15 јули

датум
<<јули>>
НПВСЧПС
010203040506
07080910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
2024

15 јули — 196-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(197-и во престапна година).Остануваат 169 денови до крајот на годината.

Настани:

1099 Во Првата крстоносна војна, Крстоносците го зазеле Ерусалим кој бил 461 година под власта на Фатимидите. Градот останал во христијански раце сè до 2 октомври 1187 година кога бил освоен од страна на Саладин и никогаш повторно не бил безусловно во христијански раце.
1556 Во Рим свечено е осветена грандиозната купола на црквата Свети Петар, што ја изгради прочуениот италијански архитект, вајар, сликар и поет Микеланџело Буонароти. Овој датум е земен како ден на раѓањето на барокот.
1869 Французинот Иполит Меж Морис го патентира маргаринот, прехранбен производ кој ќе треба да се обиде да го спречи масовниот глад меѓу сиромашните слоеви на населението.
1965 Американскиот вселенски брод Маринер 4 ги испрати првите снимки од планетата Марс.
1968 На линијата Москва-Њујорк воспоставена е првата директна авио-врска меѓу СССР и САД. Летовите почнуваат да ги изведуваат компаниите Аерофлот и Пан Америкен.
1990 Во Охрид е извршено осветување на новоизградената „Света Троица“.

Родени:

1606 Рембрант ван Рајнхоландски сликар.
1910 Александар Тирнаниќ — српски и југословенски фудбалер и тренер.
1919 Ајрис Мердок — ирско-британска писателка.
1923 Трајче Попов — македонски режисер.
1930 Жак Деридафранцуски филозоф.
1932 Вили Кобс — американски блуз-музичар.
1933 Џулијан Бриманглиски класичен гитарист и лејтист.
1946 Линда Ронстад — американска пејачка.
1952 Џони Тандерс — американски рок-музичар.
1953 Жан-Бертран Аристид — претседател на Хаити.
1953 Неда Арнериќ — српска и југословенска глумица.
1954 Марио Кемпес — аргентински фудбалер.
1956 Џо Сатријаниамерикански рок-гитарист.
1956 Ијан Кертис — англиски рок-музичар, член на групата „Џој дивижн“.
1961 Дамир Мартиновиќ — југословенски и хрватски рок-музичар, член на групите „Термити“ и „Лет 3“.
1963 Игор Џамбазов — македонски глумец, водител, музичар и писател.
1981 Себастјен Роселер — белгиски велосипедист.
1985 Грацијано Пеле — италијански фудбалер.
1985 Бурак Јилмаз — турски фудбалер.
1989 Диего Улиси — италијански велосипедист.
1989 Ентони Рандолф — американско-словенечки кошаркар.
1990 Демиен Лилард — американски кошаркар.
1991 Данило — бразилски фудбалер.
1992 Тобијас Херис — американски кошаркар.

Починале:

1291 Рудолф I Хабсбуршки — германски цар и оснoвач на династијата на Хабсбурговците.
1890 Готфрид Келер — швајцарско-германски писател.
1904 Антон Павлович Чеховруски раскажувач и драмски писател.
1929 Хуго фон Хофманштал — австриски писател.
1939 Зинаида Рајх - руска и советска глумица, сопруга на Сергеј Есенин и на Всеволд Меерхолд.
1941 Валтер Рутмангермански експериментален режисер.
1941 Аугуст Цесарец — хрватски писател.
1944 Вера Циривири - Трена — македонска партизанка, учесничка во напредното работничко движење и во НОБ.
1997 Џани Версачеиталијански моден творец.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица