Тромсе

Тромсе (норвешки: Tromsø) е значаен град во Норвешка. Градот се наоѓа во состав на покраината Северна Норвешка и е седиште и најголем град на округот Тромс и Финмарк. Според податоците за бројот на населението во 2012 година во Тромсе живеат 71.590 жители. Тромсе е најсеверниот град во Норвешка и втор по големина град над Северниот Поларник, веднаш после Мурманск. Во склад со тоа, градот е и главно норвешко пристаниште за развојот на северниот дел на државата и истражувањето на Арктикот.

Панорамски поглед кон Тромсе
Грб на Тромсе

Природни услови

Градот Тромсе се наоѓа во северниот дел на Норвешка. Од главниот град Осло е оддалечен 1.650 километри северно. Според тоа, главната врска со Осло и останатиод дел на Норвешка ја има преку авио-сообраќајот.

Релјеф: Тромсе се наоѓа на северозападниот брег на Скандинавскиот Полуостров. Се развил на истоимениот фјорд Тромсе. Градот го опкружуваат планини, па според тоа, надморската висина изнесува од 0-100 метри.

Клима: Климата во Тромсе е континентална со големо влијание на Атлантикот и Голфската струја и Арктикот. Многу е поостра од останатиот дел на Норвешка јужно, но и значително поблага од некои места на слична географска ширина.

Води: Тромсе се развил како морско пристаниште на заливот на истоимениот фјорд Тромсе, на брегот на Северно Море. Заливот не е отворен кон морето, туку овде се наоѓаат повеќе мали полуострови и острови. Поголемиот дел од градското подрачје се наоѓа на островот Тромсеја, а помалиот на копното.

Историја

Првите траги на населување на местото на денешен Тромсе биле во праисториско време и се поврзани со лапонските староседелци. Зачетоците на денешната норвешка населба се поврзани со средниот век, поточно 1252 година, кога на ова место се подигнува црква, како место за собир. Меѓутоа, местото не било многу значајно во текот на следните векови. Тромсе во 1794 година добил градски права, што претставувало вовед во развојот на градот во 19 век, кога станува центар на развојот на европскиот дел на Арктикот. Во текот на петгодишната окупација на Норвешка (1940-1945) од страна на Третиот рајх, Тромсе и неговото население не страдале многу.

Население

Денес Тромсе има околу 71.000 жители, што е за трипати повеќе отколку пред пола век. Во последните години бројот на населението во градот се зголемува по просек за 1% годишно.

Стопанство

Стопанството се заснова најмногу на користење на ресурсите од норвешкиот дел на Арктикот. Најразвиени гранки се риболовот и морепловството, а денес сè повеќе се развива и истражувањето на Арктикот.

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица