Трахома

Трахома, позната уште како грануларен конјунктивит, Египетска офталмија,[5] и заслепувачка трахома е заразна болест предизвикана од бактеријатаКламидија трахоматис.[2] Инфекцијата предизвикува стврднување на внатрешната страна од очните капаци. Ова стврднување може да предизвика болка во очите, оштетување на надворешната страна на рожницата од очите, а можно е да дојде и до појава на слепило.[2]

Трахома
СинонимиГрануларен конјуктивит, заслепувачка трахома, Египетска офталмија[1]
СпецијалностЗаразна болест
СимптомиБолка во очите, слепило[2]
ПричинителиChlamydia trachomatis[2]
Ризик-факториПренаселеност, недостиг на чиста вода и тоалети[2]
ПревенцијаМасовен третман, подобрување на санитарните услови[3]
ТретманЛекови, хирургија[2]
ЛековиАзитромицин, тетрациклин[3]
Честота80 милиони[4]
    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).

Причинител

Бактеријата која ја предизвикува болеста може да се шири и преку директен и индиректен контакт со инфицираните очи или нос на заразената личност.[2] Индиректниот контакт може да биде преку облека или инсекти кои претходно биле во контакт со очите или носот на инфицираната личност.[2] Потребни се голем број на инфекции низ годините за да можат да го оштетат очниот капак за тој да биде толку цврст, за трепките да почнат да се спојуваат со окото. ref name=WHO2013/> Децата почесто ја шират болеста од возрасните.[2] Лошите санитарни услови, пренаселените места и недоволно чистата вода предизвикуваат побрзо ширење на болеста.[2]

Превенција и лекување

Напорите што се прават за спречување на болеста вклучуваат подобрен пристап до чиста вида и намалување на бројот на инфицирани поединци преку лекување со антибиотици.[2] Ова може да вклучува и истовремено лекување на поголеми групи на луѓе, каде што се знае за присуството на болеста.[3] Само чистењето не е доволно за спречување на болеста, но може да биде корисно заедно со другите мерки.[6] Можностите за лекување вклучуваат орално земање на лекот азитромицин или локално со тетрациклин.[3] Повеќе се препорачува азитромицин зашто орално се зема само еднаш.[7] Откако ќе настане оштетување на очниот капак, се препорачува операција за да се вратат трепките во претходната положба и да се спречи слепило.[2]

Епидемиологија

На светско ниво, околу 80 милиони луѓе се активно инфицирани.[4] Во некои делови од светот, инфекциите се присутни кај 60 % до 90 % кај децата и поприсутни се кај жените отколку кај мажите поради поблискиот контакт со деца.[2] Болеста е причина за послаб вид кај 2,2 милиони луѓе од кои 1,2 милиони луѓе се слепи.[2] Најчесто се појавува во 53 држави во Африка, Азија, Централна и Јужна Америка, во кои 230 милиони луѓе се на ризик.[2] Ова е причина за загуба на 8 милијарди долари секоја година.[2] Болеста припаѓа на групата на болести, позната како запоставени тропски болести.[4]

Наводи

Надворешни врски

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори



🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица