Днепар

46°30′00″N 32°20′00″E / 46.50000° СГШ; 32.33333° ИГД / 46.50000; 32.33333

Днепар (руски: Днепр; белоруски: Дняпро; украински: Дніпро; кримскотатарски: Özü) — една од поголемите реки во Европа (четврта по големина), која извира во Русија тече низ Белорусија, а во Украина се влева во Црното Море. Вкупната должина на реката е 2.285 километри и има сливно подрачје од 50.400 км2. Реката е позната по нејзините брани и хидроцентрали. Днепар е важен воден пат за економијата на Украина и е поврзан со каналот Днепар-Буг до другите водни патишта во Европа.

Днепар
руски: Днепр, белоруски: Дняпро,
украински: Дніпро,
кримскотатарски: Özü
Река
Реката Днепар набљудувана од рид во Киев, Украина
ЗемјиРусија, Белорусија, Украина
Притоки
 - левиСож, Десна, Трубиж, Супиј, Сула, Псјол, Ворскла, Самара, Конка, Биложерка
 - десниДрут, Березина, Припјат, Тетерив, Ирпин, Стухна, Рос, Тјасмин, Базавлук, Инхулетс
ГрадовиДоробогуж, Смоленск, Могиљов, Киев, Черкаси, Днепар
Извор
 - местоВалдајска Висорамнина, Русија
 - височина220 м
 - координати55°52′00″N 33°41′00″E / 55.86667° СГШ; 33.68333° ИГД / 55.86667; 33.68333
УтокаДнепарска делта
 - координати46°30′00″N 32°20′00″E / 46.50000° СГШ; 32.33333° ИГД / 46.50000; 32.33333
Должина2.290 км
Слив516.300 км2
Истекво Херсон
 - просечен1.670 м3
Сливот на реката Днепар
Сливот на реката Днепар
Сливот на реката Днепар

Во антиката, Днепар се спомнува од старогрчкиот историчар Херодот (5 век п.н.е.) под името Бористен (во буквален превод од старогрчкионој кој тече од север“). Римските историчари ја нарекуваат оваа река Данаприс додека за време на Киевска Русија меѓу Словените била позната како Славутич.

Потекло на поимот

Името „Днепар“ е изведено од персискиот збор Dānu apara „реката на крајната страна“.[1] (Спротивно од ова, реката Днестар се нарекува „блиска река“.)

Во трите земји низ кои поминува реката има исто име, но со различен изговор:

Реката Днепар во Херсон, Украина.
Реката Днепар во Кременчук, Украина.

Географија

Вкупната должина на реката е 2.285 километри, од кои 485 км се во Русија, 595 км во Белорусија и 1.095 км се во Украина. Нејзиниот слив покрива 504.000 км2, од кои 289.000 км2 се во Украина.[2]

Изворот на реката Днепар е во тревнатите мочуришта на Валдајската Висорамнина во Европска Русија на надморска височина од 220 м.[2] 115 км од нејзиниот тек ја сочинува природната граница помеѓу Белорусија и Украина. Поврзана е со реката Буг преку каналот Днепар-Буг. Се влева во Црното Море, каде прави голема делта.

Притоки на Днепар

Днепар има многу притоки. Главните се:

  • Друт (Д)
  • Березина (Д)
  • Сож (Л)
  • Припјат (Д)
  • Тетерив (Д)
  • Ирпин (Д)
  • Десна (Л)
  • Стуна (Д)
  • Трубиж (Л)
  • Рос (Д)
  • Тјасмин (Д)
  • Супиј (Л)
  • Сула (Л)
  • Псјол (Л)
  • Ворскла (Л)
  • Самара (Л)
  • Конка (Л)
  • Билозерка (Л)
  • Базавлук (Д)
  • Инхулетс (Д)

Постојат и многу мали директни притоки, особено во Киевската област, како Сирец (десна притока) во северниот дел на градот, историски значајната Либид (Д) која минува западно од центарот и Боршаговка (Д) на југ.

Езера и хидроцентрали

Реката е позната по нејзините брани и хидроцентрали.

Најпозната била ХЦ „Днепар “ близу Запорожје, изградена во 1927-1932 со инсталирана моќност од 558 MW. Била уништена во текот на Втората светска војна, но била повторно изградена во 1948 со моќност од 750 MW.

Другите се:Кременчук (1954–60), Киев (1960–64), Середньоднипровска (1956–64), Канив (1963–75).

Овие брани и хидроцентрали учествуваат до 10 проценти во вкупното производство на електрична енергија во Украина.

Вештачки езера се Киев (922 км2), Канив (675 км2), Кременчук (2.250 км2), Камянске (567 км2), Днепар (420 км2) и Каховка (2.155 км2).

Градови на Днепар

Сателитска слика на Днепар и нејзините притоки

Градовите сместени на реката Днепар се подредени од изворот (во Русија) до вливот (во Украина):

  • Дорогобуж, Русија
  • Смоленск, Русија
  • Орша, Белорусија
  • Шклов, Белорусија
  • Могиљов, Белорусија
  • Бихав, Белорусија
  • Рахахов, Белорусија
  • Жлобин, Белорусија
  • Речица, Белорусија
  • Киев, Украина
  • Канив, Украина

Пловност

Днепар е важен за водниот сообраќај, како и за самата економија на Украина: нејзините езера имаат големи брани за бродови, дозволувајќи пловила од 270х18 м да можат да пристапат до пристаништето во Киев и така создаваат важен сообраќаен коридот. Реката се користи и од патнички бродови.

Узводно од Киев, во Днепар се влева реката Припјат. Оваа пловна река ја поврзува со каналот Днепар-Буг, врската со реката Буг. Историски, врската со западните европски водни патишта била можна, но каскадите близу градот Брест го попречиле овој меѓународен воден пат. Слабите политички врски помеѓу Западна Европа и Белорусија не влеваат надеж дека ова би се сменило во скора иднина.[3]

Пловноста е нарушена секоја година од мразот во зима и силните зимски виулици.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица