Селџучко Царство

средновековно царство

Селџучко Царство (персиски: دولت سلجوقیان) — персиско [2][3][4][5][6][7] средновековна сунитско муслиманско царство, основано од страна на Турците Огузи[8]. Во својот најголем подем, царството се простирало од Хиндукуш на исток до Анадолија на запад, делови од Средна Азија кон Персискиот Залив.


دولت سلجوقیان
Dawlat-i Saljūqiān
Селџучко Царство

1037 – 1194
Местоположба на Големо царство на Селџуците
Царството во 1092
Главен градНишапур
Реј
Јазициперсиски
Уредувањемонархија
Султан
 - 1037 - 1063Торгул бег (прв)
 - 1118 - 1153Ахмед Санјар (последен)
Историја
 - Торгул1037
 - Заменета од Хорезамското царство[1]1194
Површина
 - 1080 est.3900000 км²
Минати
Следни
Газневидско Царство
Khwarezmian Empire
[[Румелиски Султанат]]
[[Абасиди]]
[[Атабегство Азербејџан]]
[[Буруди]]
[[Зенгидска династија]]
[[Данишменди]]
[[Ортокиди]]
[[Салтукиди]]

Царството го основал Тогрул I во 1037 година по името на основачот на династијата, Селџук или Селџук-бег во почетокот на 11 век. Династијата успеала да го обедини источноисламскиот свет. Царството одиграло важна улога во Првата и Втората крстоносна војна. Нивната персијанизација[2][3][4][5] на културно поле,[9][10][11] и јазикот [2][12][13][14][15] одиграле голема улога во развивањето на турско-персиската традиција.[16]

Основач на династијата

Основач на династијата и идната големо царство бил бегот Селџук, кој служел во хазарската војска. Кон средината на 10 век тој живеел во Хорезам, блиску градот Кучанд каде го примил исламот.[17]

Селџуци

Селџуците биле во сојуз со персиските Саманиди, и заедно војувале со Караканидите. По победата на Селџуците над Газневидите во 1040 година, тие станале најголемиот соперник на Караканидите.

Тогрул

Торгул Бег бил третиот владетел од династијата на селџуците. Тој е директен внук на Селџук. Во текот на неговото време тој ја зазел Месопотамија и Иран, како и градот Багдат каде ја создал Големото селџучко Царство. Торгул на власт дошол во 1016 година. Во 1028-1029 година заедно со брат му Чагри успеал да го зазеде Хорезам. Градот Багдат го зазел во 1055 година. По само три години во градот избувнало востание со кое Селџуците и Абасидите биле прогонети од градот од страна на Фатимидите, но по две години Торгул повторно успеал да го врати градот и својата власт. Негов наследник бил Апл Арслан.

Апл Арслан

Алп Арслан бил вториот султан на селџуците и син на Чагри Бег. Тој бил правнук на Сулџук. Во негово време, тој успеал да воведе контрола во својот султанат и ѝ нанел голем пораз на Византија во Битката кај Манцикерт. Оваа битка се смета за почеток на туркските завладувања во Анадолија и пропаѓање на Византија.[18] Освен тоа тој неговото царство го проширил зазимајќи ја денешна Грузија и Ерменија во 1064 година.

Мелик Шах I

Наследник на Апл Арслан бил Мелик Шах I (1072-1092), запаметен како еден од најголемите и најуспешните султани. Во текот на неговото владеење тој ја проширил своето царство кон Сирија на сметка на Фатимидите од Египет. По неговата смрт, царството се распаднало на неколку помали држави помеѓу неговите четири сина. Килиџ Арслан I го обновил Румелискиот султанат, Тутуш I се статиционирал во Сирија. Во Персија Мелик Шах бил наследен од страна на неговиот син Мамут I. Неговата власт пак биа оспорена од тројцата браќа: Баркијарук, Мехмет I и Ахмет Санјар.

Сите овие внатрешни конфликти и граѓански војни довеле до неуспех во првата крстоносна војна.

Прва крстоносна војна

Додека расделените Селџуци се бореле помеѓу себе околу завладување или консолидирање на нивните територии, сето тоа довело до неуспех во текот на Првата крстоносна војна. По успехот на неподготвените крстоносци во Народната крстоносна војна во 1096 година, Селџуците сепак во наредните години не можеле да го сопрат напредокот на организираните крстоносци од Западна Европа. Многу бргу тие ги загубиле Никеја, Конија, Кајсери, Антиохија за да на крајот крстоносците се упатат кон светиот град Ерусалим и во 1099 година да го заземат градот создавајќи крстоносни држави. Селџуците ја изгубиле по ова и цела Палестина.

Втора крстоносна војна

Ахмед Санјар морал да се соочи и со бунтовите и походите со Караханидите, Гуридите и Карлуките. Дури и Кара Кина извршила инвазија од исток, уништувајќи го скоро целосно царството. Во 1141 година, Санјар ги изгубил сите свои територии на исток до Сир Дирја. Обид за консолидација на султанатотпробал да направи Зенги од Мосул. Вториот крстоносен поход (1147-1149) бил закажан за во текот на 1145 година како одговор за потпаѓањето на грофовијата Едеса на 25 декември претходната година во рацете на владетелот на Мосул - Зенги.

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица