Хлорофил

Хлорофил — најважен растителен фотосинтетски пигмент со зелена боја. Синтезата на хлорофилот (кој има сложени и специфични молекули) се врши кога има Сончева светлина и магнезиум.

Заедничка структура на хлорофилот (A), (B) и (D)

Молекулата на хлорофилот содржи едно порфиринско јадро што е изградено од четири пиролови прстени, во средината комплексно сврзани со еден атом на магнезиумот. Карбоксилната група од третиот пиролов прстен е естерифицирана со метил алкохол, а карбоксилната група од четвртиот пиролов прстен е естерифицирана со фитол.

Хлорофилот во растителниот свет е застапен со неколку видови, и тоа:

  • Хлорофил (А), кој претставува основен активен фотосинтетски пигмент (својствен за сите зелени растенија)

и

  • Хлорофил (B)
  • Хлорофил (C)
  • Хлорофил (D)
  • Хлорофил (E), кои апсорбираната светлинска енергија ја пренесуваат на основниот хлорофил (А) и затоа се само помошни пигменти.

Хлорофилот, пак, кој се наоѓа во некои автотрофни бактерии, се нарекува бактериохлорофил.

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица