Список на нематеријално културно наследство на УНЕСКО

список на статии на Викимедија

Список на нематеријално културно наследство на УНЕСКО - список на УНЕСКО направен со цел да обезбеди подобрена заштита на важните нематеријални културни наследства ширум светот и свесност за нивното значење.[1] Овој список е објавен од Меѓувладиниот комитет за заштита на нематеријалното културно наследство, чии членови се избираат од државите членки кои се состануваат на Генералното собрание.[2] Преку компендиум на различните усни и нематеријални богатства на човештвото ширум светот, програмата има за цел да го привлече вниманието на важноста на заштитата на нематеријалното наследство, кое УНЕСКО го идентификуваше како суштинска компонента и како складиште на културната различност и креативно изразување.[3][4]

Распространетост според земја

Списокот е направен во 2008 година кога стапи на сила Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно наследство од 2003 година.

Во 2013 година биле запишани четири елементи на Списокот на нематеријално културно наследство на кое му треба итна заштита, што им помага на државите членки да остварат меѓународна соработка и помош за да обезбедат пренос на ова наследство со учество на засегнатите заедници. Списокот за итна заштита сега има 35 елементи. Меѓувладиниот комитет, исто така, запиша 25 елементи на репрезентативниот список на нематеријалното културно наследство на човештвото, што служи за подигање на свеста и совеста за нематеријалното наследство и обезбедува признавање на традициите и знаењето на заедниците што ја прикажуваат нивната културна различност и разновидност. Списокот не пропишува ниту признава никаков стандард на извонредност или ексклузивност. Сите списоци заедно сочинуваат вкупно 676 елементи, што одговара на 140 земји, заклучно со април 2023 година.[5]

Работите запишани во списоците се сметаат за важни манифестации на нематеријалното наследство на човештвото, највисоката чест за нематеријалното наследство на глобално ниво.

Поврзано

Надворешни врски

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица