Старогрчка архитектура

Старогрчката архитектура е архитектонски стил кој се појавил во Стара Грција, истоивремено со развивањето на старогрчката култура, писмо, јазик и религија. Се појавила во 7 век п.н.е. а траела сè до 5 век п.н.е. на просториите на денешна Микена и како таква, претставува една од најцивилизираните архитектури во светот во тоа време.[1]

Особености

Палестра во Олимпија

Во почетокот на старогрчкиот развој, повеќе од градбите по состав биле изработувани од дрво, глина, а биле користени и блатата при изградба на објектите. Во денешно време нема зачувано скоро ниедна градба од тоа време. Повеќе од сочуваните објекти во античката историја се препишуваат на Древниот Рим кои сосема целосно ја изкопирале старогрчката архитектура, култура и религија. Самата архитектура како склулптура и слика, не била признаена како уметност, поради кое и самите архитекти и нивните имиња не биле познати или значајни сè до 5 век п.н.е. Доколку во денешно време би бил познат архитектот на Пантеонот или некоја друга значајна градба, тој во секој случај би бил прогласен како гениј. Стандардните форми на старогрчките јавни згради се познати од староримските извори, кои деловно ја копирале грчката архитектура како што е Пантеонот во Рим. Самата зграда имала правоаголна или квадратна форма.

Самиот храм со текот на времето станал носител на архитектонскиот стил на Стара Грција. Храмот е градба кој бил посветен на некое божество од старогрчката митологија и не бил место каде се составувале верниците и во повеќе случаи бил како скулптура отколку архитектура [2], за разлика од римските или христијанските храмови каде основна цел на храмовите е собир на верниците пред Бог. Во неговиот ентериер обично се наоѓале скулптури од боговите. Темелите на храмот се изработувале од камен, а самата зграда од тула и дрво. Двените греди биле засечени на три засебни места за фрлање во сенка на нивните грубо исечени краеви.

Дорски стил

Дорскиот стил е еден од најраните и најраспространетите стилови од класичната архитектура од 7 век п.н.е. до околу 5 век п.н.е. Неговата форма претставува вертикален цилиндар, со поширок размер во неговата основа. Најголема одлика на овој стил е триглифот и метопата. Триглифот е архитектонски поим за вертикално врежани плочки, два совршени и еден поделен, со тоа што двата фасирани агла или хемиглифи се сметаат за еден. Квадратните вовлечени места помеѓу триглифите на фриз се нарекуваат метопи.

Јонски стил

Јонскиот стил се развил во Јонија и датира од средината на 6 век п.н.е. Првиот од големите јонски храмови, и покрај тоа што постоел само едно десетилетие пред да биде срушен од земјотрес, е храмот на Хера во Самос, а другиот многу попознат храм е Храмот на Артемида во Ефес, кој во исто време е прогласен како едно од седумте светски чуда на античкиот свет.

Коринтски стил

Коринтскиот стил се одликува карактеризира со стеснет столб и богато украсен капитол. Овој стил многу не бил користен од страна на грчките архитекти. Најстари примери од овој стил е храмот на Аполон, Олимпеон во Атина и Храм Ламбранди.

Грчки театар

Во старогрчката архитектура која се интензивно развивала во текот на 4 век п.н.е., значајно место зазимаат и грчките театри. Во почетокот, тие биле градени од дрво, а подоцна од камен. Во склопот на театарот се градиле и седишта за гледачите, каде во глобала театарот имал полукружна или кружна форма. Најзначајни театри од оваа ера се Театарот посветен на Дионис во Атина и театрот во Делфи.

Грчки акропол

Поради одбранбени причини, раните народи ги избирале издигнатите места (ридови, планини и сл.) за да ги изградат своите цитадели, кои станале во многу делови на светот јадро на големите градови кои се формирале околу нив во пониските предели.

Најпознат пример за акропол е Атинскиот акропол, кој поради историските асоцијации и познатите згради издигнати на него е познат едноставно како „Акропол“.

Галерија

Поврзано

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица