Херсон
Херсон (украински: Херсо́н) — град во Јужна Украина, седиште на Херсонската Област. Значаен е како пристаниште на Црното Море и реката Днепар и има мошне развиена бродоградба. Населението брои 294,941 жители (2015)[2]. Сместен е на високиот десен брег на реката Днепар.
Херсон Херсон | |||
---|---|---|---|
град од обласно значење | |||
Земја | Украина | ||
Област | Херсонска | ||
Градски реони | Днепровски Суворовски Комсомолски | ||
Основан | 18 јуни 1778 | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Володимир Миколаенко (независен)[1] | ||
Површина | |||
• Вкупна | 135,7 км2 (524 ми2) | ||
Надм. вис. | 46,6 м | ||
Население (2015) | |||
• Вкупно | 294,941 | ||
• Густина | 2.200/км2 (6,000/ми2) | ||
Пошт. бр. | 73000 | ||
Повик. бр. | +380 552 | ||
Мреж. место | city.kherson.ua |
Од припојувањето на Крим кон Русија во 2014 година, во Херсон е воспоставена канцеларијата на претседателскиот претставник на Украина во Крим.[3]
Историја
Сè до 1774 г. подрачјето било во состав на Кримското Ханство.
Херсон е основан во 1778 г. од кнезот Григориј Потемкин по налог на царицата Катерина Велика. Градот е изграден под раководство на генералот Иван Ганибал на место на малата тврдина Александершанц. Наречен е по старогрчката колонија Херсон Тавриски, основана во VI век п.н.е. во југозападен Крим. Едно од првите зданија во утврдувањето бил соборниот храм „Св. Катерина“ каде подоцна е е погребан кнезот Потемкин. Кај Херсон е уловен последниот тарпан во 1866 г.
Кон средината на XIX век во Херсон се доселило многубројно еврејско население[4] кое веднаш станало рамнобројно на украинското со дури 41,4 % од градот[5]. До 1939 г. истото се намалило на 16,6 %[6], а денес изнесува само 0,5 %[7].
Управна поделба
Градот се состои од три реони.
- Суворовски — стариот дел од градот, наречен по рускиот генерал Александар Суворов. Ги опфаќа микрореоните: Тавријскиј, Пивничниј и Млини.
- Днепарски — наречен по реката Днепар. Ги опфаќа микрореоните: ХБК, Текстиљниј, Склотара, Слобидка, Военка, Схидниј.
- Корабељни — наречен по бродоградбата. Ги опфаќа микрореоните: Шуменски, Корабел, Забалка, Сухарне, Житоселишче, Селишче — 4, Селишче — 5.
Сообраќај
Покрај морското и речното пристаниште, Херсон е поврзан со државната железничка мрежа, со секојдневни брзи возови до Киев, Лавов и други градови. Има и помал меѓународен аеродром.
Сообраќај
Во градот има 77 образовни установи, од кои 15 отпаѓаат на вишо и високо образование. Меѓу нив знајзначајни се:
- Херсонски државен универзитет
- Државен земјоделски универзитет
- Државен технички универзитет
- Меѓународен универзитет за бизнис и право
Знаменитости
- Црква „Св. Катерина“ — изградена во 1780-тите, по нацрт на Иван Старов; има гробница на кнезот Потемкин.
- Еврејски гробишта
- Херсонска телевизиска кула — позната градба во градот.
- Аџиголски светилник — хиперболоидна градба на Владимир Шухов, 1911 г.
Збратимени градови
- Залаегерсег, Унгарија
- Шумен, Бугарија
Галерија
- Црква „Успение на пресв. Богородица“
- Црква „Св. Александра“
- Аџиголскиот светилник
- Херсонската тврдина
- Споменик на кнезот Потемкин
- Староградски градби на ул. „Суворова“
- Главната банка
- Банка
- Кино
- Хотелот „Фрегат“
Поврзано
- Херсон Тавриски
- Херсонска област
- Бесарабија
Наводи
Надворешни врски
- Градска управа на Херсон Архивирано на 31 март 2009 г. (украински)
- Информативен портал за Херсон (руски)
- Слики од Херсонfлан (руски)