Парламентарна република

Парламентарна република — вид република која се управува под парламентарен систем, каде извршната власт (владата) е подредена и отчетна на законодавната (парламентот). Постојат повеќе видови парламентарни републики. Кај највеќето вакви републики постои јасна поделба на надлежностите помеѓу шефот на владата и шефот на државата, при што шефот на владата ја има вистинската власт, како кај уставните монархии. Кај некои, улогите на шеф на владата и шеф државата се споени во едно (како во претседателскиот систем), но сепак функционерот е зависен од парламентот.

Карта на разни државни уредувања
  Уставни монархии каде власта ја има парламентот.
  Парламентарни републики каде парламетот е над шефот на државата.
  Парламентарни републики со извршен претседател избран од парламентот и отчетен пред него.

Во ваквите држави, шефот на државата најчесто се нарекува „претседател“, а шефот на владата е „премиер“ или „канцелар“. Шефот на владата мора да ја има довербата на парламентот, а неговиот мандат може да подлежи на измени. Шефот на државата не подлежи на вакви ограничувања, но затоа има значајно помала извршна моќ.

Овластувања

За разлика од републиките со претседателски или полупретседателски систем, шефот на државата (претседателот) нема голема извршна надлежност, туку тие му припаѓаат на шефот на владата (премиер и сл.).

Во земјите кајшто шефот на државата го бираат членовите на парламентот, истиот ја има и функцијата на шеф на владата (како во Боцвана, Маршалските Острови, Науру, ЈАР и Суринам) и е водач на најголемата владејачка партија.

Во извесни случаи, претседателот може да има теоретски овластувања во секојдневното управување со земјата (на пр. во Финска), но според воспоставената практика не ги користи, или пак со нив го спроведува она што е одлучено во парламентот. Ова би можело да се нарече полупретседателски систем на основа на парламентарен.

Список на денешни парламентарни републики

Име на државатаПретходно уредувањеСтанала парл. републикаШефот на државата го бираКоморност
Австријаеднопартиска држава (како дел од Третиот Рајх, погл. аншлус)1945непосредно, во втор кругдводомен
Албанијаеднопартиска држава1991парламентот, со мнозинствоеднодомен
Бангладешпретседателска република1991[б 1]парламентотеднодомен
Босна и Херцеговинаеднопартиска држава (дел од СФРЈ)1991непосредно, во втор кругдводомен
Боцванабритански протекторат (Бечуаналенд)1966парламентот, со мнозинствоеднодомен
Бугаријаеднопартиска држава1989непосредно, во втор кругеднодомен
Вануатубританско-француски кондоминиум (Нови Хебриди)1980парламентот и претседателите на регионалните совети, со мнозинствоеднодомен
 Гвајанауставна монархија (крунска земја)1970парламентот, со мнозинствоеднодомен
Германијаеднопартиска држава1949[б 2]сојузното собрание (парламентот и покраинските пратеници), со апсолутно мнозинстводводомен
Грцијавоена хунта; уставна монархија1975парламентот, со мнозинствоеднодомен
Доминиказдружена земја на Обединетото Кралство1978парламентот, со мнозинствоеднодомен
Естонијаеднопартиска држава (дел од СССР)1991[б 3]парламентот, со двотретинско мнозинствоеднодомен
Етиопијаеднопартиска држава1991парламентот, со двотретинско мнозинстводводомен
Израелпротекторат (дел од Британскиот мандат во Палестина)1948парламентот, со мнозинствоеднодомен
Индијауставна монархија (британско владение)1950парламентот и пратениците од собранијата на сојузните држави, со единечен пренослив гласдводомен
Иракеднопартиска држава2005парламентот, со двотретинско мнозинствоеднодомен (официјално дводомен)
Ирскауставна монархија (британско владение)1949[б 4]непосредно, со единечен пренослив гласдводомен
Исланддотогаш во состав на Данска; уставна монархија1944непосредно, со мнозинствоеднодомен
Италијауставна монархија1946парламентот, со двотретинско мнозинстводводомен
ЈАРуставна монархија (крунска земја)1961парламентот, со мнозинстводводомен
Киргистанпретседателска република2010непосредно, во втор кругеднодомен
Кирибатипротекторат1979парламентот, со мнозинствоеднодомен
Латвијаеднопартиска држава (дел од СССР)1991[б 5]парламентотеднодомен
Либанпротекторат (Француски мандат во Либан)1941парламентотеднодомен
Либијанародна република т.е. џемахирија (пред 2011 г.)2012парламентотеднодомен
 Маврициусуставна монархија (крунска земја)1992парламентот, со мнозинствоеднодомен
Македонијаеднопартиска држава (дел од СФРЈ)1991непосредно, во втор круг, по прогласената независност со референдумеднодомен
Малтауставна монархија (крунска земја)1974парламентот, со мнозинствоеднодомен
Маршалски Островистарателско подрачје на ООН (дел од Старателското подрачје на Тихоокеанските Острови)1979парламентотдводомен
Микронезијастарателско подрачје на ООН (дел од Старателското подрачје на Тихоокеанските Острови)1986парламентот, со мнозинствоеднодомен
Молдавијаеднопартиска држава (дел од СССР до 1990 г.)
преодна парламентарна република (1991-1994)
1994[б 6]парламентот, со мнозинствоеднодомен
Монголијаеднопартиска држава1949непосредноеднодомен
Наурустарателско подрачје на Австралија1968парламентотеднодомен
Непалуставна монархија2008парламентотеднодомен
Пакистанпретседателски и полупретседателски систем2010[1][2]парламентот и пратениците од собранијата на сојузните држави, со единечен пренослив гласдводомен
Полскаеднопартиска држава1990непосредно, во втор кругдводомен
Самоауставна монархија2007парламентотеднодомен
Сан МариноРимско Царство301парламентотеднодомен
Сингапуруставна монархија (дел од Малезија)1965непосредноеднодомен
Словачкаеднопартиска држава (дел од Чехословачка)1993парламентот (пред 1999 г.)
непосредно, во втор круг (од 1999 г.)
еднодомен
Словенијаеднопартиска држава (дел од СФРЈ)1991непосредно, во втор кругдводомен
Сомалијапреодна влада (по 1991 г.)
еднопартиска држава (пред 1991 г.)
2012парламентотдводомен
Србијаеднопартиска држава (дел од СФРЈ)1991непосредно, во втор кругеднодомен
 Суринамвоена диктатура1987парламентот, со мнозинствоеднодомен
 Тринидад и Тобагоуставна монархија (крунска земја)1976парламентотдводомен
Тунисполупретседателски систем (1956-2011)
преодна влада (2011-2014)
2014парламентот, со мнозинствоеднодомен
Турцијаеднопартиска држава1946непосредно (од 2007 г., претходно од парламентот)еднодомен
Унгаријаеднопартиска држава1990парламентот, со апсолутно мнозинствоеднодомен
Финскаполупретседателска република2000[б 7]непосредно, во втор кругеднодомен
Фиџивоена хунта2014парламентот, со мнозинствоеднодомен
Хрватскаполупретседателска република 1990 - 2000

порано: еднопартиска држава (дел од СФРЈ)

2000непосредно, во втор кругеднодомен
Црна Гораеднопартиска држава (дел од СФРЈ)1992непосредно, во втор кругеднодомен
Чешкаеднопартиска држава (дел од Чехословачка)1993непосредно, во втор круг (од 2013 г.; претходно: парламентот, со мнозинство)дводомен

Список на поранешни парламентарни републики

Име на државатаСтанала парл. републикаГо сменила уредувањетоСегашно уредувањеПричинител на промената
 Бразил19611963претседателски системреферендум
 Бурма19481962воена хунтапреврат во 1962 г.
 Зимбабве19801987претседателски системуставен амандман
 Зимбабве-Родезија19791979парламентарен системсоздавање на Јужна Родезија
Индонезија19451959претседателски системуставен амандман
Втора Јужнокорејска република19601961претседателски системШеснаесеттомајски преврат
Република Конго19601965воена диктатура
(де факто еднопартиска држава)
преврат од 1965 г.
Прва Литванска република19201926еднопартиска државапреврат во 1926 г.[б 8]
Нигерија19631979претседателски системуставен амандман
 Пакистан19561958воена диктатурапреврат во 1958 г.
19731978преврат во 1977 г.
19881999преврат во 1999 г.
Прва Португалска република19101926воена диктатура
(која во 1933 г.
довела до еднопартиска држава)
преврат од 28 мај
Втора Полска република19181939еднопартиска државаИнвазија на Полска
 Родезија19701979парламентарен системсоздавање на Зимбабве-Родезија
 Русијареферендум[б 9]1993полупретседателски системреферендум[б 10]
Сириска република19301958еднопартиска државасоздавање на Обединетата Арапска Република
Сириска Арапска Република19611963еднопартиска државапреврат во 1963 г.
 Уганда19631966еднопартиска држававремен престан на уставот
Унгарија19461949еднопартиска државасоздавање на Народна Република Унгарија
Прва Филипинска република (Малолошка република)18991901воена диктатура
(де факто колонија на САД)
заробување на Емилио Агиналдо и негово предавање на американската војска
Четврта Филипинска република19781987претседателски системратификација на уставот од 1987 г.
Трета Француска Република18701940претседателски системгерманска окупација во II Св. војна
Четврта Француска република19461958полупретседателски системполитичка нестабилност
 Чиле18911925претседателски системреферендум
 Втора Шпанска република19311939фашистичка диктатурапораз во Шпанската граѓанска војна
 Шри Ланка19721978полупретседателски системуставен амандман

Поврзано

Белешки

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица