Елизабета II

кралица на Обединетото Кралство и земјите од Комонвелтот

Елизабета II (англиски: Elizabeth II) цело име: Елизабета Александра Мери Виндзор (21 април 1926 - 8 септември 2022) — поранешна кралица на шеснаесет независни држави и нивни прекуморски територии здружени во сојузот наречен Комонвелт. Стапила на престолот во 1952 г. и владеела сè до нејзината смрт во 2022 г.

Елизабета II
Раководител на Комонвелтот
Елизабета II во 1959 г.
На престол6 февруари 1952—8 септември 2022
Крунисување2 јуни 1953
ПретходникЏорџ VI
НаследникЧарлс III
Премиерисписок
Роден(а)21 април 1926(1926-04-21)
Мејфер, Лондон, Англија
Починал(а)8 септември 2022(2022-09-08) (возр. 96)
Балморал, Шкотска
СопружникПринц Филип, Војвода од Единбург
Деца
Detail
Полно име
Елизабета Александра Мери
ДинастијаВиндзор
ТаткоЏорџ VI
МајкаЕлизабета Боуз-Лајон
ВероисповедАнгликанска црква и Црква на Шкотска
Потпис

Покрај Обединетото Кралство, Елизабета II била и Кралица и на Канада, Австралија, Нов Зеланд, Јамајка, Барбадос, Бахамите, Гренада, Папуа Нова Гвинеја, Соломонски Острови, Тувалу, Света Луција, Свети Винсент и Гренадините, Антигва и Барбуда, Белиз и Сент Китс и Невис. Во секоја од овие држави, била претставена од Генерален гувернер. 16 земји во кои била кралица се познати како кралства на Комонвелтот. Нивното вкупно население брои 129 милиони жители. Теоретски, нејзината моќ била огромна, но во пракса и според конвенциите, таа лично никогаш не се впуштала во политички прашања. Сепак, особено во Велика Британија, позната е по тоа дека била активна во кулоарската политика и во работите на државата, и редовно се среќавала на работни средби со министрите од Владата.

Елизабета II држела и низа други позиции, меѓу нив и шеф на Комонвелтот, врховен поглавар на Англиканската црква, војвотка на Нормандија, Господар на островот Ман, врховен командант на армијата на Велика Британија, врховен командант на армијата на Канада, врховен адмирал на морнарицата итн.

Елизабета II била една од најдолго владеачките монарси во историјата, и исто така единствена која е водач на повеќе од една држава истовремено (заедно со претседателот на Франција кој истовремено е и ко-принц на Андора. Како што некои од колониите на Британскиот Комонвелт (денешен Комонвелт) се здобивале со независност од Велика Британија за време на нејзиното владеење, таа станувала кралица на новопрогласените независни држави.

Во 1947 г. се омажила за принцот Филип,[1] војводата од Единбург, роден како принц од Грција и Данска, но по натурализацијата во Англија познат како Филип Маунтбатен. Имале 4 деца и повеќе внуци.


Детство

Елизабета се родила на 17 Брутон Стрит во Мејфеар, Лондон на 21 април 1926. Нејзиниот татко бил принцот Алберт, Војвода на Јорк (подоцна крал Џорџ VI), вториот најстар син на Џорџ V и кралицата Мери. Нејзината мајка била војвотката на Јорк (леди Елизабета Боуз-Лајон), ќерка на Клод Џорџ Боуз-Лајон, 14 гроф на Стратмор и Кингхорн и неговата жена, грофицата од Стратмор.

Кралицата била крстена во Музичката соба во Бакингемската палата од Космо Ланг, тогашниот Јоршки надбискуп, а нејзините кумови биле кралот Џорџ и кралицата Мери, кралскатата принцеза, војводата на Конот, грофот од Стратмор и леди Елфинстон.[2]

Елизабета била крстена по нејзината мајка, додека двете средни имиња се преземени од нејзината баба од таткова страна кралицата Александра и од нејзината баба кралицата Мери.[3] Како дете членовите на нејзиното најблиско семејство ја нарекувале „Лилибет“.[4]

Како внука по машка линија на британскиот суверен, таа ја имала титулата британска принцеза и ословувана Нејзиното Кралско Височество. Полниот начин на ословување ѝ бил Нејзиното Кралско Височество принцезата Елизабета од Јорк. Кога се родила, таа била трета во наследната низа на британскиот престол, зад нејзиниот татко и чичко, принцот од Велс (подоцна крал Едвард VIII). Иако нејзиното раѓање побудило јавен интерес, никој не можел да предвиди дека таа би станала кралица. Се претпоставувало дека нејзиниот чичко, принцот од Велс би се оженил и би имал деца во догледно време.[5] Доколку Едвард останал на престолот и немал деца (што било веројатно), Елизабета сепак би била кралица.

Образование

Младата принцеза Елизабета добила домашно образование, како и нејзината помлада сестра, принцезата Маргарет, под туторство на нејзината мајка, а потоа војвотката од Јорк. Нејзина гувернанта била Марион Крафорд.[6] Таа студирала историја со С. Х. К. Мартен, проректор на Етон[7] како и современи јазици.[8] Моментално таа течно зборува француски. Веронауката пак, ја научила од Кантербуршкиот надбискуп и отсекогаш била побожен верник во рамките на Англиканската црква.

Престолонаследничка

Кога нејзиниот татко станал крал 1936 со абдикацијата на нејзиниот чичко Едвард VIII, Елизабета станала престолонаследничка.

Потомци

ИмеBirthСопружникДецаВнуци
Чарлс III14 ноември 194829 јули 1981
разведени во 1996 г.
Леди Дијана СпенсерПринц Вилијам, принц од ВелсЏорџ Велшки
Шарлота Велшка
Хари (војвода од Сасекс)Арчи Монтбан
9 април 2005Камила Шанд
Принцеза Ана, кралска принцеза15 август 195014 ноември 1973
разведени во 1992 г.
Марк ФилипсПитер ФилипсСавана Филипс
Ајла Филипс
Зара Филипс
12 декември 1992Тимоти Лоренс
Принц Ендрју, војвода од Јорк19 февруари 196023 јули 1986
разведени во 1996 г.
Сара ФергусонБеатриса, принцеза од Јорк
Евгенија, Принцеза од Јорк
Принц Едвард, ерл од Весекс10 март 196419 јуни 1999Софи Рис-ЏонсЛеди Луиза Виндзор
Џејмс, виконт Северн

Надворешни врски

Наводи

Наводи

Елизабета II
Предци: Потекло | Предци
Комонвелт: Премиери | Кралица на Канада | Кралица на Австралија | Кралица на Нов Зеланд
Посети: Државни посети | Посети во Комонвелтот
Титули: Британски титули и почести | Титули и почести на ниво на Комонвелтот
Празници: Сребрен Јубилеј | Златен јубилеј | Роденденот на Кралицата


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица