Хасанал Болкијах

Хасанал Болкијах ибни Омар Али Саифудиен III [1] ( јави: حسن البلقية; роден на 15 јули 1946 година) е 29-тиот и актуелен султан од Брунеј (од 1967) и премиер на Брунеј по стекнувањето независност од Обединетото Кралство во 1984 година. Тој е еден од последните апсолутни монарси во светот. Го наследил тронот на Брунеј како најстар син на султанот Омар Али Саифудиен III по абдицирањето на неговиот татко на 5 октомври 1967 година.

Хасанал Болкијах
Хасанал Болкијах во 2021
Султан на Брунеј
Владеење5 октомври 1967 – сега
ПретходникОмар Али Сајфудиен III
НаследникАл-Мухтади Болкиах
Роден(а)15 јули 1946(1946-07-15)(77 г.)
Истана Дарусалам, Бандар Сери Бегаван, Британски протекторат Брунеј
(денес Брунеј)
Сопружник
  • Раџа Истери Пенгиран Анак Хаџа Салеха (в. 1965)
  • Хаја Мариам (в. 1982; раз. 2003)
  • Азриназ Мажар (в. 2005; раз. 2010)
Деца11
ДинастијаБолкијах
ВероисповедСунитски ислам
ПотписХасанал Болкијах's signature

Султанот е меѓу најбогатите луѓе во светот. Во 2008 година, Форбс проценил дека неговото вкупно нето богатство изнесувало 20 милијарди американски долари. По смртта на кралицата од Обединетото Кралство Елизабета Втора во 2022 година, султанот е актуелен монарх кој најдолго владее со една држава во светот,[2] и актуелен шеф на држава со најдолг стаж. На 5 октомври 2017 година, султанот го прославил својот златен јубилеј за да ја одбележи 50-тата година од неговото владеење.[3]

Живот

Султанот е роден на 15 јули 1946 година, во Истана Дарусалам, градот Брунеј (денешен Бандар Сери Бегаван) како Пенгиран Муда (принц) Хасанал Болкијах. Султанот завршил средно образование во Институцијата Викторија во Куала Лумпур, а дипломирал на Кралската воена академија во Сандхерст, Обединетото Кралство, во 1967 година.[4]

Владеење

Султанот Хасанал Болкијах со американскиот претседател Барак Обама, 18 ноември 2015

Станал султан на Брунеј Дарусалам на 5 октомври 1967 година, по абдикацијата на татко му. Бил крунисан на 1 август 1968 со што станал и Јанг Ди-Пертуан (шеф на државата) на Брунеј. Како и неговиот татко, бил прогласен за витез од кралицата Елизабета Втора од Обединетото Кралство, чиј протекторат бил Брунеј до 1 јануари 1984.[5][6]

Според Уставот на Брунеј од 1959 година, султанот е шеф на државата кој ја поседува целосната извршна власт. На 9 март 2006 година, било објавено дека султанот го изменил Брунејскиот устав за да се промовира себе си како непогрешлив.[7] Освен тоа, тој раководи со ресорите министер за одбрана, министер за надворешни работи и министер за финансии.[8] Како министер за одбрана тој е врховен командант на вооружените сили на Брунеј, како и почесен генерал во британските и индонезиските вооружени сили и почесен адмирал во Кралската морнарица. Тој се самоназначил за генерален инспектор на полицијата (IGP). 

Во септември 1984 година, Болкијах се обратил на Генералното собрание на Обединетите нации по повод приемот на Брунеј Дарусалам во Обединетите нации. Во 1991 година, тој вовел конзервативна идеологија во Брунеј наречена Melayu Islam Beraja ( Малајска исламска монархија, MIB), која ја претставува монархијата како бранител на верата.[9]

Во 2014 година, Хасанал Болкијах, се залагал за усвојување на исламски шеријатски казни, како и дека прељубата треба да се казнува со смрт со каменување.

Хасанал Болкијах во 2015 година ги забранил јавните прослави на Божиќ, како и носењето капи или облека што потсеќаат на Дедо Мраз. Забраната ги засега само месните муслимани.[10] На христијаните сè уште им е дозволено да го слават Божиќ.[11]

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица