Никол Пресковија Еликолани Валијенте Шерзингер[1][2] (родена на 29 јуни 1978 г. во Хонолулу, Хаваи, САД) е американска пејaчка, текстописец, танчерка, глумица и модел која е најмногу позната како главен пејач на групата Pussycat Dolls.
Претходно, Шерзингер била позната како бек-вокал на рок групата Days of the New во доцните 1990ти, кога и во исто време била дел од женска група наречена Eden's Crush. По распаѓањето на групата, таа се приклучила на Pussycat Dolls и станала нивен главен вокалист за време на нивната имплементација на светскиот музички пазар. Заедно со групата, таа издала два албума PCD и Doll Domination, притоа промовирајќи ги на повеќе светски турнеи.[3] Во декември 2010 година доаѓа до распаѓање на групата и притоа Шерзингер започнува соло кариера. Во март 2011 го издава и нејзиниот прв соло албум Killer Love.[4]
Шерзингер е и победник на десетта сезона на Dancing with the Stars во рана 2010.