Шлеско Војводство

војводство во Полска

Шлеско Војводство (полски: województwo śląskie, шлески: Ślůnske wojewůdztwo, германски: Woiwodschaft Schlesien) — војводство во историската област Горна Шлеска, јужна Полска. Главен и најголем град е Катовице.

Шлеско Војводство
Województwo śląskie
војводство
Знаме на Шлеско ВојводствоГрб на Шлеско Војводство
Местоположба во Полска
Местоположба во Полска
Окрузи во Шлеското Војводство
Окрузи во Шлеското Војводство
Земја Полска
CapitalКатовице
Окрузи19 градски, 17 земски *
Површина
 • Вкупно12.333,09 км2 (476,183 ми2)
Население (30-06-2014)
 • Вкупно4.593.358
 • Густина370/км2 (1,000/ми2)
 • Градскo3.675.602
 • Селско1.001.381
Рег. таб.S
Мреж. местоsilesia-region.pl

Иако војводството го носи тоа име, највеќето од историската област Шлеска денес е поделена меѓу Лубушкото, Долношлеското и Ополското Војводство, додека пак источниот дел од војводството (и особено Ченстохова на север) ѝ припаѓа на историската област Малополска.

Војводството е создадено на 1 јануари 1999 г. од дотогашните војводства Катовичко, Ченстоховско и Бјелско, согласно управната реформа усвоена претходната година.

Ова е најгусто населеното војводство во Полска со речиси 5 милиони жители на површина од 12.300 км2.[1] Исто така претставува најголемото урбано подрачје во цела Средна и Источна Европа.[2] Во стопански поглед, војводството учествува со 13 % од вкупниот БДП на Полска.[2][3][4]

Географија

Шлеското Војводство се граничи со Чешка и Словачка на југ, како и уште четири полски војводства: Ополското на запад, Лоѓското на север, Светокришкото на североисток и Малополското Војводство на исток.

Областа ги опфаќа Шлеската Висорамнина во средиштето и на северозапад и Краковско-ченстоховската Јура на североисток. Јужната граница ја образуваат Бескидите (Шлеските и Живјечките).

Денешното Војводство е само мал дел од историската област Шлеска, која се протега Ополското, Долношлеското и Лубушкото Војводство, а во помала мера и во Чешка и Германија. Од друга страна пак, доста голем дел од војводството нема географска врска со историската Шлеска (како на пр. Ченстохова, Завјерќе, Мишкув, Јавожно, Сосновјец, Живјец, Домброва Гурнича, Бенѓин и источниот дел од Бјелско-Бјала, кои се во историската област Малополска).

Население

Шлеското Војводство е најгусто населено во земјата (со 379 жит./км2, споредено со државниот просек од 124 жит./км2). Поради високоразвиената индустрија, има најниска стапка на невработеност (6,2 %) од сите војводства. Степенот на урбанизација е голем, при што 78 % населението живее во градовите.

Знаменитости

Замокот во Пшчина.

Северниот и јужниот дел од војводството се опкружени со зелен појас. Бјелско-Бјала е обиколен од венецот Бескиди, познат по зимските спортови. На планините има вкупно 150 жичници и 200 километри скијачки патеки. Најпосетени скијачки места се Шчирк, Брена, Висла и Устроњ. Во Краковско-ченстоховската Јура е застапено искачувањето. На истото подрачје забележителна е Патеката на Орловите Гнезда која минува покрај разни срушени замоци. Голема посетеност има светилиштето Јасна Гура во Ченстохова, со 4 милиони поклоници годишно. Во југозападниот дел на војводството има паркови, дворци и стар манастир (Руди, Воѓислав Шлонски). Долж реката Одра се протегаат природни резервати.

Со повеќе од два века индустриска историја, областа има и низа споменици на техниката. Тука спаѓаат железници, рудници за јаглен и сребро и рударска опрема од XIX и XX век.

Градови и гратчиња

Катовице — главен град на војводството.
Јасна Гура во Ченстохова — најсвето место во Полска.
Гливице — едно од најстарите места во Горна Шлеска.
Бјелско-Бјала — важно индустриско, сообраќајно и туристичко средиште.

Поради степенот на урбанизација и индустријализација, војводството има необично голем број градови — дури 12 од 40-те најголеми градови во Полска. 19 од нив имаат статус на градски окрузи — несразмерно повеќе од секое друго војводство. Војводството има вкупно 71 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2006 г.[5]):

  1. Катовице (307.233)
  2. Ченстохова (235.798)
  3. Сосновјец (214.488)
  4. Гливице (186.347)
  5. Битом (176.106)
  6. Бјелско-Бјала (174.370)
  7. Забже (169.643)
  8. Руда Шлонска (142.510)
  9. Рибњик (140.863)
  10. Тихи (129.322)
  11. Домброва Гурнича (124.701)
  12. Хожув (111.536)
  13. Јавожно (94.580)
  14. Јастшембје-Здруј (92.105)
  15. Мисловице (75.428)
  16. Шемјановице Шлонске (69.713)
  17. Жори (62.110)
  18. Тарновске Гури (60.889)
  19. Бенѓин (59.023)
  20. Пјекари Шлонске (57.917)
  21. Раќибуж (56.397)
  22. Швјентохловице (53.150)
  23. Завјерќе (51.862)
  24. Воѓислав Шлонски (49.353)
  25. Кнурув (39.823)
  26. Миколув (38.392)
  27. Ќешин (36.014)
  28. Чеховице-Ѓеѓице (34.811)
  29. Челаѓ (34.173)
  30. Мишкув (32.830)
  31. Живјец (32.078)
  32. Червјонка-Лешчини (28.486)
  33. Пшчина (25.621)
  34. Лублињец (24.229)
  35. Ридултови (21.950)
  36. Лажиска Гурне (21.906)
  37. Бјеруњ (19.642)
  38. Писковице (19.127)
  39. Ожеше (18.830)
  40. Радлин (17.673)
  41. Раѓионкув (17.220)
  42. Ленѓини (16.156)
  43. Устроњ (15.420)
  44. Скочув (14.641)
  45. Пшув (14.012)
  46. Клобуцк (13.193)
  47. Висла (11.453)
  48. Блаховња (9.863)
  49. Војковице (9.434)
  50. Поремба (8.784)
  51. Калети (8.657)
  52. Имјелин (7.887)
  53. Мјастечко Шлонске (7.368)
  54. Лази (7.139)
  55. Славкув (6.833)
  56. Коњецпол (6.303)
  57. Шчирк (5.860)
  58. Шевјеж (5.528)
  59. Кужња Раќиборска (5.517)
  60. Кшепице (4.524)
  61. Огроѓењец (4.465)
  62. Жарки (4.419)
  63. Вожники (4.410)
  64. Шчекоќини (3.795)
  65. Тошек (3.822)
  66. Струмјењ (3.397)
  67. Виламовице (2.818)
  68. Кожеглови (2.505)
  69. Кшановице (2.207)
  70. Пилица (1.971)
  71. Сошњицовице (1.747)

Управна поделба

Шлеското Војводство е поделено на 36 окрузи, од кои 19 се градски, а 17 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 167 општини.

Име и
изворно име
Површина
(км²)
Население
(2006)
СедиштеДруги градовиОпштини
Градски окрузи
Битом
Bytom
69187.2051
Бјелско-Бјала
Bielsko-Biała
125176.6781
Гливице
Gliwice
134199.0991
Домброва Гурнича
Dąbrowa Górnicza
188129.7531
Жори
Żory
6562.6251
Забже
Zabrze
80190.6101
Јавожно
Jaworzno
15296.0511
Јастшембје-Здруј
Jastrzębie-Zdrój
8595.1491
Катовице
Katowice
165315.9961
Мисловице
Mysłowice
6674.9881
Пјекари Шлонске
Piekary Śląskie
4059.4941
Рибњик
Rybnik
148141.3821
Руда Шлонска
Ruda Śląska
78145.9291
Тихи
Tychy
82130.8421
Хожув
Chorzów
33114.4341
Ченстохова
Częstochowa
160246.1291
Сосновјец
Sosnowiec
91225.2021
Швјентохловице
Świętochłowice
1355.1721
Шемјановице Шлонске
Siemianowice Śląskie
2572.4511
Земски окрузи
Бенѓински
powiat będziński
368151.122БенѓинЧелаѓ, Војковице, Славкув, Шевјеж8
Бјелски
powiat bielski
457150.764Бјелско-Бјала *Чеховице-Ѓеѓице, Шчирк, Виламовице10
Бјеруњско-ленѓински
powiat bieruńsko-lędziński
15755.868БјеруњКожеглови, Имјелн5
Воѓиславски
powiat wodzisławski
287155.228Воѓислав ШлонскиРидултови, Радлин, Пшув9
Гливички
powiat gliwicki
663114.963Гливице *Кнурув, Писковице, Тошек, Сошњицовице8
Живјечки
powiat żywiecki
1.040149.492Живјец15
Завјерќански
powiat zawierciański
1.003124.127ЗавјерќеПоремба, Лази, Огроѓењец, Шчекоќини, Пилица10
Клобучки
powiat kłobucki
88984.730КлобуцкКшепице9
Лублинечки
powiat lubliniecki
82276.628ЛублињецВожники8
Миколувски
powiat mikołowski
23291.022МиколувЛажиска Гурне, Ожеше5
Мишкувски
powiat myszkowski
47971.619МишкувЖарки, Кожеглови5
Пшчински
powiat pszczyński
473104.638Пшчина6
Раќибушки
powiat raciborski
544111.505РаќибужКужња Раќиборска, Кшановице8
Рибњички
powiat rybnicki
22573.527Рибњик *Червјонка-Лешчини5
Тарногурски
powiat tarnogórski
643137.979Тарновске ГуриРаѓионкув, Калети, Мјастечко Шлонске9
Ќешински
powiat cieszyński
730171.029ЌешинУстроњ, Скочув, Висла, Струмјењ12
Ченстоховски
powiat częstochowski
1.519133.553Ченстохова *Блаховња, Коњецпол16
* седиштето не е дел од округот

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

50°20′00″N 19°00′01″E / 50.33333° СГШ; 19.00028° ИГД / 50.33333; 19.00028

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица