија
16. Татарстан
17. Тува
18. Удмуртија
19. Хакасија
20. Чеченија
21. Чувашија
22. Крим

РепубликаКонтинентТитуларна националност1Тируларна националност во населението на републикатаТитуларна националност: Јазична групаТитуларна националност: Главна религијаЕтнички руси во населението на републикатаНаселение4
Адигеја (Адыгея)ЕвропаЧеркези23%КавкаскиСунитски ислам66%450,000
Алтај (Алтай)АзијаАлтајци31%ТуркискиБурханизам, Ламаизам, Шаманизам57%200,000
Башкортостан (Башкортостан)ЕвропаБашкири28%ТуркискиСунитски ислам39%4,000,000
Бурјатија (Бурятия)АзијаБурјати24%МонголскиТибетски будизам („Ламаизам“)69%1,100,000
Чеченија (Чеченская Республика)ЕвропаЧеченци2помеѓу 70% и 98%кавкаскиСунитски исламне се знае7не се знае7
Чувашија (Чувашская Республика)ЕвропаЧуваши68%туркискиРуско православие27%1,400,000
Дагестан (Дагестан)Европа10 локални народности380%Кавкаски,туркиски5Сунитски ислам12%1,900,000
Ингушетија (Ингушетия)ЕвропаИнгуши277%КавкаскиСунитски ислам1%470,000
Кабардино-Балкарија (Кабардино-Балкарская Республика)ЕвропаКабардинци, Балкари66% (Кабардинци 55%, Балкарци 11%)Кавкаски,туркискиСунитски ислам, Руско православие625%790,000
Калмикија (Калмыкия)ЕвропаКалмици53%МонголскиТибетски будизам („Ламаизам“)33%320,000
карачево-Черкесија (Карачаево-Черкесская Республика)ЕвропаКарачајци, Черкеси50% (Карачајци 39%, Черкеси 11%)туркиски, КавкаскиСунитски ислам42%430,000
Карелија (Карелия)ЕвропаКарели (сродни на финците)11%угрофинскиРуско православие72%800,000
Хакасија (Хакас(с)ия)АзијаХакаси12%туркискиРуско православие80%580,000
Коми (Коми)ЕвропаКоми~25%угрофинскиРуско православие58%1,200,000
Мариј Ел (Марий Эл)ЕвропаМаријци43%угрофинскиРуско православие48%760,000
Мордовија (Мордовия)ЕвропаМордвинци36%угрофинскиРуско православие56%960,000
Саха (Јакутија) (Саха (Якутия))АзијаЈакути45%туркискиРуско православие, Шаманизам41%1,100,000
Северна Осетија-Аланија (Северная Осетия-Алания)ЕвропаОсети53%ИранскиРуско православие, Сунитски ислам30%650,000
Татарстан (Татарстан)ЕвропаТатари52%туркискиСунитски ислам39%3,700,000
Тува (Тыва)АзијаТуванци77%туркискитибетски будизам („Ламаизам“), шаманизам20%310,000
Удмуртија (Удмуртская Республика)ЕвропаУдмурти31%угрофинскиРуско православие59%1,600,000
Белешки:
  1. Кабардино-Балкарија, Карачево-Черкесија и Дагестан имаат повеќе титуларни националности.
  2. Некогашната Чеченско-Ингушка Автономна Советска Социјалистичка Република имала две титуларни националности сè до нејзината поделба на две републики, Чеченија и Ингушетија, во 1991.
  3. Десетте локални националности во Ингушетија се: Агули, Авари, Даргинци, Кумици, Лакци, Лезгинци, Ногајци, Рутулци, Табасаранци и Цахури.
  4. Сите броеви на население во таблицава се со до две децимали.
  5. Балкраците, Карачајците, Кумиците и Ногајците се туркиски народи, додека Агулите, Аварите, Черкесите, Даргинците, Лакците, Лезгинците, Рутулците, Табасаранците и Цахурите се кавкаски.
  6. Кабардинците и најголемиот дел од Балкарците се муслимани, но некои балкарци се руски православци
  7. Чеченската војна предизвикала голема бегласка миграција, и затоа точна проценка на населението во чеченија е невозможна. Многу од „чеченските граѓани“ впрочем живеат на друго место, главно во Ингушетија. Во некогашната Чеченско-Ингушка АССР, населението било 23% руско и 58% чеченско.
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица