Nintendo Wi-Fi Connection, WiiConnect24, Wii Shop Channel
Најпродавана игра
Wii Sports (вградена, освен во Јапонија и Јужна Кореја) 67,71 милиони (30 септември 2010)[4] Wii Play, 26,71 милиони (31 декември 2009)[5]
Обратна соодветност
Nintendo GameCube
Претходник
Nintendo GameCube
Наследник
Wii U
Wii (најчесто нарекувана по начинот на којшто се изговара на англиски јазик ВИ) е петтата конзола за видеоигри на Nintendo. Конзолата е потомец на нејзиниот предок Nintendo GameCube. Nintendo тврди дека конзолата е поинаква од конзолите PlayStation 3 на Sony и Xbox 360 на Microsoft иако им конкурира и на двете во натпреварот помеѓу конзолите од седмата генерација.[6] Конзолата беше развивана во соработка со IBM и ATI.
Неизбежна предност на оваа конзола што ја разликува од нејзините предци е нејзиниот нов безжичен контролер Wii Remote, што може да се користи како рачен покажувач и може да детектира брзина и ориентација во три димензии. Друга голема новина е нејзината WiiConnect24 Интернет платформа, што овозможува примање пораки и софтверски надоградувања додека конзолата е во standby mode.[7]
Nintendo првпат ја информираше јавноста за оваа нова конзола на Electronic Entertainment Expo (Е3) прес конференцијата во 2004 година, а за првпат и ја претстави конзолата на јавноста во 2005 година исто така на Е3. Сатору Ивата, претседателот на Nintendo и го претстави на јавноста безжичниот контролер во септември 2005 година на Токискиот саем на игри.[8] На Е3 2006 конзолата ја освои првата од неколку награди. До декември 2006 Wii беше лансиран во продажба на четири клучни пазари во светски рамки.[9]
Financial Times објави дека од 12 септември 2006, Wii е водач во генерацијата конзоли на Nintendo според јапонскиот магазин Enterbrain, глобалната пазарна истражувачка компанија од Вашингтон NPD Group и најголемиот пазарен истражувачки институт од Германија GfK.[10]