Соба (филм од 2015)

Соба (англиски: Room) e Британско-американско-канадско-ирски[4] независен филм од 2015 година режиран од Лени Абрахамсон по сценариото на Ема Донаку, засновано на нејзиниот истоимен роман. Главните улоги во филмот ги играат Бри Ларсон, Џејкоб Трембли, Џоун Ален, Шон Бриџерс и Вилијам Х. Мејси. Чувана во заробеништво седум години во затворен простор, жена (Ларсон) и нејзиниот петгодишен син (Трембли) конечно ја добиваат својата слобода, овозможувајќи му на момчето да го доживее надворешниот свет за првпат.

„Соба“
РежисерЛени Абрахамсон
Продуцент
  • Ед Гини
  • Дејвид Грос
СценаристЕма Донаху (по нејзиниот истоимен роман)
Главни улоги
  • Бри Ларсон
  • Џејкоб Трембли
  • Џоун Ален
  • Шон Бриџерс
  • Вилијам Х. Мејси
МузикаСтивен Реникс
КинематографијаДени Коен
МонтажаНејтан Нјуџент
ДистрибутерА24
Премиера16 октомври 2015 (2015-10-16) (САД)
Времетраење118 минути[1]
Земја
ЈазикАнглиски јазик
Буџет13 милиони долари[2]
Бруто заработка35.4 милиони долари[3]

Филмот ја имал својата светска премиера на фестивалот во Телјурајд на 4 септември 2015 година и имал ограничено прикажување во САД на 16 октомври 2015 година. За својата улога, Ларсон добила бројни награди вклучувајќи ги Оскарот за најдобра глумица во главна улога, наградата БАФТА, Златниот Глобус за најдобра глумица во драма, и наградата од страна на здружението на филмски глумци за најдобра глумица во главна улога. Соба исто така добил три други номинации за Оскар, односно за најдобар филм, најдобар режисер и најдобро адаптирано сценарио.

Улоги

  • Бри Ларсон како Џои "Ма" Њусом
  • Џејкоб Трембли како Џек Њусом
  • Џоун Ален како Ненси Њусом
  • Вилијам Х. Мејси како Роберт Њусом
  • Шон Бриџерс како Стариот Ник
  • Том Меккамус како Лео
  • Аманда Бругел како полицаец Паркер
  • Џои Пинг како полицаец Грабовски
  • Кес Анвар како доктор Митал
  • Венди Крусон како ТВ водителка

Пред-продукција

Ема Донаху го напишала сценариото за филмот пред објавувањето на истоимениот роман. Откако Џоун Ален ја добила улогата на Ненси, нејзината улога била проширена. Ема Вотсон, Руни Мара и Шејлин Вудли претендирале за улогата на Ма. Режисерот Лени Абрахамсон видел повеќе од 2000 детски глумци пред да ја види аудициската снимка на Џејкоб Трембли.

Продукција

Снимањето на филмот започнало на 10 ноември 2014 година во Торонто[5] и завршило на 15 декември 2014 година.[6] За својата улога, Ларсон се консултирала со експерт за траума и со нутриционист.[7] Таа изјавила дека на филмот гледа помалку криминална приказна а повеќе "приказна за љубовта, слободата и истрајноста и какво е чувството да пораснеш и да станеш свој човек".[7]

Издавање

Пред продукцијата на филмот, дистрибутивната компанија А24 побарала дистрибуциски права за филмот во САД.[8] Филмот ја имал својата светска премиера на фестивалот во Телјурајд на 4 септември 2015 година.[9] Филмот исто така специјално бил прикажан на фестивалот во Торонто,[10] како и на фестивалот во Лондон на 11 октомври 2015 година.[11] Филмот имал ограничено прикажување во САД на 16 октомври 2015 година,[12] а започнал да се прикажува пошироко од 22 јануари 2016 година.[13] Во Обединетото Кралство, филмот бил издаден на 16 јануари 2016 година, од Studio Canal.[14]

Филмски критики

Агрегаторот Rotten Tomatoes му доделува на филмот рејтинг од 94%, заснован на 239 ревизии, со просечен рејтинг од 8.4/10. Критичкиот осврт на мрежното место гласи, "Воден од неверојатната работа на Бри Ларсон и Џејкоб Трембли, Соба носи неверојатно стравично – и несомнено наградено – искуство."[15] Metacritic му доделува на филмот резултат од 86/100, заснован на ревизии од 43 филмски критичари, укажувајќи "глобално признание".[16]

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица