Шведска академија

Шведска академија (шведски: Svenska Akademien) — една од кралските академии во Шведска, одговорна за јазикот и книжевноста. Сместена е во зградата позната како „Стокхолмска берза“.

Шведска академија
Svenska Akademien
Зградата на Шведската академија во Стокхолм
ГеслоSnille och Smak
(„Дарба и вкус“)
Основана1786
СедиштеСтокхолм, Шведска
Членство18
Постојан секретарПетер Енглунд
Мреж. местоsvenskaakademien.se

Историја

Академијата е основана во 1786 г. со повелба на кралот Густав III. Заснована е на Француската академија и брои 18 члена. Нејзиното гесло гласи „Дарба и вкус“ (Snille och Smak). Главна задача на академијата е да ја зачува „чистотата, силата и возвишеноста на шведскиот јазик[1]. За таа цел академијата издава два речника.[2]

Првиот е еднотомен речник наречен „Поимик на Шведската академија“ (Svenska Akademiens ordlista, SAOL). Вториот е повеќетомен речник, чие уредување се врши во духот на Оксфордскиот речник, и го носи насловот „Речник на Шведската академија“ (Svenska Akademiens ordbok, SAOB). „Поимникот“ е веќе во XIII издание, а „Речникот“ постојано се издава од 1898 г. наваму.

Почнувајќи од 1901 г. академијата ја доделува Нобеловата награда за литература, во спомен на нејзиниот покровител Алфред Нобел. Покрај ова, установата ја доделува и Доблоуговата награда за шведска и норвешка белетристика.[3][4]

Тековни членови

Моментален постојан секретар на академијата е Петер Енглунд. Членовите се наведени по број на место (седиште):

МестоЧленРод.Избр.Белешки
1.Лота Лотас19642009
2.Бу Ралф19451999
3.Стуре Ален19281980постојан секретар од 1986 до 1999
4.Андерс Олсон19492008
5.Јеран Малмквист19241985
6.Томас Ријад19592011активен од 20 декември 2011
7.Кнут Анлунд19231983неактивен
8.Јеспер Свенбро19442006
9.Торгни Линдгрен19381991
10.Петер Енглунд19572002тековен постојан секретар 2009-
11.Улф Линде19291977
12.Пер Вестберг19331997
13.Гунел Валквист19181982
14.Кристина Лугн19482006
15.Керстин Екман19331978неактивна
16.Шел Еспмарк19301981
17.Хурасе Енгдал19481997постојан секретар од 1999 до 2009
18.Катарина Фростенсон19531992

Поврзано

Наводи

Литература

  • Walshe, Maurice O'Connell (1965). "Introduction to the Scandinavian Languages", Andre Deutsch Ltd., I изд, стр. 57

Надворешни врски



59°19′31″N 18°4′14″E / 59.32528° СГШ; 18.07056° ИГД / 59.32528; 18.07056

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица