Тоскана

Тоскана (италијански: Toscana) — еден од најголемите и најважни региони во Италија поради своето културно-историско и уметничко наследство. Сместена во Централна Италија, на северозапад се граничи со Лигурија, на север со Емилија-Ромања, на исток со Марке и Умбрија, на југ со Лацио. Површината која го зафаќа овој регион на Апенинскиот Полуостров е 22.997 км2 а името произлегло од првите жители кои ја населувале таа зона, Етрурците или Туски, кои му ги дале на регионот првите форми на територијална организација. По нив, регионот бил заземен од страна на Римјаните а по паѓањето на Римското Царство, Тоскана паднала под власт на Готите, Лонгобардите и на Каролинзите. Во средновековниот период биле основани независните општини кои не издржале под превласта на Фиренца со која управувало семејството Медичи.Тоскана се смета за лулката на италијанскиот јазик во која се родиле едни од најпознатите италијански уметници и поети. Освен тоа, Тоскана е своевиден регион-музеј: нејзините градови чуваат многубројни ремек дела како палати, цркви, галерии, кои привлекуваат туристи од целиот свет.

Катедралата Санта Марија дел Фјоре во Фиренца
Тоскана
Toscana
Регион во Италија
Знаме на ТосканаГрб на Тоскана
ЗемјаИталија
Админ. центар[[Фиренца]]
Управа
 • ПретседателЕнрик Роси (PD)
Површина
 • Вкупна22.993 км2 (8,878 ми2)
Население (31-03-2012)
 • Вкупно3.763.076
 • Густина160/км2 (420/ми2)
ДемонимТоскан
Граѓанство[1]
 • Италијанци90%
 • Кинези8%
 • Албанци1%
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
БДШ/ном.€ 106.1[2] милијарди (2008)
БДП/жит€ 28,500[3] (2008)
NUTSITC
Мреж. местоregione.toscana.it

Главен град на регионот Тоскана е Фиренца, град кој е прочуен во светот по својата убавина и многубројните културно-историски споменици, но и по природната убавина. Во овој регион се сместени и други познати градови како Пиза, Сиена, Лука, Арецо и Ливорно.

Наводи

Надворешни врски

Врвот Пизанино на Апуанските Алпи
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица